
Posted
2022-06-03 09:17:50 by: Миле Миланоски
19/04/2022
Слушнавме од апостолското чтение, кое што е од првото послание кон Коринтјаните на апостолот Павле, дека ги поттикнува Коринтјаните, но и сите Христијани од сите векови, да се обединети во Црквата во едно единство, не надворешно, туку духовно и внатрешно.
„Браќа“ вели, „ве молам вас во Името на Господа наш Исус Христос, сите да го велите истото“. „Ве молам во Името на Исус Христос – не го вели ова во негово име, туку во Името Христово, кое што е и глава на Црквата, - да го кажувате сите истото.“ Да не вели еден едно, друг друго. Да не постои разногласие внатре во Црквата, помеѓу христијаните. Да не постојат различни мислења и гледишта и учења, но сите да го следите мислењето, учењето и духот Христов, за да сте во едногласие.
„И да нема расцепи кај вас“ „и да не се делите помеѓу вас со расцепи“. „Туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла“, „и соединети сите да имате еден ум и една мисла“.
Имено, очигледно е од овие (нешта) што им ги вели апостолот, дека не бара, како што реков на почетокот, едно надворешно единство, на ...
View more...
Login with a social network