Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Насловна

 Да се радуваме бидејќи подигнавме дом Божји

Домовите Божји, или црквите подигнати во слава на нашиот Создател, Промислител и Спасител, се голем дар и благослов Божји за луѓето кои се потрудиле и вложиле себеси да изградат живеалиште на Севишниот Господ Бог. Бог обитава во неговите свети домови, а тоа се црквите и манастирите. Но, исто така, Бог обитава и во сечие срце и душа кои се очистени, измиени и подготвени да Го примат како пријател, гостин и Спасител. Светите храмови се небесни светила поставени на земјата, кои нè осветлуваат, нè просветуваат и нè опоменуваат на каков начин треба да го живееме нашиот живот.

 

 

Sample Image

 

Sample Image На 10 октомври 2021 Лето Господово, на денот кога се потсетуваме и ги славиме св. мч. Калистрат и др; св. мч-чка Акилина, со Божја помош, се освети црквата „Св. вмч. Димитриј” во Кавадарци. Чинот на осветување го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков, како и бројно свештенство на Македонската православна црква.

По чинот на осветувањето на храмот се отслужи и света Божествена Литургија во него, а со слово кон присутните верници се обрати Неговото Преосвештенство, Епископот Стобиски г. Јаков. Чинот на осветувањето на црквата молитвено го проследија многубројни вреници од Кавадарци, како и од другите градови на Повардарската епархија, а настанот беше и директно пренесуван на Македонската радио-телевизија.

По осветувањето на црквата, со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква Охридска Архиепископија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ги додели следниве црковни одличија:

Орден од втор ред на Македонската православна црква за г-ѓа Јанинка Чупаркоска и г-дин Никола Наумов, како и  Орден од трет ред за г-дин Блажо Апостолов за големата поддршка во изградбата на овој храм;

Покрај одличјата на Светиот Синод на Македонската православна црква, црковни одличија додели и Повардарската епархија, односно Митрополитот Агатангел и тоа ордени за црковни заслуги за: г-дин Благој Здравев од Штип, г-дин Миле Милев од Кавадарци, г-дин Лазар Пончев од Кавадарци и г-дин Крсте Димов од Кавадарци.

Sample Image Во предвечерјето на овој чин се отслужи Вечерна Богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Архитектура: Проектот на храмот е дело на архитектот Благој Здравев од Штип.

 Фрескоживопис: Зографска тајфа „Св. Наум Охридски”

Иконостас: Јаков Наумоски

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: