МПЦ-ОА - Скопска Епархија »

  • Средба на Архиепископот г.г. Стефан со директорот на КОВЗРГ Сотировски

    Posted 2022-06-07 12:20:25 by: Сард

    На 7.6.2022 г., Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски. На средбата присуствуваше и секретарот на Синодот на Македонската Православна Црква, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургиска прослава на Спасовден во Драчево

    Posted 2022-06-02 10:03:01 by: Сард

    На 2.6.2022 година, на денот кога Црквата го прославува Вознесението Христово, спасоносен настан што се случил 40 дена по Воскресението, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенослужители, отслужи Божествена Литургија во храмот„Свето Вознесение“ во населбата Драчево. На Литургијата во чтец беше ракопроизведен богословот Владимир Трпевски. Верниот народ се причести со ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со врвот на Стопанската комора

    Posted 2022-05-27 17:47:22 by: Сард

    На 27 мај 2022 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба врвот на Стопанската комора, предводени од претседателот г. Бранко Азески, извршниот директор г. Антони Пешев и оперативниот директор г-ѓа Билјана Пеева ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицковски

    Posted 2022-05-26 15:08:30 by: Сард

    На 26.5.2022 г. Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, оствари средба со претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицковски. На средбата присуствуваа и секретарот на Скопската епархија протоѓакон Ванчо Умленски и пратеникот во Собранието г. Владо Мисајловски. Господин ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба со премиерот на Македонија

    Posted 2022-05-25 15:58:17 by: Сард

    На 25 мај 2022 г., Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во присуство на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Епископот Хераклејски г. Климент, во својот кабинет, оствари средба со Премиерот на Македонија г. Димитар Ковачевски. Повод за средбата беше ауденцијата што ја имаше Премиерот кај папата Франциск во рамките на традиционалните свечености во чест ...

    Comments: 0   View more...

  • Беседа на Архиепископот во денот на светите Кирил и Методиј

    Posted 2022-05-24 20:00:18 by: Сард

    ДЕН НА МАКЕДОНСКОТО ЦРКОВНО ВОСКРЕСЕНИЕ[1]   Еве, Бог ни даде ден да се зарадуваме и да се возвеселиме во него, ни дарува ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната, но очекувана одлука. Затоа, Ваша Светост, Вам и на членовите на Светиот архијерејски собор на Српската Православна Црква Ви благодариме од името на јерархијата, ...

    Comments: 0   View more...

  • Торжествено сослужување на претстојателите на СПЦ и МПЦ

    Posted 2022-05-24 17:12:39 by: Сард

    На 24 мај 2022 г. во денот кога Црквата го прославува поменот на сесловенските учители и просветители, Солунските браќа Кирил и Методиј, во Соборниот храм во Скопје, посветен на нивниот најславен ученик, светиот Климент Охридски,  се случи многу радосен настан – беше отслужена Божествена Литургија на која чиноначалствуваа претстојателите на Српската Православна Црква, Неговата Светост ...

    Comments: 0   View more...

  • Во канонска посета на МПЦ, пристигна Патријархот Српски г. г. Порфириј, заедно со архијереи на СПЦ

    Posted 2022-05-23 18:16:56 by: Сард

    Денес, на 23 мај, во попладневните часови, во канонска посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија пристигна Патријархот Српски г. г. Порфириј, заедно со архијереите на Српската Православна Црква: Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Црногорско-приморски г. Јоаникиј и Нивните преосвештенства, Епископот Сремски г. Василиј, Епископот Бачки г. Иринеј, Епископот Зворничко-тузлански г. Фотиј, Епископот Крушевачки г. Давид, ...

    Comments: 0   View more...

  • Соопштение

    Posted 2022-05-20 18:19:24 by: Сард

    Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација  на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. г. Порфириј. На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во ...

    Comments: 0   View more...

  • Средба во кабинетот на Архиепископот

    Posted 2022-05-13 14:00:47 by: Сард

    На 13.5.2022, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со Италијанскиот амбасодор во Македонија, Н. Е. г. Андреа ...

    Comments: 0   View more...

  • Соопштение на Светиот Архијерејски Синод на МПЦ

    Posted 2022-05-10 11:13:47 by: Сард

    Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата вонредна седница, одржана на 10 мај 2022 година, посвети посебно внимание на актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето на евхаристиската заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ – ОА со Православните Помесни Цркви како и за конечниот ...

    Comments: 0   View more...

  • Ѓурѓовден во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир

    Posted 2022-05-06 09:39:33 by: Сард

    На 6.5.2022 година, ден кога Црквата гo прославува светиот вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света  Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир. На Литургијата во протојерејски чин беше ракопроизведен јерејот Аљоша Куруноски. ...

    Comments: 0   View more...

  • Започна проектот „Мониторинг на православното културно наследство“

    Posted 2022-05-05 19:00:54 by: Сард

    На 5.5.2022г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со свое обраќање, учествуваше на промотивната конференција која го одбележи почетокот на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“. Конференцијата се одржа во дворот на манастирот „Свети Пантелејмон“ во с. Горно Нерези во присуство на црковни великодостојници, државни функционери, дипломати, експерти за заштита на културното наследство ...

    Comments: 0   View more...

  • Панихида по повод 119-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

    Posted 2022-05-04 14:43:53 by: Сард

    Денес, по повод одбележувањето 119-годишнината од загинувањето великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово” (,,Св. Спас”), крај Скопско кале. На молитвеното застапништво за овој велик син на Македонија, Архиепископот ја произнесе следнава беседа: ...

    Comments: 0   View more...

  • Започна меѓународниот саем на книгата

    Posted 2022-05-03 11:01:26 by: Сард

    Од денес, 3.5.2022 до 9.5.2022 година, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржува Меѓународниот саем на книгата. На него традиционално, веќе едно десетлетие, учествува Македонската Православна Црква. Годинава на нашиот штанд своите издавачки дејности ќе ги претстават: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија. Ги повикуваме сите љубители на книгата да го ...

    Comments: 0   View more...

  • Трет ден Велигден во храмот „Света Петка“ во Црниче

    Posted 2022-04-26 09:38:07 by: Сард

    На 26.04.2022 година – третиот ден од Велигден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Света  Златоустова Литургија во храмот „Света Петка“ во ...

    Comments: 0   View more...