Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Недела на Светите Отци од I Вселенски Собор

На 05.06.2022 година, во Неделата на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор, Неговата Светост Архиепископот Пеќки, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. Порфириј, отслужи Божествена Литургија во сослужение на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски,... Повеќе »
"Недела на Светите Отци од I Вселенски Собор"

На 05.06.2022 година, во Неделата на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор, Неговата Светост Архиепископот Пеќки, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. Порфириј, отслужи Божествена Литургија во сослужение на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана г.г. Стефан и Високопреосвештените митрополити Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Кумановско-осоговски г. Григориј и Преосвештените епископи Зворничко-тузлански г. Фотије, Крушевски г. Давид, Ремезијански г. Стефан, Топлички и избран Шабачки г. Јеротеј, Хвостански и избран Западноевропски г. Јустин, како и избраниот епископ Јегарски архимандрит Нектариј. На Божествената Литургија молитвено беа присутни и Високопреосвештениот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Преосвештените епископи Хераклејски г. Климент, Бачки г. Иринеј, Марчански г. Сава и поранешниот Канадски г. Григориј.

На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

На крајот на Божествената Литургија Неговата Светост Архиепископот Пеќки, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. Порфириј на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана г.г. Стефан му врачи Томос со кој се потврдува автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

IMG-0c0b8ffb032649e215da1ea978d5bb03-V IMG-1e3a454af54e83834c2886b93f8e9872-V IMG-4cdad45705138ade70f0bfc8c1fa4819-V IMG-7bd183ad62475dac3a41b160991d716c-V IMG-8a89741e9206a9f35e4941381c1146f2-V IMG-20a4fbde13e37bdbd9f405a36156efb9-V IMG-56f6a3d391e7c0c8afc11944df919656-V IMG-60ef1b674db2e97635c563ec35da249e-V IMG-80b0ac9d90ed4f7c3eeff8e97153c21a-V IMG-317d125e962c33d4d51f3a6dcd780bf6-V IMG-821c56f1d4626b5981274a98f1dcdc8a-V IMG-918f7b450957567b921c9c6b5bbb661d-V IMG-2603e854f9ce387ac83a70b001f393ff-V IMG-3582d1144513c895a883387c2048f648-V IMG-8273b7c4f3c15b778427e7b39b88cdd9-V IMG-3466001babbdba4bffa7ae89c618284f-V IMG-555737062503840e201dee3354168c3c-V IMG-a374983f136e878bf3eaadc967a5b81f-V IMG-b6aaa3e574e16c2ebbc7a91051f5f269-V IMG-ce7d7390c35c24cb3b32a220aa42286e-V IMG-cf384fb2b001aecea05ad2ea3936b7bd-V IMG-da30acd8d81d43e34cc547cc566caef2-V IMG-edadfa84afd6a80d698faa084f7282a8-V

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: