МПЦ-ОА - Тетовско Гостиварска Епархија »

  • Cпоменот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена

    Posted 2022-06-10 18:44:00 by: Сард

    На 03.06.2022 г.кога го празнуваме споменот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на Митрополитот Европски г.Пимен, протоереј-ставрофор Мирко Станковски, протоереј Маријанчо Мадевски,ереј Илија Сламков,ереј Горан Стојчевски,  и ѓаконот Славчо Ѓоргески, отслужи Света Божествена Литургија во храмот Свети Константин и Елена-с.Вратница-Тетовско.Оваа година овој велелепен храм прославува 10 години од неговото осветување. - На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Своја бедеседа изрече митрополитот г. Јосиф.Беседата може да ја прочитате ...

    Comments: 0   View more...

  • Вознесение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос

    Posted 2022-06-10 18:44:00 by: Сард

    На 02.06.2022 година, денот на празнувањето на славното Вознесение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во храмот Вознесение Христово - с.Јелошник-Тетово ,беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на Митрополитот Европски г.Пимен и свештеници од Тетовското наместништво.Верниот народ се причести до светите тајни.По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.Пригодна беседа одржа митрополитот г.Јосиф која можете да ја прочитате ...

    Comments: 0   View more...

  • НЕДЕЛА НА СЛЕПИОТ

    Posted 2022-06-03 09:58:14 by: Сард

    29.05.2022 -НЕДЕЛА НА СЛЕПИОТ. Во соборниот храм пресвета Богородица-Гостивар,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија. Верниот народ се причести со светите тајни. Во својата беседа митрополитот г. Јосиф меѓудругото нагласи: Преку овој настан Господ Христос нè поучува за големината и за силата на верата во Бога. Овој човек, иако бил слеп, имал силна и непоколеблива вера во Господа Христа. Но и надеж во силата и моќта и во Неговата добрина.Зашто Господ не гледа на лице кој е кој, туку гледа во човеч­ки­те срца какви се и дали го бараат Царството небесно. Токму затоа да се трудиме да го стекнеме духовниот вид, да се излечиме од духовната слепотија.И запомнете едно нешто:Не се истрчувајте пред Бога, дозволете Му да управува со вашите чекори.                          Тој има Свои планови, има Свое време.Божјите часови никогаш не брзаат и никогаш не доцнат ‒ тие секогаш доаѓаат ...

    Comments: 0   View more...

  • Денови на КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ

    Posted 2022-06-03 09:58:14 by: Сард

    28.05.2022 Денови на КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ. Во посета на Лешочкиот манастир беа КУД Кирил Пејчиновиќ - Теарце, КУД Петровачки асамбал-Петровац - Р. Србија, КУД Смедерево, Р. Србија. Во чест на нашиот учител и просветител Кирил Пејчиновиќ се одржа и ...

    Comments: 0   View more...

  • Oдржа молебен на гробот на Св. Кирил

    Posted 2022-06-03 09:58:14 by: Сард

    24.05.2022 На празникот на Сесловенските просветители и рамноапостоли Св. Кирил и Методиј во базиликата „Сан Клементе“ во Рим денеска се одржа молебен на гробот на Св. Кирил. - Молебенот го отслужи Митрополитот Европски г.Пимен, во сослужение на Митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф. - На молебенот присуствуваше и висока македонска државна делегација предводена од претседателот на Владата на Република  Македонија г. Димитар Ковачевски.                                                - Овој празник традиционално се одбележува со манифестацијата ,,Македонија во чест на Св. Кирил" на државно-црковна делегација од Македонија од 1958 година.     - Во рамките на активностите поврзани со одбележувањето на денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, државно-црковната делегација присуствуваше на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск и на повеќе културни настани и ...

    Comments: 0   View more...

  • Недела на Самарјанката – Канонизација на игуменот Јоаким Крч...

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    На 22.05.2022 година во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана, г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во сослужение на: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит Брегалничлки г. Иларион, Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, поранешен Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, епископ Хераклејски г. Климент и епископ Стобиски г. Јаков.  На Божествената Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски – учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил.На Божествената Литургија верниот народ се причести ...

    Comments: 0   View more...

  • Eвангелист Јован Богослов

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    21.05.2022 На празникот св. ап. евангелист Јован Богослов во параклисот посветен на денешниот светител во с. Отушиште-Тетово,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф направи мал водосвет и го благослови и прекрши празничниот ...

    Comments: 0   View more...

  • Св. Атанасиј Велики - Лешок

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    На 15.05.2022 година, го прославивме споменот на св. Атанасиј - пренесувањето на неговите мошти. Во негова чест, во манастирот „Св. Атанасиј Велики - Лешок беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф,во сослужение на митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј . Верниот народ се причести со светите тајни.По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот г.Јосиф се обрати кон верните чеда со пригодна беседа на која меѓу другото нагласи: Денеска светата Црква го прославува споменот на големиот црковен учител светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, кој живеел во четвртиот век. Светиот Атанасиј, на кого е и посветен овој храм овде во славниот Лешочки манастир ,со својот живот, со своето делување и со својата извонредна интелектуална дарба, но уште повеќе со својата силна и непоколеблива вера, ќе биде светлина која ќе свети и ќе ги осветлува тогашните простори на Византиското Царство. Со својата ученост и ...

    Comments: 0   View more...

  • Недела на жените мироносоци

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    08.05.2022 Недела на жените мироносоци, ап.еванг. Марко,митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија во Лешочкиот манастир. Верниот народ се причести со светите тајни. Говорејки за жените мироносици митрополитот г. Јосиф нагласи: Браќа и сестри, оваа Трета недела по Велигден, е посветена на Жените Мироносици, кои го придружувале Христа во најтешките моменти од Неговиот Живот. Овие свети жени го следеле Христа нашиот Спасител, кога Он бил малтретиран, биен, шамаран, кога невино бил осуден на смрт, и кога на главата му ставиле трнов венец, а го следеле и при Неговото распнување на Крст на Голгота. Овој празник го добил своето име според жените мироносици, затоа што тие први пристигнале кон гробот Господов и со миро сакале да го помазаат Телото на Господа Исуса Христа. Тие преку тоа ја покажале нивната вера, нивната љубов кон Господа. Овие жени биле сведоци на смртта на Христа Спасителот, и проповедници на Неговото Воскресение.Овие свети жени, заслужуваат голема почит, бидејќи покажале невидена храброст, и ни укажале како ...

    Comments: 0   View more...

  • Cв. Георги Победоносец во Мала Речица -Тетово

    Posted 2022-05-24 19:01:52 by: Сард

    06.05.2022 Во манастирот Cв. Георги Победоносец во Мала Речица -Тетово, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф ги благослови кумските лебови и изврши водосвет. Митрополитот во својата беседа меѓудругото нагласи:денеска кога го прославуваме светиот великомаченик Георги Победоносец, кој својата вера, својата надеж и својата припадност кон Христа ја запечатил и со сопствената крв, пострадувајќи за светата ни вера, нè учи како да се угледаме на него и како тој сите овие прописи и закони што ги бара од нас светата православна црква ги исполнувал, живеел и посведочил со својот сопствен живот. Да се обратиме со искрена молитва кон него тој да биде наш молитвеник, за да ни ја закрепи и умножи љубовта кон Господа, но и кон нашите блиски и познати, за да можеме да го сведочиме Христа на секое место каде што се движиме и работиме. По молитвите на свети Георги, Господ нека ни ги услиши молитвите и ни подари сè што е спасоносно за нашите души и вечен ...

    Comments: 0   View more...