Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Во Скопје пристигна светиот Благодатен Оган

Во попладневните часови од Велика Сабота, на Меѓународниот Аеродром во Скопје пристигна светиот Благодатен Оган, кој беше донесен од наша црковно-државна делегација и пречекан од премиерот на Македонија, г. Димитар Ковачевски и свештенослужители од епархиите од нашата Света помесна Црква. По пристигнувањето на аеродромот во Скопје, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со премиерот, […]

Во попладневните часови од Велика Сабота, на Меѓународниот Аеродром во Скопје пристигна светиот Благодатен Оган, кој беше донесен од наша црковно-државна делегација и пречекан од премиерот на Македонија, г. Димитар Ковачевски и свештенослужители од епархиите од нашата Света помесна Црква.
По пристигнувањето на аеродромот во Скопје, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со премиерот, г. Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи, г. Оливер Спасовски, министерката за култура, г. Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски, го пренесоа до Архиепископската резиденција, каде беа пречекани од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: