Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Насловна

 

Sample Image

 

На празникот на Светото Вознесение Христово, во храмот посветен на Вознесението во Велес беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение бројно свештенство на епархијата. Традиционално, молитвено присуствуваа голем број верници од градот Велес. По завршувањето на Литургијата беше осветена вода и беа осветени и прекршени празничните колачи.

Фотографии на следниот линк: https:/photos.app.goo.gl/b6urX7HhEYSUrs8V7

 

Вознесение Христово

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.

А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево? И Он им одговори: Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата (Дела 1, 4 - 8). И веднаш, додека гледаа како се крева на небото, двајца мажи во бела облека, всушност ангели, благовестеа за Второто доаѓање на Христос на земјата. Наспроти упатството да не умуваат околу времињата на овие настани, кои се во Божја власт, во првите години па и векови по Вознесението, христијаните очекуваа самите да бидат очевидци на земјата на славната Парусија Господова.

 

 

 

Sample Image

 

На 29. 05. 2022 година, се изврши преосветување на црквата „Св. вмч. Георгиј“ во валандовското село Пирава. Чинот на преосветување на храмот го извршија Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во сослужение на повеќе клирици на Македонската православна црква.

По чинот на осветувањето се отслужи и Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Повардарски г. Агатангел. Чинот на преосветување на храмот, како и Божествената Литургија молитвено ги проследија голем број жители на селото Пирава. Црквата „Св. вмч. Георгиј“ се преосвети по завршувањето на целосното надворешно и внатрешно реновирање, при што беше поставен нов инокостас, како и нов фрескоживопис.

Во предвечерјето на овој свет чин се отслужи празнична Вечерна богослужба.

Фотографии на следниот линк: https:/photos.app.goo.gl/XQdvDabEuTA71PyBA

 

 

Sample Image

 

На 24 мај 2022 г. во денот кога Црквата го прославува поменот на сесловенските учители и просветители, Солунските браќа Кирил и Методиј, во Соборниот храм во Скопје, посветен на нивниот најславен ученик, светиот Климент Охридски,  се случи многу радосен настан – беше отслужена Божествена Литургија на која чиноначалствуваа претстојателите на Српската Православна Црква, Неговата Светост Патријархот г.г. Порфириј и на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, а во сослужение со многубројни архијереи од двете Цркви, и тоа: Високопреосвештените Митрополити Црногорско-приморски г. Јоаникиј, Преспанско-пелагонијски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион и Кумановско-осоговски г. Григориј, и Преосвештените Епископи Сремски г. Василиј, Бачки г. Иринеј, Зворничко-тузлански г. Фотиј, Крушевачки г. Давид, Ремезијански г. Стефан и избран Шабачки г. Јеротеј, Полошко-кумановски г. Јоаким и Брегалнички г. Марко. На архијереите им сослужуваа архимандрити, протопрезвитери, игумени, презвитери, протоѓакони и ѓакони од обете Цркви, а Соборниот храм беше преисполнет од верен народ кој со исклучителна радост и духовно веселие зеде евхаристиско соучество во овој велик ден во кој и во нашата Татковина се збидна она што после педесет и пет тегобни години конечно се случи минатата седмица во Белград – сослужување меѓу Српската и Македонската Православна Црква, со што се залечи болната рана на црковното неопштење.

Со својата беседа Неговата Светост Патријархот г.г. Порфириј дотолку ја зголеми радоста на сите присутни чеда на нашата помесна Црква, обзнанувајќи дека на штотуку завршениот Свет архијерејски собор на СПЦ била донесена едногласна одлука за прифаќање на молбеното барање на МПЦ за добивање на автокефалија! Оваа благовест на Српскиот Патријарх беше пречекана со громогласен, повеќеминутен аплауз и небројни солзи радосници од верниот народ, кој конечно дочека да ги слушне зборовите за коишто толку молитви принесуваа и толкав труд вложуваа нашите претци.

Потем словеше Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, кој заблагодарувајќи им се на Неговата Светост и на сите архијереи на СПЦ, соопшти уште една радосна вест. Имено, по покана од Вселенскиот Патријарх, Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј, делегација од МПЦ, на чело со Архиепископот ќе сослужува со Вселенскиот Патријарх на Божествената Литургија на Педесетница, којашто ќе биде отслужена во Константинопол.

Фотографии на следниот линк: http:/mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/torestveno-sosluzuvanje-na-prestojatelite-na-spc-i-mpc-2022/

 

 

 

Sample Image

 

Во чест на споменот на светите македонски просветители Кирил и Методиј, на 23.05.2022 година се отслужи Вечерна богослужба во храмот посветен на овие наши светители во Велес. На богослужбата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На самиот ден посветен на светите рамноапостолни просветители Кирил и Методиј се отслужи света Божествена Литургија, во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, а во молитвено присуство на голем број велешани.

фотографии на следниот линк: https:/photos.app.goo.gl/j5vkMjyeyavjcykc8

 

 

Sample Image

 

На 21.05.2022 година во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во молитвено присуство на Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополит Дебарско-Кичевски г. Тимотеј и поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше воскресна вечерна богослужба. После вечерната богослужба беше отслужена последната панихида за новопрославениот угодник Божји, преподобниот Јоаким Крчовски.

Проповед на Митрополитот Повардарски г. Агатангел за новопрославениот угодник Божји, преподобниот Јоаким Крчовски: http:/www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/index.php?option=com_content&task=view&id=2746&Itemid=104

 

Sample Image

 

На 22.05.2022 година во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана, г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во сослужение на: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит Брегалничлки г. Иларион, Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, поранешен Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, епископ Хераклејски г. Климент и епископ Стобиски г. Јаков.

На Божествената Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски – учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил. На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

Sample Image

 

Во четвртата недела по Пасха, Неделата на Раслабениот, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Тимјаник.

Фотографии на следниот линк: https:/photos.app.goo.gl/eKKzyMuNxnu6Y2vY8

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: