Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Фотографија на велешки комити од четите на Алабакот, Докурчев и Офицерчето

Фотографија на која се фотографирани 25 велешки комити, меѓу кои и три жени, од четите на велешките војводи Алабакот, Докурчев и Офицерчето ми дојде до рака при случајна средба со пријатели. Станува збор за фотографија што е сопственост на велешко семејство. Точно се знае дека фотографијата е направена во 1950 година. И засега толку, бидејќи во изминатиот период и покрај истражувањето на кое му се посветив за жал не открив кои се овие фотографирани личности. Затоа со сопственикот на фотографијата одлучивме да ја ставиме на увид пред јавноста бидејќи заедничка ни е целта да откриеме што повеќе информации поврзани со приказните кои ги раскажуваа постари велешани и според кои во четите на велешките војводи Алабакот, Докурчев и Офицерчето освен мажи имало и жени војводи.

alabakot

Инаку во историографските податоци е запишано дека во Крушево, за време на Илинденското востание во 1903 година, учествувале и три чети од Велес со повеќе од 180 комити. Во одбраната на илинденската република, прва создадена на Балканот, учествувале и четите на војводите Јован Наумов Алабакот, Андреја Димов Докурчев и Тодор Христов- Офицерчето.

По загушувањето на Илинденското востание и невидениот терор од страна на турската војска, дел од борците кои останале живи, побегнале во планините, некои се вратиле дома и се криеле за да не ги пронајдат Турците, а некои пак заминале за Бугарија.

Сега додека го истражуваме токму тој период од минатото на Велес особено добредојдена ќе ни биде информацијата од сограѓаните кои во ликовите на војводите, на оваа фотографија, можеби ќе препознаат блиски роднини, дедовци или баби.

ДУМА.мк

Стоилко Андреевски

Original Link...

Tags: None
0 comments
Report        

Read On: