БлогМК - Дигитал Аеропагус »

  • Библијата и мизогинијата

    Posted 2021-11-14 19:26:16 by: Сард

    „Жената која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев“ (1. Мој. 3,12). Од овој исказ на Адам започнува долгата историја на мизогинијата. Адам имал можност да одговори поинаку, можел веднаш да се покае и на тој начин да ја избави Ева од гревот што го сторила, а со неа и ...

    Comments: 0   View more...

  • Присвоени дарови

    Posted 2021-11-01 09:31:37 by: Сард

    Од најрани времиња човек се мачи со поривот да си го присвои она што му е доверено, но не е негово. Во Едемската градина Бог им го дава светот на прародителите – да се грижат за него и со благодарност да му го принесуваат на Бога. Тие постапуваат спротивно на оваа заповед и наместо тоа, ...

    Comments: 0   View more...

  • „Никтоже достоин“

    Posted 2021-10-28 16:56:42 by: Сард

    Клеветењето, озборувањето и злословењето не само што го подриваат угледот на заедницата во која живееме (семејство, маало, народ), туку нѐ разнебитуваат како морални и мислечки суштества. Кога пред неколку години прашав еден мој драг отец од Германија каков совет ќе ми даде како на новоракоположен свештеник, тој ми одговори со само четири збора: „спасувај си ...

    Comments: 0   View more...

  • Како да прележите КОВИД-19 во 10 точки

    Posted 2021-10-08 17:33:42 by: Сард

    1. Што да се прави кога дете на училишна возраст ќе ви се разболи од КОВИД? Па, процедурата е едноставна – така ќе ви кажат во училиштето – ќе си отидете на матичен лекар и тој треба да ви закаже итен термин за ПЦР тест. Детето се ослободува од настава, а со позитивниот резултат се ...

    Comments: 0   View more...

  • Заштитено: Потиснатото зло

    Posted 2021-08-31 15:36:16 by: Сард

    Нема извадок бидејќи ова е заштитен ...

    Comments: 0   View more...

  • Сомнеж и сомнеж

    Posted 2021-05-09 21:32:02 by: Сард

    Постојат два вида сомнеж: еден кој урива и разединува и друг кој гради и обединува. Првиот е сомнежот кој бара оправдание за самодоволноста и оттуѓеноста, за горделивоста и суетата. Тоа е сомнежот на човекот кој бега и се обидува да се сокрие од Бога (1. Мој. 3,8). Тоа е сомнежот кој сака да го испади ...

    Comments: 0   View more...

  • Quaestio за тоа дали печатените книги ќе исчезнат

    Posted 2021-04-25 12:55:11 by: Сард

    Се чини дека електронските изданија ќе ги заменат печатените книги. Во прилог на тоа може да се наведат следните аргументи: 1. Како што глинените таблички за пишување и пергаментот биле заменети со хартијата, така и печатените книги ќе бидат заменети со елелктронски фајлови кои ќе бидат достапни на компјутери, таблети, електронски читачи и други уреди ...

    Comments: 0   View more...

  • За верата и неверието

    Posted 2021-04-11 17:37:21 by: Сард

    Верувам, Господи, помогни му на моето неверие (Марко 9,24). Ова се последните зборови што таткото од денешното евангелско четиво му ги упатува на Христа пред исцелувањето на неговиот син измачуван од нечист дух. Покасно, откако учениците ќе го прашаат Господа зошто тие не можеле да го изгонат духот, Он им одговара дека Тој род со ...

    Comments: 0   View more...

  • Собири и „собири“

    Posted 2021-04-07 12:05:00 by: Сард

    Ако нешто ми е мачно, тоа е кога неупатени во мојата научна и стручна област ќе почнат баш за неа да се поставуваат како авторитети. Како што не можам јас да делам памет за медицина, така не може ниту еден медицинар да наложува дали и како ќе функционира богослужението и литургискиот живот. Литургијата е животна ...

    Comments: 0   View more...

  • Имунизација

    Posted 2021-03-29 20:42:31 by: Сард

    Со оглед на тоа дека изминатиов период повеќе луѓе ме прашаа што мислам за имунизацијата против КОВИД-19, еве неколку лични и необврзувачки размислувања: 1. Сметам дека треба да се водиме од медицинските препораки, а не од некопмпетентните и понекогаш многу опасни објави од таблоидите и социјалните мрежи. Конкретно, тоа значи дека треба да се искористи ...

    Comments: 0   View more...

  • 1999

    Posted 2021-03-24 11:01:41 by: Сард

    24. март 1999. Бев трета година средно во Скопје. Вечерта имавме проба на хорот Мирче Ацев во просториите под музичкото училиште чиј влез беше веднаш лево по скалите кон подземниот паркинг на МНТ. Само што почна пробата, еден од хористите што доцнеше влезе и нѐ прекина: „Почнаа!“. „Кој почнал? Што почнал?“, го прашавме. „Почнаа да ...

    Comments: 0   View more...

  • Агонијата на хуманизмот 2021

    Posted 2021-03-13 10:14:23 by: Сард

    Не сум меѓу оние што сметаат дека феминистичкото движење е сушто зло или дека либерализмот е a priori спротивен на европсаката христијанска култура. Напротив, уверен сум дека и двете произлегуваат токму од оваа култура и се нејзин неоттуѓив дел. Но, облиците до кои овие две движења буквално дегенерираат во последните децении е со еден збор ...

    Comments: 0   View more...

  • Задачата на православната Црква денес

    Posted 2021-02-22 20:28:34 by: Сард

    Од беседата на српскиот патријарх Порфириј на востоличувањето (19. февруари 2021)           Првенствена задача на Црквата не е да создава подобри услови за живеење; првенствена задача на Црквата не е да се труди да решава каков било вид социјални, политички, психолошки и други проблеми. Во Црква доаѓаме на Света литургија, за тука да го допреме и ...

    Comments: 0   View more...