Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН НА 1295 ЗАГИНАТИ МАКЕДОНЦИ ОД ВАРДАРСКИОТ БАТАЛЈОН ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО КОСТОЛАЧКА КОСА

                                                         МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО СРБИЈА  
   310684829 8113178578756610 2870345867694060860 n        309632

   

                                         МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО СРБИЈА

3 октомври 2022 година, Пожаревац, Србија

 

- Во организација на Македонското здружение “Кочо Рацин“ од Белград викендов во месноста Костолачка Коса, во дворот на српската православна црква “Свети Ѓорѓи“ кај Пожаревац, се одржа традиционалното чествување Помен за вечен спомен на 1295 загинати Македонеци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна.

 

- Секоја година Македонците во Србија го одбележуваат настанот од 1915 година на местото каде загинале голем број Македонци од Вардарскиот баталјон. Се потсетуваме на нивните храбри срца и евоцираме спомени од тие времиња, - изјави претседателката на Македонското здружение “Кочо Рацин“ од Белград, Лидија Демниева.

 

За време на Првата светска војна, Кралството Србија извршило мобилизација на Македонците на територијата на денешна Македонија, од кои е формиран и Вардарскиот баталјон, со вкупно 1300 борци од Тетовско, Гостиварско, Кумановско, Поречието и од Кривопаланечкиот и Кратовскиот регион. Од нив во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во рамки на српската војска, загинат е речиси целиот Вардарски баталјон или вкупно 1295 војници, од кои - 473 во борбите за одбраната на Белград и Смедерево, 627 војници загинале на Костолачка Коса, 60 ги загубиле животите при повлекувањето на српската војска кон Албанија, каде загинуваат уште 60 војници, со што Првата светка војна ја преживеале само пет Македонци припадници на оваа единица.

 

Македонската заедница во Србија под претседателство на Гојко Илиевски повторно ја актуелизира иницијативата поднесена до надлежните српски власти да се подигне споменик за сите паднати 1295 Македонци од Вардарскиот баталјон.

 

- Тој споменик би требало да се подигне во село Петка, кое се наоѓа недалеку од овде, каде што има веќе споменик за паднатите борци, но од српска националност. Ние бараме тоа да се официјализира и да се направи и за Македонците од Вардарскиот баталјон. Се надеваме дека Владата на Република Србија и Министерството за култура ќе ни овозможат тоа да се реализира, - изјави Демниева.

 

На одбележувањето и полагањето свежи венци присуствуваше и претседателот на пожаревачката Градска општина Костолац, Серџо Крстаноски и делегација на Македонската амбасада во Белград, предводена од в.д. амбасадорот Михаела Веселинов.

 

Нека Господ Бог ги насели душите на загинатите Македонци од Вардарскиот баталјон кои загинале во Првата светска војна во Србија во Царството небесно каде што почиваат душите на праведниците. Вечна им слава и памјат.

 

Светскиот Македонски Конгрес го поддржува одржувањето на ова традиционално чествување во Србија.

 

1odor Тодор Петров

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: