Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

07/01/2023

Си реков

 

Изгрева уште една

ѕвезда на обоеното небо,

здивот ми се зема

кога ќе помислам на она кое е поминато.

 

Се распосла виножито

со надеж прошарано

во мугри овие,

денови со радости несфатени.

 

Погледнете,

апостоли, маченици,

преподобни, бесребреници,

богоносци, златоустови проповедници,

погледнете вие кои заради Христа

јуродиви во светот битисувавте.

 

Погледнете

на родот кој патишта прекрсти,

себе за достоен се умисли,

себе како велик, во метеж се зашемети.

 

Погледнете и прошка измолете,

За неумесности, палавости, лековерности,

измолете прошка

и за сите свртувања од патот во разни страни.

 

Дарови човекот преку вас да принесе

срце и душа да се залечат

од Оној Кој се дарува Себеси,

се унижи земајќи нѐ нас за сродници.

 

Изгрева уште една

ѕвезда на обоеното небо,

дишење се смири

Он се овоплоти, а ние повикавме:

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

 

Слепченски Манастир

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: