МПЦ-ОА - Дебарско Кичевска Епархија »

  • Posted 2022-11-12 10:47:33 by: Сард

    „Како на доблесен страдалник и крепок воин на Христа - Царот на сите, псаломски викаме: Радувај се, украсу и убавино на мачениците! Радувај се, светла ѕвездо на Црквата, и бедему и пристаниште на тие кои прибегнуваат кон тебе, славен великомаченику Димитрие! Спасувај ги сите оние кои ти пеат, од секаква необична штета и несреќа“ (седален на Утрена на св. вмч. Димитриј).   На 08.11.2022 година, денот кога го празнуваме славниот спомен на светиот и славен великомаченик Димитриј Мироточив Солунски, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-11-05 07:37:34 by: Сард

    „Со песни го величаме големиот испосник, зашто ги умртви нападите на страстите; со трајно воздржување и трпение, навистина го посрами непријателот противник, и сета горделивост негова ја порази; и сега моли се за спасение на нашите души“ (седална стихира на Утрена на преп. Прохор Пчински).   На 01.11.2022 година, денот кога го празнуваме споменот на великиот подвижник и испосник преподобниот Прохор Пчински, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Панајотис Костулас (од Митрополијата на Лангада, Грчка православна црква), свештеникот Горан Ставрески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-11-05 07:37:34 by: Сард

    „Сега верни да притекнеме, да го воспееме Константина, кој од младоста Го возљуби Христа Бога и се прилепи кон Него и Нему ревносно Му послужи, неправедно страдајќи привремено, но затоа вечно се прослави, и пред Владиката на сѐ стана наш застапник“ (седална стихира на Утрена на св. Константин Кавасила).    Споменот на светиот апостол и евангелист Лука и на светиот Константин Кавасила, Архиепископ Охридски, и оваа година беше свечено прославен во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во с. Кнежино, Кичево. Празнувањето започна на 30.10.202 година, со празнична Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски и свештениците Горан Ставрески, Александар Матески и Александар Димоски. Прославувањето продолжи утредента, на 31 октомври, со света Архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-10-29 16:46:40 by: Сард

    „Сите набожно да ја воспееме сечесна Параскева, светата застапница на оние кои се во неволји, зашто таа го остави гнилежниот живот, и прими негнилежен за вечноста; затоа, по Божја заповед, најде слава и благодат да прави чудеса“ (кондак на Утрена на празникот на преп. мајка Параскева - света Петка).   На 27.10.2022 година, на празникот на преподобната мајка Параскева - света Петка, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештеникот Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-10-29 16:46:40 by: Сард

    „Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нѐ и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци“ (песна од канонот на Утрена на празникот Покров на Пресвета Богородица).   На 14.10.2022 година, на празникот Покров на Пресвета Богородица и на св. ап. Ананија, на св. Јован Кукузел и на св. Роман Слаткопевец, во параклисот „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-10-29 16:46:40 by: Сард

    „Си воскреснал од мртвите, Животе на сите, и ангел светол им викаше на жените: Престанете со солзите, благовестете им на апостолитњ, повикајте пеејќи: Воскресна Христос Господ, Кој благоволи, како Бог, да го спаси родот човечки“ (седален воскресен во недела на Утрена, глас 8-ми).   На 09.10.2022 година, во Седумнаесеттата недела по Педесетница и на празникот Упокоение на св. ап. и ев. Јован Богослов и на преп. Нил Калабриски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевче Тошевски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот „Св. вмч-чка. Варвара“ во селото Долно Добреноец, Кичево. Темелот на храмот е осветен од раката на Митрополитот Тимотеј на 05.08.2000 година, а истиот се градеше по иницијатива на Иницијативниот одбор, чии членови се: Никоски Добре, Алексоски Стојан, Софрониоски Бранко, Николоски Бранко, Крстески Светозор, Митрески Бранко, Здравески Стојче, Стефаноски Мито, ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-10-29 16:46:40 by: Сард

    На 02.10.2022 година, во соборниот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Нови Сад, Србија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто беа свечено канонизирани светиот Иринеј (Ќириќ) Исповедник и светите Бачки новомаченици, пострадани за време на Втората светска војна. На Литургијата чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј, во сослужение на голем број архиереи од СПЦ, како и голем број гости од останатите помесни цркви, меѓу кои: Митрополитот Василиј Аркадиски од Антиохиската православна црква, Митрополитот Будимпештански Иларион од Руската православна црква, Митрополитот Крфски Нектариј од Грчката православна црква, Архиепископот Михаловско-кошички Георгиј од Словачка, а од Македонската православна црква сослужуваа: Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски Петар, Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј и Митрополитот Повардарски Агатангел. По завршувањето на Литургијата, патријархот Порфириј, како и домаќинот на оваа свечена богослужба Епископот ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-10-05 16:48:14 by: Сард

    „Овци словесни на Јагнето и Пастирот, на огнот и на лути маки бевте предадени, и се покажавте како рамни по чест на ангелите. Затоа сите ние со весели срца го празнуваме вашиот свет спомен, богомудри девици“ (седален на Утрена на празникот на св. мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија).   На 30.09.2022 година, денот на славниот спомен на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Лиртургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, игуменот Агатон, свештениците Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, еромонахот Никодим, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Александар Димитријов и ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-10-05 16:48:14 by: Сард

    На 27.09.2022 година, денот кога го празнуваме празникот Водвижение на чесниот и животворен Крст - Крстовден, во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, откако беше воздигнат знакот на спасението - чесниот Дрво, на Кое Христос нашиот Спасител го положи Својот живот за животот на сета вселена, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонасите Макариј, Еразмо, Ефросиниј и Григориј, свештеникот Миле Ангелоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-10-05 16:48:14 by: Сард

    „Денес Марија и Богородица, денес навистина ни засветли како облак на светлина и од праведните (родители) се раѓа за слава наша. Адам повеќе не се осудува, а Ева од оковите се ослободи. Поради тоа, со смелост ѝ се обраќаме на Единствената Пречиста, и викаме: Твоето раѓање ѝ навестува радост на целата вселена“ (седален на Утрена на Рождество на Пресвета Богородица).   Прославувањето на празникот на Рождеството на Мајката Божја, продолжи на 21.09.2022 година, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, со света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Александар Матески, Љупчо Бакрачески, Александар Крстаноски и Павел Крцоски, еромонахот Еразмо, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-10-05 16:48:14 by: Сард

    „Овој ден е Господов, радувајте се луѓе, зашто, ете, палата на Светлината, и книга на Словото на животот, од утробата произлезе и, вратата која е на исток, откако се роди, го чека влегувањето на Големиот светител; единствената која Го воведува Христа во вселената, заради спасение на душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Рождество на Пресвета Богородица).   Радувајте се луѓе, зашто денеска Бог на земјата свет престол си подготви, Пресветата Мајка Божја, од која телесно се роди нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Денеска со Адама и Ева, со сите старозаветни патријарси, пророци и праведници, и ние се радуваме на почетокот на спасението на човековиот род. Затоа и торжествено постојано ја прославуваме Мајката Божја, која и никогаш не престанува да се моли за нас пред Престолот на нејзиниот Син. Празнувањето на празникот Рождество на Пресвета Богородица започна на 20. 09.2022 година, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Македонски Брод, каде беше отслужен Акатист на Пресвета Богородица, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2022-10-05 16:48:14 by: Сард

    „Сега ни се јави Спасителовиот Крстител, на пустината красота и печат на пророците, и разумно ги весели мислите на верните, затоа се покажа како Христов Претеча и вистински сведок на Неговото доаѓање. Поради тоа, со духовни песни, заедно да му повикаме на Јована: Пророку и проповеднику на вистината, моли се за нас да се спасиме“ (седален на Утрена на Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител).   Весели се Крстителу, кој го изобличуваш безбожниот Ирод, и на дупите во адот им проповедаш. И оваа година торжествено го прославивме оној за кого Христос кажа дека не се родил поголем меѓу родените од жена. Имено, на 11.09.2022 година, денот кога го празнуваме Отсекувањето на чесната глава на славниот пророк, Претеча и Крстител Јован, во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски, беше отслуена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Епископот Антаниски г. Партениј, игумен ...

    Comments: 0   View more...