Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

„Со песни го величаме големиот испосник, зашто ги умртви нападите на страстите; со трајно воздржување и трпение, навистина го посрами непријателот противник, и сета горделивост негова ја порази; и сега моли се за спасение на нашите души“ (седална стихира на Утрена на преп. Прохор Пчински).   На 01.11.2022 година, денот кога го празнуваме споменот на великиот подвижник и испосник преподобниот Прохор Пчински, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Панајотис Костулас (од Митрополијата на Лангада, Грчка православна црква), свештеникот Горан Ставрески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

„Со песни го величаме големиот испосник, зашто ги умртви нападите на страстите; со трајно воздржување и трпение, навистина го посрами непријателот противник, и сета горделивост негова ја порази; и сега моли се за спасение на нашите души“ (седална стихира на Утрена на преп. Прохор Пчински).

 

На 01.11.2022 година, денот кога го празнуваме споменот на великиот подвижник и испосник преподобниот Прохор Пчински, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Панајотис Костулас (од Митрополијата на Лангада, Грчка православна црква), свештеникот Горан Ставрески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,


Денеска прославуваме еден наш голем подвижник и молитвеник, како на нашиот народ така и на сите кои со вера молитвено му се обраќаат за помош. Поточно, го прославуваме преподобниот Прохор Пчински.


Во посланието светиот апостол Јован Богослов вели: „Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша" (1 Јн. 5, 4). Гледано од човечка перспектива, само по себе е чудо што православната вера победила. Иако претрпела толкави и страшни гонења на римските императори во првите три века, таа опстанала. Во 313 г., царот Константин Велики, го издал Миланскиот едикт со кој се утврдила слободата на христијанството. Пред тоа, христијаните биле убивани како бесловесни битија. За секоја временска непогода, тие биле казнувани со најсвирепи казни. Како што вели еден црковен писател во тоа време: Ако Тибар се излие во Рим, христијаните се виновни. Фрлете ги во арената на ѕверовите. Ако има голема суша, повторно, христијаните се виновни, повторно казни и страдања. Но, не треба да одиме толку далеку во првите векови. Да го земеме само периодот на револуцијата во Русија на почетокот на XX век, кога Црквата и верата беа уништувани со најголеми жестини. Тие гонења беа дури и посвирепи од оние на многубожечките римски императори. Но, сепак Црквата ги надживеа тие страдања и опстана. Такви страдања имаа и другите словенски народи и цркви, но со помали интензитети. Во овие земји поддржувачите на Црквата беа маргилизирани, поттурнувани и замолчувани. Сведоци сме и гледаме денеска, каква е верата и Црквата пред сè во Русија, каде се градат нови и се обновуваат стари цркви и манастири, со огромни потенцијали на издаваштво, уметност, просветни институции. Во голема мера е точно тоа дека денешна РПЦ е посилна и од времето на царштината. Како може сето тоа да се објасни, ако не како Божјо чудо.


Има многу причини и не можеме во кратко време да ги споменеме сите. Најпрвин треба да го споменеме боговдахновениот збор: „сѐ што е родено од Бога, го победува светот ". Тоа што го победи светот е верата наша. Верата не е само засолниште, каде човекот се засолнува и каде бега кога ќе наидат бурите на животот. Затоа неточна е народната поговорка: Без маки нема богомолие. Напротив, верата е таа сила која човекот го вдахнува да се соочи со животните тешкотии. Во најтешките животни моменти, верата во Бога е чудна сила која го претвора слабиот човек во витез или јунак. Тоа не е верување во човечки слаби сили кои брзо попуштаат. Не е верување во пријатели кои умираат и не стануваат. Не е вера во пари и моќ кои лесно се трошат и ја губат својата вредност. Не е верување во репутација, односно во углед и земна слава, кои клеветничките јазици може да ги соборат и уништат. Верата православна е верување во Вечниот и Жив Бог, Совршен и Семоќен Создател на небото и земјата, и на сè видливо и невидливо. Тоа е вера во Најмилостивиот Небесен Отец, Кој никогаш нема да нè остави и заборави.


Православната вера не е гледање во разбрануваното море на животот, туку во Оној Кој оди по морето (Мт. 14, 26). Верата е предавање на себе на Бога и фаќање за Неговата рака. Човекот со вистинска вера, гледа дете во колевка, а во исто време го гледа и Создателот Кој го создал. Верата прави човекот да се снајде во сите вртлози во животот и да се надева дека после разни бури повторно ќе изгрее сонце. Уште колку можеме да зборуваме за тоа што е нашата вера?


Денешниот празник на свети Прохор Пчински нè поучува дека нашата вера во минатите векови нè учела да го сочуваме нашиот јазик и нација, и сите наши прекрасни православни обичаи и традиции. Но, празникот не нè поучува само за значењето на верата во минатото. Тој нè опоменува дека тоа значење го има и денеска. Затоа е многу важно да се спомне за зборот Божји, кој е од Бога роден и го победува светот, а тоа е нашата вера. Без вера човек не може да се победи самиот себе. Најважно, пак, е да ги победи своите мани, слабости и страсти, себичноста и горделивоста. Свети Прохор го остварил сето тоа преку подвизи и молитви, па нека ни помогне и нам да ја запазиме верата и да живееме според неа, за да спечалиме вечен и блажен живот. По молитвите на свети Прохор, така нека биде. Амин!

Преп. Прохор Пчински,
Плаошки манастир „Свети Климент и Пантелејмон", Охрид
01.11.2022 год.

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: