БлогМК - Благовести »

  • И ќе Му го дадат името Емануил…

    Posted 2022-04-06 11:42:46 by: Сард

    И ЌЕ МУ ГО ДАДАТ ИМЕТО ЕМАНУИЛ… Точно така е пишано кај пророкот Исаиј. Емануил или Со нас е Бог! Ама еве веќе 20 векови ова име и Божјото присуство со нас и меѓу нас е исмејувано и навредувано. Но, зарем за нас не е речено: „Имаат уши да слушаат, ама не им се слуша; ...

    Comments: 0   View more...

  • Смешно, зар не!?

    Posted 2022-03-23 15:20:26 by: Сард

    СМЕШНО, ЗАР НЕ!? Во овој свет, и кога има мир, луѓето се убиваат на разни начини, и со оружје, и без оружје. Во светот има многу убиства и самоубиства, а колку повеќе би ги имало, ако го немаме стравот од казната, и кога би можеле тие да се извршат тајно. А колку многу има убиства ...

    Comments: 0   View more...

  • „The Robe“

    Posted 2022-03-20 20:49:12 by: Сард

    „The Robe“ Во прекрасниот роман „The Robe“ од Lloyd C. Douglas, Маркелиј го прашува Јустиј: „Што мислиш, каде замина Христос?“. Јустиј одговори: „Не знам пријателе, знам само дека е жив и постојано очекувам да Го видам. Понекогаш сум свесен за Неговото присуство, како да е блиску до мене“. Јустиј едвај се насмевна, со очи полни ...

    Comments: 0   View more...

  • „Лудак“

    Posted 2022-03-15 11:17:36 by: Сард

    „Лудак“ Повторно го читав расказот „Лудак“ од Фридрих Ниче, во кој ни е даден застрашувачки опис токму на нашето безбожно време и на ваквата вирусно-коронарна ситуација. Лудакот, секое утро ја пали светилката и талка по плоштадот, постојано и гласно викајќи: „Го барам Бога!“. Потсмешливците околу него иронично му возвраќаат: „Кај го загина бре?“, „Зошто го ...

    Comments: 0   View more...

  • Свети свештеномаченик Валентин

    Posted 2022-02-14 19:08:35 by: Сард

    СПОМЕН НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ВАЛЕНТИН, ЕПИСКОПОТ НА ИНТЕРАМНА ВО УМБРИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 14 ФЕВРУАРИ (?-269; латински: Valentinus) Свети Валентин[1] бил епископ во градот Интерамна, во областа Умбрија. Поради својот богоугоден живот, бил удостоен од Бога со дар на чудотворство, па повикувајќи Го името на Господ Исус Христос, лечел болни од најразлични ...

    Comments: 0   View more...

  • Свети Венделин Трирски

    Posted 2022-02-03 12:49:26 by: Сард

    СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ВЕНДЕЛИН, ПОДВИЖНИКОТ ОД ТРИР, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 21 ОКТОМВРИ (554-617; германски: Wendelin von Trier) Свети Венделин[1] по потекло бил од Лонгобардија. Како мало дете слушнал за подвизите и светоста на Мартин од Тур, па во своите молитви почнал да го повикува да му биде закрилник во животот, а ...

    Comments: 0   View more...

  • Богојавление и Богослужение

    Posted 2022-01-21 10:45:40 by: Сард

    БОГОЈАВЛЕНИЕ И БОГОСЛУЖЕНИЕ Најлесно и најприродно човекот се согласува да му служи на оној, кого ќе го возљуби. Детето му служи на својот татко или од љубов, или заради некаква очекувана награда, или, пак, од страв. Истото се случува и во животот кај возрасниот човек. Но, прапричината на секое човечко служење кон некому или нешто, ...

    Comments: 0   View more...

  • Светите Готски маченици

    Posted 2021-12-11 18:30:02 by: Сард

    СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ГОТСКИ МАЧЕНИЦИ, КОИ ПОСТРАДАЛЕ ВО 375 ГОДИНА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 26 МАРТ Светите маченици: презвитерите Батусиј и Верк, со нивните два сина и две ќерки; монахот Арпил; мирјаните Абиб, Агн, Реас, Игафракс, Искус, Силас, Сигник, Сонерилас, Суимбал, Терм, Фил; мачениците Ана, Ала, Лариса, Монко, Мамика, Вирко, Анимаис, Анимиада, заедно ...

    Comments: 0   View more...

  • Црква „Свети Атанасиј“ – Галичани

    Posted 2021-11-30 19:57:49 by: Сард

    ЦРКВАТА „СВЕТИ АТАНАСИЈ“ ВО ГАЛИЧАНИ, ПОДЗАБОРАВЕН СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА ОД XVII ВЕК Постапувајќи по Одлуката на надлежниот епархиски архиереј за контрола на црковниот инвентар по Прилепското архиерејско намеништво, при посетата на село Галичани и локалната црква во чест на Свети Атанасиј, констатирав дека оваа црква е подзаборавен споменик на културата од XVII век. Пребарувајќи по ...

    Comments: 0   View more...

  • Свети маченик Сава

    Posted 2021-11-12 11:40:09 by: Сард

    СПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК САВА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 15 АПРИЛ (334-372; латински: Sabbas) Светиот маченик Сава[1] по потекло бил Гот и живеел во IV век. Во тоа време христијанството меѓу Готите го проповедал епископот Улфил. Меѓу многуте покрстени, бил и свети Сава, кој бил роден во христијанско семејство во 334 година, во ...

    Comments: 0   View more...