Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

„Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нѐ и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци“ (песна од канонот на Утрена на празникот Покров на Пресвета Богородица).   На 14.10.2022 година, на празникот Покров на Пресвета Богородица и на св. ап. Ананија, на св. Јован Кукузел и на св. Роман Слаткопевец, во параклисот „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

„Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нѐ и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци“ (песна од канонот на Утрена на празникот Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2022 година, на празникот Покров на Пресвета Богородица и на св. ап. Ананија, на св. Јован Кукузел и на св. Роман Слаткопевец, во параклисот „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,


Денеска прославуваме еден од Богородичните празници. Поточно, го прославуваме Покров на Пресвета Богородица. Овој празник е востановен во чест на чудесното избавување на Цариград од страна на Богородица од многу посилната инвазија на Сарацените во X век. Богородица го прострела својот омофор врз Цариград и така го спасила градот. Но, не гледајќи на сето тоа, некои го поставиле прашањето: На што се основа нашата вера и толкавата почит кон Мајката Божја? Нашата почит кон Богородица се темели на нејзиното невообичаено мајчинство. Од севкупниот човечки род се избира почесна и посвета Дева која ќе постане мајка на Несместливиот. Ќе стане мајка на Владиката на сите луѓе. Ќе Го храни и лула Оној кој со пет леба ќе нахрани 5000 луѓе. Таа ќе го нарече свој Син Предвечниот и Единородниот Син Божји. На каква невообичаена висина била издигната богоизбраната Дева Марија? Зарем не е во право христијанската Црква која признава дека должни сме да ја почитуваме Богомајката повеќе од сите други земнородни луѓе, но и од сите херувими, серафими и небесни сили. Дали е можно оној што Го почитува Богочовекот Исуса Христа да не ја почитува Неговата мајка, која послужила во големата тајна на воплотувањето? Служејќи на таа тајна, света Дева Марија станала поблиска до сите луѓе, преку својот Син и наш Господ. А кој може, пак, да биде поблиску до Синот од Неговата мајка? Затоа таа може да испроси од својот Син сѐ што е потребно за наше спасение. Таа може да се застапува за нас пред Него и да нѐ изведе од сите беди и зла, заштитувајќи нѐ во овој живот. Затоа ние ѝ се молиме од сета душа: Пресвета Богородице спаси нѐ!, а вака, пак, ја воспеваме: „О, севоспеана мајко, избави ги од секакви напасти и ослободи ги од идните маки оние кои ти пеат!" (Кондак 13, Акатист на Богородица). Така, ние без сомнеж веруваме дека таа не избавува од секакви зла и нѐ штити од многу искушенија.


Дали е можно да не се верува во нејзината помош? Богомајката стоела под крстот на својот Син и ги видела сите Негови маки. Гледала како оние што Го опкружувале Му се смеат, Го плукаат и тепаат. Земјата се затресла, сонцето се затемнило, за да го покрие страшното темно дело на човечката злоба. За кого ги трпел овие страшни страдања, а во ништо не бил виновен Исус? Несомнено, Божјата мајка знаела, како што сознале и сите апостоли, дека нејзиниот Син доброволно се принесе како жртва за спасение на целиот човечки род. Сите верни во Исуса Христа останале сакани како деца на Богородица. Постанувајќи мајка на Господа, страдајќи заедно со Него, таа станала мајка на сите Негови верни чеда. Гласот од крстот кон свети Јован Богослов и зборовите: „Синко, ете ти мајка", зарем не се упатени кон сите нас? Кон неа треба да се обраќаме сите во нашите беди и маки. Неа треба да ја молиме за заштита, закрила и покров. Од неа треба да просиме сѐ што ни е потребно и во времениот и во вечниот живот. Слушајќи го заветот на Спасителот, се молиме со сето срце, повикувајќи кон Богородица: „Застапнице усрдна, мајко на Господа Вишниот, за сите нас застапи се, Владичице, зашто сме во опасност и мака!".


Во историјата на човештвото се познати многу случаи во кои Богородица се застапила за многумина и тоа и за неправославни и за неверници. Таа се застапува за целиот човечки род. Само треба да се обратиме и да побараме помош од неа. Светото Писмо ни открива дека Господ сака сите да се спасат и да ја познаат вистината. Пресвета Богородица се јавува многупати кај повеќе народи и поединци, излевајќи ја својата милост за спасение на оние кои со вера во нејзиниот Син и наш Бог, го бараат нејзиното застапништво. Затоа во скоро сите православни цркви постојат многубројни чудотворни икони преку кои таа им помага на христијаните кои со вера бараат помош и утеха.


И ние денеска кои сме собрани во оваа капела посветена на Покров на Богородица да се обратиме со искрена молитва кон небесната Царица со зборовите: „Радувај се, Пречиста, крепост и тврдина на луѓето, место на славата од осветувањето! Радувај се радост на ангелите, Радувај се, помошничке на оние што верно се молат!". Амин!

 

Покров на Богородица,
Параклис „Покров на Богородица",
Резиденција на ДКЕ, Охрид
14.10.2022 г.

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: