Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

„Со песни го величаме големиот испосник, зашто ги умртви нападите на страстите; со трајно воздржување и трпение, навистина го посрами непријателот противник, и сета горделивост негова ја порази; и сега моли се за спасение на душите наши“ (стихира на второ стихословие на Утрена на преп. Прохор Пчински).    На 01.11.2021 година, денот кога го празнуваме споменот на преп. Прохор Пчински, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

„Со песни го величаме големиот испосник, зашто ги умртви нападите на страстите; со трајно воздржување и трпение, навистина го посрами непријателот противник, и сета горделивост негова ја порази; и сега моли се за спасение на душите наши“ (стихира на второ стихословие на Утрена на преп. Прохор Пчински). 

 

На 01.11.2021 година, денот кога го празнуваме споменот на преп. Прохор Пчински, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


На сите ни е познато огромното значење на светите браќа Кирил и Методиј, за нашиот народ, како и за останатите словенски народи. За нас особено е големо значењето на нивните ученици кои го словеле словото Божјо на нашиве простори. Знаеме дека IX и X век се означени како векови на нашата просвета, црковност и духовно издигунување. Тие биле силни светила кои ја краселе нашата земја и нашите предци ги насочувале и издигнувале кон повисоки идеали. Преку силата на христијанството, тие ги умножувале и утврдувале моралните сили кај луѓето, што довело до плодна духовна иднина која станала залог за народниот опстој низ вековите.


Едно од светилата кое продолжило да ја носи оваа светлина е свети Прохор Пчински кого денеска го прославуваме. Кон него денес упатуваме молитви и химни, повикувајќи го на помош за да успееме во верата и благочестието. Го молиме за себе, но и за целиот наш народ. Свети Прохор се подвизувал заедно со свети Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски во XI век. Свети Прохор најпрво се подвизувал во Жеглиговската пустина – простор помеѓу двете кумановски села Младо и Старо Нагоричане, каде се наоѓа и неговата пештера. Потоа се преселил во планината Козјак, каде е подигнат манастир и каде до денес се наоѓа неговиот гроб. Тој е извор на бројни исцеленија кај сите кои со вера и надеж му се обраќаат за помош.


Подвигот и животот на свети Прохор Пчински е уште едно огниште на христијанското благочестие и евангелската просвета. Ако внимателно се загледаме во него, лесно ќе ги забележиме основните црти на неговата духовна величина. Свети Прохор пред сѐ се одликувал со чиста вера. Таквата вера ја има силата на синаповото зрно и може да прави нешта кои се невообичаени за обичните луѓе – да лекува секакви болести и да прави безброј чуда. Тој имал длабока вера со која живеел во постојано општење со Божјиот Дух. Затоа таа е толку силна и може да ги поведе луѓето низ разбрануваното животно море, без можност да бидат проголтани од далгите. Преку таквата силна и непоколеблива вера, сите бранови биле скршени и секое зло – победено.


Длабоката и чистата вера на свети Прохор ја направила совршена неговата богоподобност. Тој го слушнал гласот на Исуса и одрекувајќи се од светот, го зел својот крст и зачекорил по Него со љубов, како кон Бога така и кон луѓето. Оној кој се одрекува од светот има само една врвна приврзаност и има само една сесилна предаденост кон Бога. Од таму доаѓала прекрасната добродетелност на овој Божји угодник. Таа се покажала како духовна плодна почва иако неговиот живот протекол во суровата планинска пустина. Покрај неговиот свет манастир се развил силен духовен живот за сите посетители од еден поширок простор.


Свети Прохор ги познавал потребите на душите човечки и знаел како да го открие вистинското богатство на човечкото срце. Тој ги поучувал луѓето во добродетелниот живот. И ние кои денеска го прославуваме неговиот спомен да испросиме од него мудрост која ќе ни биде водителка во животот. Нашиот живот честопати се среќава со бурите на животното море. Потребно е ние, кои денеска го прославуваме свети Прохор, да извлечеме поука од неговиот живот. Со усрдност и ревност тој ја достигнал вистината Божја. И ние треба постојано и усрдно да се стремиме кон целта на христијанскиот повик: Трчајте за да ја постигнете целта (1 Кор. 9, 24). Овие зборови на свети апостол Павле треба да бидат раководно начело на нашиот животен пат. И ние усрдно да се стремиме кон целта на нашиот живот – кон духовно издигнување и наше спасение. По молитвите на свети Прохор така нека биде. Амин!

 

Свети Прохор Пчински
Плаошки манастир „Свети Климент и Пантелејмон" Охрид
01.11.2021 год.

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: