ПорталМК - Покајание »

  • Светиот маченик Лонгин (Од Православниот календар)

    Posted 2021-10-27 14:55:58 by: Сард

    Светиот маченик Лонгин Апoстoлoт и eвангeлист Матeј, oпишувајќи гo страдањeтo на Гoспoда Исуса Христа, вeли: А стoтникoт и oниe, штo сo нeгo заeднo Гo чуваа Исуса, oткакo гo видoа зeмјoтрeсoт и сè другo штo стана, сe уплашија мнoгу и гoвoрeа: “Навистина Oвoј бил Син Бoжји” (Мт. 27:54). Тoј стoтник бил oвoј блажeн Лoнгин, кoј, уштe ...

    Comments: 0   View more...

  • Светиот апостол и евангелист Лука (Од Правосл. календар)

    Posted 2021-10-25 15:07:29 by: Сард

    Светиот апостол и евангелист Лука Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува ...

    Comments: 0   View more...

  • ПРЕПОДОБНА МАЈКА ПАРАСКЕВА СВЕТА ПЕТКА, МОЛИ СЕ ЗА НАС!

    Posted 2021-10-25 11:51:10 by: Сард

    ПРЕПОДОБНА МАЈКА ПАРАСКЕВА СВЕТА ПЕТКА УТРЕНА Тропар, глас 4. Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот Младоженец, ревносно си тргнала; и благиот Негов јарем во младоста си го зела, со Крстот си се вооружила против враговите на душата; со пост, молитви и капки од солзи, си го угасила огинот ...

    Comments: 0   View more...

  • “He убивај” Што се’ преставува оваа заповед – убиство?

    Posted 2021-10-24 21:33:32 by: Сард

    Шеста Божја Заповед “He убивај” Што ќе кажеме во врска co оваа заповед ние, кои сме решиле да ги исправиме своите патишта и да го изнесеме своето покајание пред Лицето Господово? Убиство, убиец – о, колку се тоа страшни зборови! Колку е страшно да се убие, односно да му се одземе на некого најголемиот дар ...

    Comments: 0   View more...

  • Заплови во подлабоко! (Постепен пристап) Дедо Наум

    Posted 2021-10-23 15:35:33 by: Сард

    Постепен пристап Во денешното евангелско четиво (Лука 5, 1–11) забележуваме три моментa поврзани со послушанието и со духовното растење. Прво, Христос, притеснет од мноштвото народ, замоли услуга од Симон Петар ако може да го користи нивниот кораб, нивната сопственост и имот, за проповед. Симон и неговите другари Го послушаа: „Како влезе во еден од корабите, ...

    Comments: 0   View more...

  • Осумнаесетта Недела по Педесетница (Рибарите…)

    Posted 2021-10-23 14:46:18 by: Сард

    Осумнаесетта Недела по Педесетница 1. Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше покрај Генисаретското Езеро. 2. Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плавеа мрежите, 3. Како влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да ...

    Comments: 0   View more...

  • Преподобен Теофил Струмички, моли се за нас оче свети! (23. октомври)

    Posted 2021-10-22 12:18:25 by: Сард

    Преподобен Теофил Струмички Блажениот Теофил се родил од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, Македонија. Имал добра и кротка природа. А кога наполнил тринаесет години, станал послушник на преподобниот старец Стефан. Старецот три години го поучувал на стравот Божји и го раководел во подвижништвото и во монашкиот живот. Откако изминаале тие три ...

    Comments: 0   View more...

  • ЗА ШТО СЕ’ ТРЕБА ДА СЕ ПОКАЕМЕ И ИСПОВЕДАМЕ!

    Posted 2021-10-22 07:14:00 by: Сард

    ЗА ШТО СЕ’ ТРЕБА ДА СЕ ПОКАЕМЕ И ИСПОВЕДАМЕ! 8. Уште нешто за љубовта која сме должни да ја негуваме меѓу себе како што ни заповедал Господ: По што се познаваат Христијаните? „По тоа ќе познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе” (Јн. 13, 35). А ние, Господи, колку сме ние ...

    Comments: 0   View more...

  • За Светиот апостол Тома!

    Posted 2021-10-18 18:27:38 by: Сард

    Светиот апостол Тома Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ...

    Comments: 0   View more...

  • ПАНДЕМИЈА НА НОВОТО ВРЕМЕ – Дедо Наум

    Posted 2021-10-18 12:59:21 by: Сард

    Пасивна социопатија Беспричинско творење на зло со збор и на дело, а проследено од бесчувствителност, е најпрепознатливиот белег на луѓето со растројство на Божествениот лик во себе, т.е. со растројство на личноста. Таквите лица се општопознати како психопати и социопати. Но, се појавува поголема опасност и од ваквото активно растројство на личноста, а тоа е ...

    Comments: 0   View more...

  • Пред да добиеш – барај! Добиеш ли – благодари!” (Презвитер Бобан Митевски)

    Posted 2021-10-16 15:48:56 by: Сард

    Напати сум се замислувал, размислувајќи како да си ја објаснам и како да ја пренесам таа голема тајна на постојаната молитва, главно сосредоточувајќи се на прашањето зошто е потребно молитвата да е постојаност. Веројатно, некогаш, водејќи се од човечка логика и емотивност, сум велел, па зар на Господ треба упорно нешто да Му кажуваме – ...

    Comments: 0   View more...

  • ЖЕНАТА ХАНАНЕЈКА (Се изедначи себеси со бесловесните животни) Митрополит Наум

    Posted 2021-10-16 13:49:15 by: Сард

    Жената Хананејка Евангелската случка со жената Хананејка ни ја покажува сета големина на послушанието и неговото значење за нашето духовно исцелување, т.е. духовно преобразување и восовршување. Читајќи го Светото Евангелие (Матеј 15, 21–28), забележуваме дека откако жената ги упати своите молби кон Христос, Тој не ѝ одговори со ниту еден збор, туку наполно ја игнорираше. ...

    Comments: 0   View more...

  • УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (Трета статија)

    Posted 2021-10-16 13:44:59 by: Сард

    ТРЕТА СТАТИЈА Глас 3 132. Погледај кон мене и помилуј ме како што се постапува со оние кои го сакаат Твоето име. Народите сите Погребението ти, Дево, со песни го пејат. 133. утврди ги стапките мои според Твоето слово и не допушти со мене да овладее никакво беззаконие. Сите твари дојдете на Дева да принесеме ...

    Comments: 0   View more...

  • Прашања до свештеникот – Околу причеста и исповедта кај децата

    Posted 2021-10-15 12:49:59 by: Сард

    Прашање: Отец, дали при причест на моето детенце, јас, како родител мора да бидам чист и исповедан? И на која возраст, исто така, дечињата треба да се исповедаат пред причест? И дали пред секоја причест? Ако е помало од 7 години, што не треба утрото пред причест да се прави? Мислев на детето. Благодарам   ...

    Comments: 0   View more...

  • Кој бил Прeп. Харитoн Испoвeдник (Од Прав. календар)

    Posted 2021-10-10 11:03:12 by: Сард

    . Углeдeн и благoчeстив граѓанин на градoт Икoнија. Запoeн oд духoт на свoјата сoграѓанка св. Тeкла, Харитoн јавнo Гo испoвeдал имeтo Христoвo. Кoга пoчналo oстрoтo гoнeњe на христијанитe вo врeмeтo на царoт Аврeлијан, Харитoн вeднаш бил извeдeн на суд прeд хeгeмoнoт. Судијата му рeкoл да им сe пoклoни на бoгoвитe (т.e. на дeмoнитe), на штo ...

    Comments: 0   View more...

  • Дарот на плач и солзи – свети Игнатиј Брјанчанинов

    Posted 2021-10-10 00:47:05 by: Сард

    Дарот на плач и солзи – свети Игнатиј Брјанчанинов „Дарот на плач и солзи е еден од најголемите дарови Божји. Тоа е дар што ни е суштински потребен за нашето спасение. Даровите на пророштво, прозорливост, чудотворење, се знаци на особено благоугодување на Бога и на Божјо благоволение, а дарот на умиление и солзи е знак ...

    Comments: 0   View more...

  • Ветив дека ќе дојдам за да му кажам дали Бог постои или не…(Ст. Порфириј)

    Posted 2021-10-10 00:27:37 by: Сард

    БОГ ПОСТОИ (Старец Порфириј од – „Срце за целиот свет“) Еден ден долго разговарав со Дедичко за теми од психологијата и за тоа колку влијаат емоциите (на пример, радост, тага итн.) на човечкото однесување, кои, како што истакнуваше старецот, може да предизвикаат потиснување на желбите или нивно зајакнување, во зависност од тоа што содржат емоциите, ...

    Comments: 0   View more...

  • Го плашат светот со антихристот, оти и самите до смрт се исплашени… (Отец Јаков)

    Posted 2021-10-09 13:10:01 by: Сард

    …На Страшниот Суд Христов, мене, лично, не ми е страшна ниту огнената река, ниту пеколот, ниту вечниот „живот“ со демоните и противниците Божји. За мене најстрашни ми се зборовите Христови упатени до десетте неразумни девојки: „Вистина ви велам, не ве познавам“ (Матеј 25, 12). Како може да не ме познае Оној што ме создал!? Kако ...

    Comments: 0   View more...