Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Ангели

"АНГЕЛИ"Бог ги создал и ги створил и ангелите , со дух и со нематеријален оган им го дал постоењето од непостоење , според образот на Својата бестелесна природа , вид духили нематеријален оган , како што вели божествениот Давид: Ветровите ги правиш Свои гласници (ангелите), а слугите Свои огнен пламен, опишувајки ја така нивната бестелесност и огненост, вдахновеност и топлина и проникливост , како и силниот стремеж да Му служат на Бога , устремени угоре и ослободени од секаква мисла за материјалното.Со други зборови, ангелите имаат умствена суштина, вечно движечка, со слободна волја, бестелесна, која Му служи на Бога, и имаат бесмртна природа по благодат: карактерот и ограниченоста на таа суштина ги познава само Творецот. А бестелесна и нематеријална се нарекува во однос на нас , но во споредба со неспоредливиот Бог се изгледа грубо и материјално, бидејки само Тој навистина е нематеријален и бестелесен.Ангелите , значи, имаат словесна, умствена природа, слободна волја и желба за промена, односно променливи се по своја волја. Се што е создадено е и променливо, а непроменливо е само она што е несоздадено. А се што е словесно има слободна волја. Бидејки природата на ангелите од една страна , е словесна и умствена , таа има слободна волја , а бидејки е создадена , таа е и променлива, и има власт да остане постојана и да напредува во доброто, но и да се сврти во погрешна насока.Ангелите не можат да се покајат, зошто се бестелесни; зошто, човекот ја добил можноста да се покае поради својата телесна слабост.Тие се бесмртни, но не на природа , туку на благодат. Знаеме дека се што има почеток, природно има и свој крај. А само Бог постои вечно, поточно, над секоја вечност, зошто Творецот на времето не е под власт на времето туку над времето.Ангелите се втората светлина, достижна само со умот, и својата светлина ја примиле од првата и беспочетна Светлина; тие немаат потреба да зборуваат или да слушаат , туку без изговорен збор си ги пренесуваат еден на друг сопствените мисли и намери.Сите ангели, значи, се создадени преку Словото, и исполнети се со Светиот Дух , осветени се според достоинството и според чинот и учествуваат во светлината и во благодатта .Ангелите се просторно ограничени, зошто , кога се на небото, не се во исто време и на Земјата, а кога од Бога се испратени на Земјата , не остануваат и на небото. Не застануваат пред ѕид или врата , пред брави и печати, зошто се неограничени. А ги нарекуваме неограничени, затоа што Бог им дава можност да им се јавуваат на оние што се достојни за тоа, и тоа не во својот вистински облик, туку преобразени, соодветно на способноста на оние што ги гледаат. Зошто, само природата на несоздаденото не може да се ограничи. А секое создание е ограничено од Бога , Кој го создал.Ангелите не се осветени од својата суштина туку од Светиот Дух; пророкуваат благодарение на Божествената благодат, и немаат потреба од брак, зошто не се смртни. Бидејки се умови, ангелите се наогаат во простори достижни за умот, и не може телесно да се опишат, зоштно не примаат телесен обликспоред природните закони, како телата, ниту имаат три димензии, туку присуствуваат духовнои дејствуваат насекаде каде што им е заповедано , но не можат истовремено да бидати да дејствуваат на различни места.Дали сите ангели имаат еднаква суштина, тоа не ни е познато. Тоа го знае само Бог Кој ги создал и Кој знае се. Тие се разликуваат според просветленоста и според местото што го заземаат; или заземаат место според просветленоста, или во просветлувањето учествуваат спред местото што го заземаат, и се просветлуваат еден со друг сходно хиерархијата на нивниот ангелски чин и на нивната природа. Јасно е , повисоките ангелски чинови им пренесуваат просветление и знаење на пониските.Тие се моќни и подготвени да ја исполнат секоја Божествена волја и, благодарение на природната брзина, се јавуваат во еден миг секаде каде што ке ги повика Божествениот знак; ги чуваат краевите на Земјата, ги предводат народите и земјите како што им е одредено од страна на Создателот, управуваат со нашите дела и ни помагаат. Општо земено, според Божјата волја и заповед тие не надминуваат и секогаш стојат блиску до Бога.Ангелите тешко му се препуштаат на злото , макар што не се апсолутно непоколебливи, сега, всушност, се непоколебливи, но не по природа , туку по благодат и поради приврзаноста само кон доброто. Бога Го созерцуваат според сопствените можности и преку тоа се наситуваат. Нас лугето не надминуваат со тоа што се бестелесни и што се ослободени од секакво телесно страдање; меѓутоа , не се целосно нестрадални, зошто единствено Божеството е нестрадално.Можат да се преобразат во се што ќе им заповеда Бог и така да им се јават на лугето и да им ги откриваат Божествените тајни.Тие престојуваат на небото со една задача: со песна да Го величат Бога и да и служат на неговата Божествена волја . И како што вели најсветиот и најблажениот и најбогословесниот Дионисиј Ареопагит: Само богословие, односно Божественото Писмо, зборува за девет небесни собранија; тие собранија овој божествен свештеноучител ги дели на три троични групи. А првата тријада ја сочинуваат , вели , оние ангели што секогаш се во близина на Бога и се подготвени веднаш да се соеднинат со Него , односно – тоа се шестокрилните Серафими, многуоките Херувими и најсветите Престоли ; втората тријада се чиновите на Господствата , на Силите и на Властите; а третата и последна се чиновите на Началствата , на Архангелите и на Ангелите .Некои , навистина , сметаат дека анагелите се создадени преку другите созданија , како што вели Григориј Богослов: Бог, значи, прво со умот ги промислил ангелските и небесните сили , и таа помисла станала дело. Други, пак, велат дека ангелите се појавиле по создавањето на првото небо. Но дека настрадале пред да биде создаден човекот, тоа сите го признаваат. Јас лично ги делам мислењата на Григориј Богослов, зошто прво требало да биде создадена умнодостижната суштина, потоа сетилната, за потоа од тие две суштинида биде создаден самиот човек.Преку устата на оние што велат дека ахгелите се творци на некаква суштина зборува нивниот татко, ѓаволот, зошто ангелите се создадени и неможат сами да создаваат . Творец и Промислител и Пазител на се е Бога, Кој единствен е несоздаден и Кој се прославува и славословиво Отецот и Синот и Светиот Дух.

"АНГЕЛИ"
Бог ги создал и ги створил и ангелите , со дух и со нематеријален оган им го дал постоењето од непостоење , според образот на Својата бестелесна природа , вид духили нематеријален оган , како што вели божествениот Давид: Ветровите ги правиш Свои гласници (ангелите), а слугите Свои огнен пламен, опишувајки ја така нивната бестелесност и огненост, вдахновеност и топлина и проникливост , како и силниот стремеж да Му служат на Бога , устремени угоре и ослободени од секаква мисла за материјалното.

Со други зборови, ангелите имаат умствена суштина, вечно движечка, со слободна волја, бестелесна, која Му служи на Бога, и имаат бесмртна природа по благодат: карактерот и ограниченоста на таа суштина ги познава само Творецот. А бестелесна и нематеријална се нарекува во однос на нас , но во споредба со неспоредливиот Бог се изгледа грубо и материјално, бидејки само Тој навистина е нематеријален и бестелесен.
Ангелите , значи, имаат словесна, умствена природа, слободна волја и желба за промена, односно променливи се по своја волја. Се што е создадено е и променливо, а непроменливо е само она што е несоздадено. А се што е словесно има слободна волја. Бидејки природата на ангелите од една страна , е словесна и умствена , таа има слободна волја , а бидејки е создадена , таа е и променлива, и има власт да остане постојана и да напредува во доброто, но и да се сврти во погрешна насока.
Ангелите не можат да се покајат, зошто се бестелесни; зошто, човекот ја добил можноста да се покае поради својата телесна слабост.
Тие се бесмртни, но не на природа , туку на благодат. Знаеме дека се што има почеток, природно има и свој крај. А само Бог постои вечно, поточно, над секоја вечност, зошто Творецот на времето не е под власт на времето туку над времето.
Ангелите се втората светлина, достижна само со умот, и својата светлина ја примиле од првата и беспочетна Светлина; тие немаат потреба да зборуваат или да слушаат , туку без изговорен збор си ги пренесуваат еден на друг сопствените мисли и намери.
Сите ангели, значи, се создадени преку Словото, и исполнети се со Светиот Дух , осветени се според достоинството и според чинот и учествуваат во светлината и во благодатта .
Ангелите се просторно ограничени, зошто , кога се на небото, не се во исто време и на Земјата, а кога од Бога се испратени на Земјата , не остануваат и на небото. Не застануваат пред ѕид или врата , пред брави и печати, зошто се неограничени. А ги нарекуваме неограничени, затоа што Бог им дава можност да им се јавуваат на оние што се достојни за тоа, и тоа не во својот вистински облик, туку преобразени, соодветно на способноста на оние што ги гледаат. Зошто, само природата на несоздаденото не може да се ограничи. А секое создание е ограничено од Бога , Кој го создал.
Ангелите не се осветени од својата суштина туку од Светиот Дух; пророкуваат благодарение на Божествената благодат, и немаат потреба од брак, зошто не се смртни. Бидејки се умови, ангелите се наогаат во простори достижни за умот, и не може телесно да се опишат, зоштно не примаат телесен обликспоред природните закони, како телата, ниту имаат три димензии, туку присуствуваат духовнои дејствуваат насекаде каде што им е заповедано , но не можат истовремено да бидати да дејствуваат на различни места.

Дали сите ангели имаат еднаква суштина, тоа не ни е познато. Тоа го знае само Бог Кој ги создал и Кој знае се. Тие се разликуваат според просветленоста и според местото што го заземаат; или заземаат место според просветленоста, или во просветлувањето учествуваат спред местото што го заземаат, и се просветлуваат еден со друг сходно хиерархијата на нивниот ангелски чин и на нивната природа. Јасно е , повисоките ангелски чинови им пренесуваат просветление и знаење на пониските.

Тие се моќни и подготвени да ја исполнат секоја Божествена волја и, благодарение на природната брзина, се јавуваат во еден миг секаде каде што ке ги повика Божествениот знак; ги чуваат краевите на Земјата, ги предводат народите и земјите како што им е одредено од страна на Создателот, управуваат со нашите дела и ни помагаат. Општо земено, според Божјата волја и заповед тие не надминуваат и секогаш стојат блиску до Бога.

Ангелите тешко му се препуштаат на злото , макар што не се апсолутно непоколебливи, сега, всушност, се непоколебливи, но не по природа , туку по благодат и поради приврзаноста само кон доброто. Бога Го созерцуваат според сопствените можности и преку тоа се наситуваат. Нас лугето не надминуваат со тоа што се бестелесни и што се ослободени од секакво телесно страдање; меѓутоа , не се целосно нестрадални, зошто единствено Божеството е нестрадално.

Можат да се преобразат во се што ќе им заповеда Бог и така да им се јават на лугето и да им ги откриваат Божествените тајни.

Тие престојуваат на небото со една задача: со песна да Го величат Бога и да и служат на неговата Божествена волја . И како што вели најсветиот и најблажениот и најбогословесниот Дионисиј Ареопагит: Само богословие, односно Божественото Писмо, зборува за девет небесни собранија; тие собранија овој божествен свештеноучител ги дели на три троични групи. А првата тријада ја сочинуваат , вели , оние ангели што секогаш се во близина на Бога и се подготвени веднаш да се соеднинат со Него , односно – тоа се шестокрилните Серафими, многуоките Херувими и најсветите Престоли ; втората тријада се чиновите на Господствата , на Силите и на Властите; а третата и последна се чиновите на Началствата , на Архангелите и на Ангелите .

Некои , навистина , сметаат дека анагелите се создадени преку другите созданија , како што вели Григориј Богослов: Бог, значи, прво со умот ги промислил ангелските и небесните сили , и таа помисла станала дело. Други, пак, велат дека ангелите се појавиле по создавањето на првото небо. Но дека настрадале пред да биде создаден човекот, тоа сите го признаваат. Јас лично ги делам мислењата на Григориј Богослов, зошто прво требало да биде создадена умнодостижната суштина, потоа сетилната, за потоа од тие две суштинида биде создаден самиот човек.

Преку устата на оние што велат дека ахгелите се творци на некаква суштина зборува нивниот татко, ѓаволот, зошто ангелите се создадени и неможат сами да создаваат . Творец и Промислител и Пазител на се е Бога, Кој единствен е несоздаден и Кој се прославува и славословиво Отецот и Синот и Светиот Дух.

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: