БлогМК - Презвитер Ненад »

  • СВЕТИ НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ ЗА ПРИЧЕСТУВАЊЕТО НА КЛИРОТ И ЛАИЦИТЕ

    Posted 2014-02-04 01:19:12 by: Миле Миланоски

            СВЕТИ НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ ЗА ПРИЧЕСТУВАЊЕТО НА КЛИРОТ И ЛАИЦИТЕПостојат некои луѓе со големо стравопочитување , кои непознавајќи го Писмото ,кога ке видат некој христијанин кој редовно се причестува ,почнуваат да го укоруваат(криткикуваат), говеорејќи дека само свештениците тоа можат да го прават.Ако ти сакаш редовно да се причестуваш ,тогаш ти кажуваат постани и ти свештеник.На таквите луѓе ние не им одговараме со нашите сопствени зборови ,туку со зборови од Светото Писмо,светите Собори , Светителите, и учителите на Црквата.Ние кажуваме дека свештеничкото служење се состои во тоа да тие принесуваат Боженствени Дарови и дека со нивно посредство,како органи на Светиот Дух ,со неговото симнивање се извршува осветување на тие Дарови.А тие исто така го застапуваат народот  пред Бога и исполнуваат други свештенодејствија , кој не може друг да ги извршува кој не е посветен во свештенички чин.Кога ке дојде време за Причест и тие самите се подготвуваат да се причестат,и тогаш во ништо не се разликуваат од мирјаните или монасите ,освен тоа што свештениците ја ...

    Comments: 0   View more...

  • ДАЛИ МОЛИТВИТЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА ТРЕБА ДА СЕ ЧИТАААТ НА ГЛАС ?

    Posted 2014-01-29 20:51:12 by: Миле Миланоски

    Дали молитвите на светата литургија треба да се читаат на глас ?Во Епархиите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ,вратена е древната пракса да молитвите на светата литургија кои ги изговара свештеникот да се читаат гласно.Ова кај мнозинство верници е прифатено како позитивно , бидејќи конечно и тие можат активно да учествуваат во Литургијата , слушајќи го текстот на молитвата која свештеникот ја изговара . Многу беа збунети и се прашуваа: ”Зошто свештеникот шепоти сам во себе молитви ? “Сакајќи да ги знаат содржините на тие молитви. Меѓутоа се појавиле неколкумина луѓе кој потикнати од некого или од незнаење го критикуваат ова читање на молитви гласно. Највероватно овде се работи од незнаење и од каректеристиката на македонскиот менталитет “јас најдобро знам како тоа се прави “, па почнале да ги “ учат” и епископите и свештениците што е правилно .Збунувачки е од кого и од што тие ја бранат Црквата . Говорат за некаква “ македонска пракса “ во Литургијата , а се знае да таква пракса ниту постои ниту постоела кај нас . Покасно Литургијата претрпела ...

    Comments: 0   View more...

  • Улогата на жената во православното христијанството

    Posted 2011-03-22 20:57:10 by: Миле Миланоски

    Улогата на жената во православното христијанството Прашањето за улогата и поставеноста на жената, било актуелно низ историјата како во различните култури, и општествени уредувања, така и во различните религиозни и философски правци.Ова прашање произлегува веројатно од различните природни дарови кој им се дадени на мажот и жената, кој се две половини и кој надополнувајќи се во заедницата на бракот стануваат една целина, едно битие. За жал во текот на историјата жената и нејзината непроценлива вредност, како мајка, сопруга, столб на семејството, била потенувана и често жената била подложена на малтретирања. Истото се случува и денес кога жената е подложувана на семејно насилство. Во времето пред доаѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос, постоело убедување дека жената по природа е послаба и помалку вредна од мажот, па поради тоа мора да му биде потчинета. Во Стариот Завет, нејзината улога во семејството и друштвениот живот била без никаква вредност. Жената била оставана од мажот поради разни ситници, како на пример невкусен ручек, или доколку тој најде подобра. Не ...

    Comments: 0   View more...

  • "БОГОЛИКОС НА ЧОВЕКОВОТО БИТИЕ "

    Posted 2010-11-08 21:22:47 by: Миле Миланоски

    " БОГОЛИКОС НА ЧОВЕКОВОТО БИТИЕ "Човечкиот род на замјата не е ништо друго до најраскошен иконостас Божји.овој свет , оваа вселена :се е величествен храм Божји.А луѓето-иконостас на тој храм. Бидејќи секој човек е посебна икона Божја,слика Божја,обличје Божјо.сите ние сме икона на Словата Божја,како што вели Св.Ап.Павлево посланието до колосјаните.Ние сме створени по слика и прилика Божја,како што читаме во првите страници на Светото Писмо(Библијата) и затоа ние православните Христијани на опело пееме: “ Икона сум на неизречивата твоја слава”. Затоа Православната Црква не учи дека ние луѓето сме сворени да личиме на Господ Исус Христос,и ние личиме во тој случај ако живееме по Евангелието,по Правилата на Светата Православна Црква.Кога не створил Бог на секого од нас во душата и во срцето втиснал свој лик,и знаете ли што сме ние Христијаните ? Ние сме Икони кои одат.Немаме само икони на иконостастуку имаме икони и во нашите души.Се поставува прашање дали нашата икона е јасна,дали е чиста,или во неа одвај се распознава нејзиниот лик. Од тука е Божанската смисла и целта на човековот ...

    Comments: 0   View more...

  • Ангели

    Posted 2010-07-14 22:39:46 by: Миле Миланоски

    "АНГЕЛИ"Бог ги создал и ги створил и ангелите , со дух и со нематеријален оган им го дал постоењето од непостоење , според образот на Својата бестелесна природа , вид духили нематеријален оган , како што вели божествениот Давид: Ветровите ги правиш Свои гласници (ангелите), а слугите Свои огнен пламен, опишувајки ја така нивната бестелесност и огненост, вдахновеност и топлина и проникливост , како и силниот стремеж да Му служат на Бога , устремени угоре и ослободени од секаква мисла за материјалното.Со други зборови, ангелите имаат умствена суштина, вечно движечка, со слободна волја, бестелесна, која Му служи на Бога, и имаат бесмртна природа по благодат: карактерот и ограниченоста на таа суштина ги познава само Творецот. А бестелесна и нематеријална се нарекува во однос на нас , но во споредба со неспоредливиот Бог се изгледа грубо и материјално, бидејки само Тој навистина е нематеријален и бестелесен.Ангелите , значи, имаат словесна, умствена природа, слободна волја и желба за промена, односно променливи се по своја волја. Се што е создадено е и променливо, а непроменливо е само она ...

    Comments: 0   View more...

  • Демони

    Posted 2010-07-14 22:07:22 by: Миле Миланоски

    Началникот на земните чинови, кој е од ангелските сили, и на кого Бог му ја предал Земјата на чување, не бил зол по природа, туку првобитно бил добар и создаден за добро, немајки воопшто во себе ниту трага на зло коешто би потекнувало од Создателот; меѓутоа, не ги оправдал светлината и честа што му ги подарил Создателот и по сопствена волја го прекинал единството со својата природа и се свртел против неа, се возгордеал и се кренал против Бога, Кој беше создал, и прв отпаднал од добро, завршувајки во зло; зошто злото не е ништо друго туку отсуство на добро, како што темнината е отсуство на светлина. Ако доброто е духовна светлина, Тогаш злото е духовна темнина. Таа светлина, создадена од Творецот како добра – зошто виде Бог дека е многу добро се она што го беше создал – по своја слободна волја станала темнина. По него, пак, тргнало и отпаднало од Бога непрегледно мноштво ангели коишто му се потчиниле. Имајки ја и понатаму истата природа со ангелите, тие станале зли, зошто доброволно ја насочиле својата наклонетост од доброто кон злото.Понатаму тие веќе немаат никаква власт или моќ над ...

    Comments: 0   View more...

  • ПОНИЖУВАЊЕ НА ГОРДОСТА

    Posted 2010-07-12 23:14:22 by: Миле Миланоски

    Понижување на гордостаБез смиреноумие бесполезен е секој подвиг, секое воздржување, секое потчинување, секое нестекнување, секоја многуученост. Зашто, како што е почеток и крај на доброто – смиреноумието, така, почеток и крај на лошото е – високоумието. А овој нечист дух е снаодлив и разновиден, затоа ги користи сите усилби да завладее со сите, и секому, кој и по каков пат и да оди, да му ја фрли мрежата. Мудриот го уловува со мудрост, силниот со сила, богатиот со богатство, убавиот со убавина, слаткоречивиот со слаткоречивост, оној кој убаво пее – со милозвучноста на гласот, уметникот со уметност, снаодливиот – со снаодливост. И слично на ова не престанува да ги искушува и оние кои водат духовен живот, и да стави мрежа врз оној кој се одрекол од светот во одрекувањето, на воздржливиот во воздржувањето, на тихувателот во тихувањето, на неимотливиот во неимотливоста, на многуучениот во ученоста, на побожниот во побожноста, на учениот во знаењето (впрочем, вистинското знаење е споено со смиреноумието). Така високоумието во сите се труди да ги посее своите плевели. Затоа, знаејќи ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Човечката природа после падот

    Posted 2010-07-12 23:11:31 by: Миле Миланоски

    Падот во гревПрестапувајќи ја заповедта, прародителите ја повредиле и расипале нашата природа, која расипана и повредена ја предале и на своето потомство, то ест на целиот човечки род.Откако преку насладите е извалкано срцето, преку желбите се валка волјата, а преку одлучувањето и пронаоѓање средства учесник во таа валкаштина станува и разумот; на крајот практично и сите сили на телото стануваат пронижени со гревот; и челиот човек стана грешен.Разрешените гревови кои не се поновени, на Судот не се споменуваат.За гревовите кои се веќе исповедани и разрешени говорете: „Постоеја, но сум се покајала и добила разрешување“Гревот исповедан,. Оросен (со солзи) и омразен се брише од сите книги во кои се запишува – од книгата на правдата Божја, од книгата на нашата природа, од книгата на нашите контакти со видливиот и невидливиот свет. Така тој повеќе не се споменува на Судот. Имајќи го тоа во предвид, својата душа треба секогаш, не смалувајќи го чувството на грешност, да се надахнува со надежта за спасение. Сите наши гревови ГОспод во Своето Тело ги вознел на дрво (Крст) и таму го искинал ...

    Comments: 0   View more...

  • Свети Апостоли Петар и Павле

    Posted 2010-07-11 21:35:41 by: Миле Миланоски

    СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕВо името на Оца и Сина и Св Дух АминВозљубени браќа и сестри во Христа! Светата Православна Црква на 12 јули истовремено ги празнува двајцата велики апостоли Петар и Павле кои таа воедно ги нарекува и првоврховни, првопрестолници и вселенски учители. Овие апостоли многу се потрудиле за распространувањето на Словото Божјо во светот, претрпеле многу страдања и гоненија и во своите посланија ги поставиле основните начела на христијанската вера и на христијанскиот живот. За животот и духовната историја на апостолите Петар и Павле се опишува во книгата Дела апостолски, за апостол Петар пишува и во Евангелието, а за животот на апостол Павле во голема мера пишува во неговите посланија.Апостолите Петар и Павле слободно можеме да кажеме се основа и темел на науката Христова. Самиот нивни живот ни сведочи и како отворена книга ни зборува за смислата на боговоплотувањето Христово, за создавањето и ширењето на Црквата и за Тајната на спасението на човечкиот род. Нивните животи и нивната вера, нивниот жар и увереност во вистината се аголниот камен врз ...

    Comments: 0   View more...

  • За Молитвата

    Posted 2010-07-11 21:06:56 by: Миле Миланоски

    За молитвата - Молитвата е беседа на човечкото срце со Бога низ која, представувајќи Го невидливо Бога пред себе, човекот ги излива чувствата на својата душа пред Него. Таа е издигнување на умот и срцето кон Бога, најсигурен мост за премин преку искушенијата на животот, нескршлива карпа на сите кои што веруваат, мирно пристаниште, божествени алишта што ја облекуваат душата со добрина и убавина. Молитвата е мајка на сите добри дела, чуварка на чистотата на телото, невиноста, сигурен бранител од сите итрини на нашиот вечен непријател – ѓаволот, најсилно оружје за одбрана на Христовото име од Неговите непријатели. Таа е просветување на умот, прочистување на душата и срцето, разбивање на очајот и тагата, раѓање на надежта, ублажување на гневот. Застапник на оние на кои им се суди, радост на оние кои се во темнина, спасение на оние кои гинат.Нема ништо повредно во човечкот живот од молитвата. Таа и неможното го прави можно, тешкото-лесно, непријатното-пријатно. Таа и е толку потребна на човечката душа колку што му е потребен воздухот на дишењето. Оној кој не се моли, се оддалечува од Бога и ...

    Comments: 0   View more...