
Posted
2022-05-01 08:56:49 by: Сард
Велика сабота
(22.04.2022 19:54)
Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде. И ти самата, смрт. И сега не си само смрт, туку, во Него, истовремено си и Воскресение. Пред Него, само страшна чуварка од поголем пад.
Пред Него – труд, мака, пуста надеж, бескрајно исчекување. Дури и животот и радоста не ни беа светли, под сенката на неизвесноста. Како маката да немаше крај, а само доброто и убавото. Очај на бесмислата и бесцелноста. Но, во Неговиот Домострој сѐ се осмисли, па и самата ти. Затоа, добредојде.
Сега, Он е со нас, засекогаш. Не како кога бевме отуѓени, туку како Негови. Како што вели апостолот: „И јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20). Токму преку Крстот и преку Неговата Смрт и Воскресение, докрај посвоени. Вистински деца Божји. Со Духот, Кој во срцето повикува: „Ава, Оче!“ (Рим. 8, 15). И повторно, добредојде.
Ти, смрт, не ни требаш само на крајот, како премин, како покој, како мир во Него. Не, ти сега и овде си ни најпотребна, ...
View more...
Login with a social network