Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ : Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ, среќен роденден партијо Македонска!

ВМРО-ДПМНЕ,  17 јуни 1990-17 јуни 2022 г.

1uv123

ВМРО-ДПМНЕ,  17 јуни 1990-17 јуни 2022 г.

По иницијатива на Идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски, пред 32 години, на 17 јуни 1990 година во домот на млади во Скопје се формира ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, е идеологија, формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш.

Многу успеси и падови, надежи и разочарувања во денешната триесетидвегодишнина на ВМРО-ДПМНЕ. Период во кој најголемата и највлијателна македонска партија мина низ многубројни премрежиња и преживеа крупни трансформации. Настаните оставија длабоки траги не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку имаа големо влијание и врз Македонија.  

И така на Македонија и е судена ВМРО, на Македонците  им стана судбина ВМРО и како по аманет, ВМРО ја води секогаш моќен  Македонец.

Ако престане да биде ,,Македонец“- тој престанува да биде и ВМРО или обратно.

Уште една цврста гранка, здрав корен, е на врвот на ВМРО. Христијан Мицкоски е  прво Македонец, а потоа лидер  на партија, но и чесен и достоен граѓанин на денешна Македонија, за која тој цврсто стои на земјата и лавовски се бори и ја води ВМРО-ДПМНЕ.  

ВМРО-ДПМНЕ издржала и поголеми предизвици ќе го издржи и победи и ова зло кое е надвиснато над Македонија!

Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ, среќен роденден партијо Македонска!

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: