Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Света Архиерејска Божествена Литургија во Ниш

Света Архиерејска Божествена Литургија во Ниш (10.11.2022 09:09)

Денес, на 10 ноември 2022 година, во соборната црква „Симнувањето на Светиот Дух врз Апостолите“, во Ниш, се отслужи Света Архиерејска Литургија, со која се прослави празникот посветен на свети Арсениј Сремски, вториот српски Архиереј, како и именденот на надлежниот Епископ Нишки г. Арсениј.

На евхаристискиот собор чиноначалствуваше Преосветениот Епископ г. Арсениј, во сослужение на Преосветениот Епископ Белоградчишки г. Поликарп од Бугарската Православна Црква, Високопреосветениот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Преосветениот Епископ Стобиски г. Јаков, Преосветениот Епископ Тимочки г. Иларион, Преосветениот Епископ Осечко-полски и Барањски г. Херувим и Преосветениот Епископ Шабачки г. Јеротеј, со мноштво свештеномонаси, свештеници и ѓакони, кои со своето присуство го зголемија торжеството на овој свештен собир, притоа пројавувајќи ги братската љубов и полнота на канонското литургиско единство на трите Помесни Цркви.

 

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: