Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Писмо до Местобљустителот на Кипарската Архиепископија Митрополит на Пафос г. Георгиј

Високопреосветен Митрополиту на Пафос г. Георгиј, Местобљустителу на Светата Кипарска Архиепископија, брате во Господа и сослужителу на Нашата смиреност, Со голема тага и длабока трогнатост ја примивме веста за упокојувањето  во Господа на Неговото Блаженство, Архиепископот Хризостом II. Блаженоупокоениот Архиепископ Хризостом II, имајќи ја грижата за богољубивиот православен народ на Кипар, се покажа како добар […]

Високопреосветен Митрополиту на Пафос г. Георгиј,
Местобљустителу на Светата Кипарска Архиепископија,
брате во Господа и сослужителу на Нашата смиреност,

Со голема тага и длабока трогнатост ја примивме веста за упокојувањето  во Господа на Неговото Блаженство, Архиепископот Хризостом II.

Блаженоупокоениот Архиепископ Хризостом II, имајќи ја грижата за богољубивиот православен народ на Кипар, се покажа како добар пастир и неуморен духовник, кој целиот свој живот го посвети во служба на народот Божји кој пребива во Новата Јустинијана. Следствено, молејќи се, се надеваме блаженоупокоениот наш брат да најде дерзновение пред Бога, та непрестајно да се моли и застапува за благочестивиот народ на Кипар, за надградба на Црквата и за зачувување на единството на Православието.

Од Наше, и од името на членовите на Светиот архијерејски синод, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, изразуваме сочувство за загубата со упокојувањето на Првојерархот на сестринската Кипарска Архиепископија.

Се молиме Бог да го прости и неговата душа да ја насели меѓу праведниците!

П Р Е Т С Е Д А Т Е Л
НА СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА –  ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
Г. Г. СТЕФАН

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: