Храм - Манастир Слепче »

  • ВЕЛИКИ

    Posted 2021-05-06 04:00:06 by: Миле Миланоски

    Comments: 0   View more...

  • За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис I дел

    Posted 2021-05-05 02:01:02 by: Миле Миланоски

    30/03/2021            Прославуваме, како што знаете, денес, втора недела на постите, слава на светиот Григориј Палама, архиепископ Солунски, чудотворец. Црквата денес ни определи да се извршува споменот на светиот Григориј Палама, како денес да е втора Недела на Православието – зашто светиот Григориј од 14 век – светогорец на почетокот монах и еромонах, и потоа архиепископ Солунски – ги зацврсти Православната вера, Православната вистина и Православниот живот. Многу големо е значењето на свети Григориј Палама за запазување, како што кажав на Православната вера и Православниот живот. Три се главните карактеристики на учењето на свети Григориј Палама со кое се утврди вистината на Црквата ни.     Првиот момент е дека човекот, Христијанин, е возможно во својот живот да го прими искуството на Благодатта Божја. Зашто западните, еретиците, како Варлаам што доаѓаше од запад и беше филозоф и не беше Православен, ја порекнуваа оваа вистина и велеа дека Христијаниниот не може да го прими искуството на Благодатта Божја. Велеа дека човекот само умствено, ...

    Comments: 0   View more...

  • Толкување на Исусовата молитва - Свети Марко Евгеник Ефески

    Posted 2021-05-03 00:00:28 by: Миле Миланоски

    19/04/2021 Беседа за зборовите кои се произнесуваат во молитвата - „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме„   Не е наше да зборуваме за тоа колкава е силата на оваа молитва, што сé им дарува на оние кои ја употребуваат и во какви личности ги изградува. Значи, божествените зборови на оваа молитва ги изнесуваат во почетокот свештените Отци наши (Макариј, Дијадох, Варсануфиј ...), но, не ги смислија сами од себе, ниту по свој ум, туку одозгора зедоа за себе почеток, односно од самото Божествено Писмо и од тројцата врховни апостоли Христови. Подобро кажано, ги примија и ни ги предадоа нам, како некое наследство кое им слезе одозгора – од Отецот Небесен. Оние коишто не можат од искуството да научат, од овој текст ќе им биде јасна и очигледна божественоста на таа свештена молитва, како и тоа дека почива на пророштва. Ние, имено, веруваме дека Христос преку божествени пророштва и духовни откровенија и гласови Божји им даде што да напишат и да кажат. Еве веднаш пребожествениот Павле, како од трето небо да ни довикува: „Никој не може да каже дека Исус ...

    Comments: 0   View more...

  • ВЕЧЕРВА

    Posted 2021-05-02 16:01:21 by: Миле Миланоски

    02/05/2021 Ќе се собереме - од краиштата на сите времиња - погледи ќе си размениме - во вечер која утро ќе дочека. Заедно - опашани со ограда - во круг околу Чесна Трпеза - љубовно заробени од Света Литургија. Ајде, ајде повикани - браќа и сестри, ктитори - и сите вие од минато христијани - спомнати на сите четири страни - во молитви на ѕидови од Храмот испишани. Торжествено да си спомнеме - за молби осветени, исполнети – - сите Едно да сме - во овие Воскресни мигови. Небо отвори се, - Храму подигни се, - Огну Небесен посети нѐ, - во срца наши распали се. Мисла чиста - застанала на уста човечка, - виор од срце излегува на површина - се шири по цела вселена - Христос Воскресе !                        Од поезијата Манастирски води на сестринството на манастирот   ...

    Comments: 0   View more...

  • На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

    Posted 2021-04-30 02:01:06 by: Миле Миланоски

    08/04/2021 ... Но и денес, како што можеби разбравте, Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогшна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос – свештенослужеше во свети Јован на улицата Булиагмени, во мала црквичка, пред да се направи големиот храм кој што е денес. Беше еден прост отец кој што секоја ноќ правеше бдение, даваше сé како милостина, постеше и се молеше и служеше секој ...

    Comments: 0   View more...