Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

На 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот vселенски собор, Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше на светата архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил”, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на Високопреосветените Митрополити: Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Кумановско-осоговски г. Григориј, и Нивните Преосвештенства Епископите: Зворничко-Тузлански г. Фотиј, Крушевачки г. Давид, Ремезијански г. Стефан, Топлички и избраниот шабачки г. Јеротеј, Хвостански и избраниот западноевропски г. Јустин, избраниот епископ Јегарски арх. Нектариј, архимандритите Нектариј (Најдоски), Нектариј (Ѓуриќ) и Данило (Гаврановиќ), протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов и Никола Христоски и протоѓаконите Драган Радиќ, Радомир Вуќиниќ, Николче Ѓурѓиноски и Александар Димитријов, а во молитвено присуство на Високопреосветениот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Преосветените епископи Хераклејски г. Климент, Бачки г. Иринеј, Маркански г. Сава и пензионираниот канадски г. Георгиј. На крајот од Светата Литургија, Неговата Светост Патријарх Српски г.г. Порфириј му благослови на секретарот на САС на СПЦ да го прочита Томосот издаден од страна на СПЦ, а со кој се потврдува автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, а потоа и лично му го врачи на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Пред насобраниот верен народ најпрво се обрати Неговата Светост Патријархот Порфириј, кој порача дека сите ние треба да ја исполнуваме животната Христова молитва и заповед сите да бидат едно. Па затоа и Црквата, и кога се дели, таа не се дели туку се умножува и расте во љубовта. Неговата Светост ја сподели и радоста за која слушнал и од Македонците и Србите кои заедно живеат и се борат во животните бури насекаде во светот. На крајот се обрати и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој ја сподели радоста на сите Македонци, во земјава и странство, радоста и утехата на нашите древни епископи, на светите Климент и Наум, а кон Патријархот Порфириј и сите архиереи на Српската православна црква искажа благодарност за нивното неуморно залагање, со што на дело покажаа колку ги љубат мирот и слогата меѓу браќата, колку ја љубат Црквата - Телото Христово.  Во прилог Ви пренесуваме и дел од оваа светотаинска Трпеза, искажано преку фотографии, кои ги презедовме од Телевизијата Храм од Србија. 

На 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот vселенски собор, Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше на светата архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил”, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на Високопреосветените Митрополити: Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Кумановско-осоговски г. Григориј, и Нивните Преосвештенства Епископите: Зворничко-Тузлански г. Фотиј, Крушевачки г. Давид, Ремезијански г. Стефан, Топлички и избраниот шабачки г. Јеротеј, Хвостански и избраниот западноевропски г. Јустин, избраниот епископ Јегарски арх. Нектариј, архимандритите Нектариј (Најдоски), Нектариј (Ѓуриќ) и Данило (Гаврановиќ), протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов и Никола Христоски и протоѓаконите Драган Радиќ, Радомир Вуќиниќ, Николче Ѓурѓиноски и Александар Димитријов, а во молитвено присуство на Високопреосветениот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Преосветените епископи Хераклејски г. Климент, Бачки г. Иринеј, Маркански г. Сава и пензионираниот канадски г. Георгиј.

На крајот од Светата Литургија, Неговата Светост Патријарх Српски г.г. Порфириј му благослови на секретарот на САС на СПЦ да го прочита Томосот издаден од страна на СПЦ, а со кој се потврдува автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, а потоа и лично му го врачи на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Пред насобраниот верен народ најпрво се обрати Неговата Светост Патријархот Порфириј, кој порача дека сите ние треба да ја исполнуваме животната Христова молитва и заповед сите да бидат едно. Па затоа и Црквата, и кога се дели, таа не се дели туку се умножува и расте во љубовта. Неговата Светост ја сподели и радоста за која слушнал и од Македонците и Србите кои заедно живеат и се борат во животните бури насекаде во светот. На крајот се обрати и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој ја сподели радоста на сите Македонци, во земјава и странство, радоста и утехата на нашите древни епископи, на светите Климент и Наум, а кон Патријархот Порфириј и сите архиереи на Српската православна црква искажа благодарност за нивното неуморно залагање, со што на дело покажаа колку ги љубат мирот и слогата меѓу браќата, колку ја љубат Црквата - Телото Христово. 

Во прилог Ви пренесуваме и дел од оваа светотаинска Трпеза, искажано преку фотографии, кои ги презедовме од Телевизијата Храм од Србија. 

 

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: