†МПЦ-ОА » МПЦ-ОА - Скопска Епархија » Средба со премиерот на Македонија
Posted date: 2022-05-25 15:58:17
На 25 мај 2022 г., Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во присуство на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Епископот Хераклејски г. Климент, во својот кабинет, оствари средба со Премиерот на Македонија г. Димитар Ковачевски. Повод за средбата беше ауденцијата што ја имаше Премиерот кај папата Франциск во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, како и за вчерашниот историски ден за Македонската Православна Црква, признавањето на афтокефалијата, од страна на Српската Православна Црква.
Login with a social network