МПЦ-ОА - Повардарска Епархија »

  • Света Божествена Литургија во Виница

    Posted 2022-11-05 08:00:45 by: Сард

    Света Божествена Литургија во Виница    На 31.10.2022 година, на празникот на светиот апостол и евангелист Лука, митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на надлежниот митрополит Брегалнички г. Иларион и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи света Божествена Литургија во храмот „Св. Ап. Лука“ во Виница. По Литургијата беа прекршени празничните лебови и беа осветени новите административни простории и ...

    Comments: 0   View more...

  • Света Божествена Литургија

    Posted 2022-11-05 08:00:45 by: Сард

    Света Божествена Литургија    На 30.10.2022 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од градот Велес, отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во ...

    Comments: 0   View more...

  • Преподобната маченичка Параскева-Петка

    Posted 2022-10-29 16:31:05 by: Сард

       На празникот на преподобната маченичка Параскева-Петка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици на Повардарската епархија отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци.   Преподобна Параскева (Петка)  27/10/2022 Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата ...

    Comments: 0   View more...

  • Осветена црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес

    Posted 2022-10-29 16:31:05 by: Сард

      Да се радуваме бидејќи подигнавме дом Божји   Домовите Божји, или црквите подигнати во слава на нашиот Создател, Промислител и Спасител, се голем дар и благослов Божји за луѓето кои се потрудиле и вложиле себеси да изградат живеалиште на Севишниот Господ Бог. Бог обитава во неговите свети домови, а тоа се црквите и манастирите. Но, исто така, Бог обитава и во сечие срце и душа кои се очистени, измиени и подготвени да Го примат како пријател, гостин и Спасител. Светите храмови се небесни светила поставени на земјата, кои нè осветлуваат, нè просветуваат и нè опоменуваат на каков начин треба да го живееме нашиот живот.   23 октомври 2022 Лето Господово е денот кој Бог го благослови и го определи за осветување на велелепниот храм во Велес, посветен на светиот Господов Претеча и Крстител, Јован. Во овој храм, кој се градеше седум години, е претставена сета Божја убавина, величие и торжественост. Светиот чин на осветување на храмот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион,  Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, ...

    Comments: 0   View more...

  • Празнична вечерна богослужба

    Posted 2022-10-29 16:31:05 by: Сард

    Празнична вечерна богослужба   Во предвечерјето на денот на осветувањето на црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, се отслужи Вечерна Богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од градот Велес. По завршувањето на вечерната богослужба со слово кон многубројниот присутен народ се обрати Митрополитот Повардарски г. ...

    Comments: 0   View more...

  • Осветување на црковни простории

    Posted 2022-10-29 16:31:05 by: Сард

    Осветување на црковни простории     На 19. 10. 2022 година, на неколку дена пред осветувањето на црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, заедно со свештеници од велешкото архиерејско намесништво, изврши осветување на црковната трпезарија и помошните простории при оваа ...

    Comments: 0   View more...

  • Насловна

    Posted 2022-10-05 10:08:11 by: Сард

       На 02.10.2022 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел сослужуваше на светата архиерејска литургија, која ја служеше Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. Порфириј, во соборната црква „Св. Ѓорѓи“ во Нови Сад. На Литургијата сослужуваа бројни архиепископи на СПЦ и архиепископи од помесните православни цркви, а на неа беше извршен свечен чин на канонизација на свети Иринеј, епископ бачки и свети бачки маченици. Од Македонската православна црква сослужуваа уште и Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.     Излезе од печат 63-то издание на списанието „Православна Светлина“.  И во овој обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија. ...

    Comments: 0   View more...

  • Света Божествена Литургија во Нови Сад

    Posted 2022-10-05 10:08:11 by: Сард

    Света Божествена Литургија во Нови Сад    На 02.10.2022 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел сослужуваше на светата архиерејска литургија, која ја служеше Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. Порфириј, во соборната црква „Св. Ѓорѓи“ во Нови Сад. На Литургијата сослужуваа бројни архиепископи на СПЦ и архиепископи од помесните православни цркви, а на неа беше извршен свечен чин на канонизација на свети Иринеј, епископ бачки и свети бачки маченици. Од Македонската православна црква сослужуваа уште и Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. ...

    Comments: 0   View more...

  • Православна светлина бр. 63

    Posted 2022-10-05 10:08:11 by: Сард

    Православна светлина бр. 63   Излезе од печат 63-то издание на списанието „Православна Светлина“.  И во овој обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија. ...

    Comments: 0   View more...

  • Воздвижение на Чесниот Крст - Крстовден

    Posted 2022-10-05 10:08:11 by: Сард

      Крстот нè повикува да се поклониме на распнатиот Христос. Крстот е знамето на православието, крстот е знамето на христијаните, крстот е спасението на човештвото, крстот го победува сатаната, крстот  нè искачува во царството небесно.На празникот на пронаоѓањето на чесниот Крст, Митрополитот Повардарски отслужи Света Литургија во храмот на светото Вознесение Христово во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе клирици на Повардарската епархија, а пред чесниот Крст се поклонија голем број верници.На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во ...

    Comments: 0   View more...

  • 15 седмица по Педесетница

    Posted 2022-10-05 10:08:11 by: Сард

       Возљубени, Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.   Линк до филмот: - ...

    Comments: 0   View more...