Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Искажувања на македонските учители во Пиринска Македонија (2)

- Во Горна Џумаја (денешен Благоевград) пристигнавме на самиот почеток на 1948 година, - започна да раскажува Менка Димнитровска. Ни беше приреден многу средечен пречек што доликува на еден толку голем и значаен настан за нашите Македонци во Пиринска Македонија. Јас и моите две другарки (Љубица Антевска од Куманово и Невена … од Кавадарци) бевме импресионирани, малку збунети, но солидно подготвени за ивршување на доверената задача.

УЧЕНИЦИТЕ ПИШУВАА ЛИЕТАРТУРНИ ТВОРБИ НА МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

 

kiril-dobrusevski
Кирил Добрушевски

-Во Горна Џумаја (денешен Благоевград) пристигнавме на самиот почеток на 1948 година, - започна да раскажува Менка Димнитровска. Ни беше приреден многу средечен пречек што доликува на еден толку голем и значаен настан за нашите Македонци во Пиринска Македонија. Јас и моите две другарки (Љубица Антевска од Куманово и Невена … од Кавадарци) бевме импресионирани, малку збунети, но солидно подготвени за ивршување на доверената задача.

По краткиот престој во Горна Џумаја, јас бев распоредена во убавото село, раштркано на падините на славната и опеана Рила, Бистрица. Во ова село, кое инаку, месното население во шега го викаше и Мал Лондон (се простираше во пречник од 20 километри), бев мошне добро применба.

Во седмолетката каде што работев веднаш воспоставив контакт со колешките и колегите. Особено се спријателивме со колешката по бугарски јазик –Автономка Николова, која многу ми помогна при сместувањето.

Ѕидниот весник – огледало на расположението на учениците

Кога ги започнав предавањата по македонски литературен јазик и македонска национална историја, кај учениците забележав голема возбуда. Тоа за мене беше сосема нормално, зашто тие деца, конечно, добија можност да го изучуваат својот јазик и историја. Она што за нивните родители беше само мечта, тие навистина го добија (барем тогаш).

Учениците со задоволство ги следеа часовите по овие два, за нив од историско значење, предмети. Впрочем, огледало на нивната расположаб беа литературните творби што ги пишуваа и објавуваа на ѕидниот весник што јас го уредува. Љубовта кон македонскиот јазик, македонската национална историја и кон слободата, учениците ги изразуваа во своите литературни творби напишани на македонски литертурен јазик. Ѕидниот весник, од ден на ден, стануваше се побогат и се поинтересен. Учениците се натпреваруваа кој ќе напише поубава литературна творба. Очигледно, тоа ја поттикнуваше љубомората кај моите колешки. Директорот често им префрлаше на колешките зошто тие не издаваат весник на бугарски јазик.

Мојата активност беше одбележана и во горноџумајскиот весник “Пиринско дело”

Покрај предавањата во училиштето јас имав организирано и курсеви по македонски литературен јазик и македонка национална историја за бригадирите што работеа на изградбата на патот Бистрица – Горна Џумаја и за бригадирите што ја градеа фармата. Првите беа, главно, интелектуалци – студенти, а вторите беа претежно од работничка младина. Со бригадирите подготвивме мошне солидна културно-уметничка програма која покрај во бригадирската населба ја дадовме и во горноџумајскиот театар.

Раководејќи се од љубовта на учениците кон македонската книга успеав да отворам во Бистрица библиотека со македонска литература. Мојата активност беше мошне позитивно оценувана, па затоа беше одбележана во “Пиринско дело”.

Многу ми е жал што моментно не можам да го пронајдам весникот “Пиринско дело”, а уште повеќе што не можам да ви најдам и примероци од ѕидниот весник со литературните творби на учениците. Ако ги пронајдам ќе ви ги дадам да ги објавите и да се уверите во љубовта на тие деца кон сопственото македонско национално битие…

За Резолуцијата на Информбирото дознав по неколку дена

Сите работевме со голема љубов и залагање. Токму затоа резултатите беа се подобри.  Работевме без да мислиме дека еден ден некој нашето дело ќе го пресече. Ваква надеж ми влеваа учениците и населението со кое доаѓав во контакт. Но, дојде и тој трагичен крај кога моравме да се разделиме со учениците и со пријателите.

Во времето кога дојде до објавувањето на Резолуцијата над Бистрица паѓаа силни дождови. Реката Бистрица толку многу надојде што го однесе и мостот. Така, кога јас се обидов да одам на предавање кај бригадирите бев приморана да се вратам зашто реката не се преминуваше. Така, за Резолуцијата разбрав по неколку дена од нејзиното објавување, кога дојдов во Горна Џумаја и ја посетив книжарницата на “Македонска книга”. Таму ме запознаа со ситуацијата и ми рекоа веднаш да се вратам во НР Македонија.

(Продолжува)

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: