Сард Други Видеа

Игумен Методиј, изложба «Валаам историја на Преображението»
Поставено од Сард
Објава: 05 јули 2016 | 0 издвоено
стави оценка
497 прегледи
Description
Отец Методиј, игумен во Спасо-Преображенскиот Валаамски Манастир на островот Валаам е од Македонија, и станал лауреат на годината 2012 во Република Карелија! За зацврстување на меѓунационалниот и меѓурелигиозниот мир и согласност, духовното и морално воспитување и просветување на граѓаните, за сочувување на традициите и историско-културните наследства на Карелија. И за сигурната организација на превоз на ученици од селото Новое Јушкозеро, за активната и ефективна работа во решавањето на прашања од локално значење. А секако неговата помош и поддршка за луѓето што дури од Македонија ќе стигнат да го посетат ова свето место, заслужува и поголеми признанија! Во Спасо-Преображенскиот Валаамски манастир има двајца монаси од Македонија, отец Методиј и отец Наум, и ако човек отиде таму за Велигден, низ прекрасните служби често ќе чуе: Христос Воскресна, и веќе сите чести посетители знаат дека тоа е на македонски и во хор ќе одговорат „Вистина Воскресна“! Честитки и многаја лета! Извор: https://www.facebook.com/SvetiniteNaRusija/
URL  |  HTML code
еПошта на примателот(*):

Со запирки раздвој ги епошта (адресите) упатниците (не повеќе од 5).

Message: