МПЦ-ОА - Дебарско Кичевска Епархија »

  • Posted 2020-07-04 14:04:01 by: Сард

    „Пречесниот спомен на твоите светли подвизи е како големо сонце кое свети, просветлувајќи ги сите оние кои те слават тебе, бидејќи изгонува секаква болест и бесови. Поради тоа, собрани, со љубов верно да го прославиме“ (кондак на Утрена на преп. Наум Охридски).   На 03.07.2020 година, во ман. „Св. Наум Охридски“, торжествено продолжи прославата на Охридскиот светија, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошкко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Пимен се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2020-07-04 14:04:01 by: Сард

    „Откако ја прими благодатта на премудроста од Бога, Науме пречесни, и мноштвото мизијско го научи на благочестието, ти си темел и тврдина на православието, и украс на сите преподобни и испосници. Имајќи смелост пред Бога, Моли Го да се спасат душите наши“ (стихира на Господи повикава на Вечерна на преп. Наум Охридски Чудотворец).   На 02.07.2020 година, во навечерието на празникот на преп. Наум Охридски Чудотворец, во манастирот во кој преподобниот го изградил и се подвизувал, започна торжествено да се прославува великиот Црноризец, кој не им даваше дремка на своите очи, постојано молејќи се пред Бога за сите луѓе. Затоа и Бог го обдарил со благодат за исцеленија и никој од оние кои доаѓале кај него со вера да побараат помош не се вратил без лек - телесен и душевен. Затоа и култот на преп. Наум е нашироко распространет, како во Македонија, така и многу пошироко. Прославата на преп. Наум започна со свечена Вечерна ногослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2020-07-03 04:02:24 by: Сард

    Почитувани верни чеда на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на Дебарско-кичевската епархија. Во очекување на големиот празник на светиот свештеномаченик Еразмо Охридскиот Чудотворец, Ви го испраќаме следното ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2020-07-01 16:03:57 by: Сард

    Почитувани верни чеда на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на Дебарско-кичевската епархија. Во очекување на големиот празник на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, Ви го испраќаме следното ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2020-07-01 00:00:31 by: Сард

    „Богоносен и префален Вартоломее, навистина се покажа како разгорен јаглен од Светиот Дух, изгорувајќи го сеното на прелеста, и просветлувајќи ги срцата на оние кои те воспеваат со вера“ (песна од канонот на Утрена на св. ап. Вартоломеј и Варнава).   На 24.06.2020 година, на празникот на св. ап. Вартоломеј и Варнава, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. ап. Вартоломеј“ во с. Годивје, општина Дебарца, Охрид. Храмот започна да се гради во 2018 година, а ктитор на храмот е д-р Бошко Ставрески со семејството. Иконостасот е дело на Гоце и Филип Крстевски од Битола, а фрескоживописот и иконите се дело на Марјанчо Ристески од Охрид. По осветувањето на храмот се отслужи и првата Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2020-06-30 00:02:33 by: Сард

    „Откако се покажа како љубител на Господа, и крстот го зеде на рамо, си Го следел Него и животот си го завршил; Евангелието си го објавил јасно и вистински, во Охрид си ги просветлил сите народи; затоа, удостоен со божествени венци, си примил смелост, преславен ерарху! Поради тоа те повикуваме: Моли се на Христа Бога, да ни даде прошка на гревовите, нам кои со љубов го празнуваме твојот свет спомен“ (седален на Утрена на св. свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец).   И оваа Господова година, иако се наоѓаме во вондредни услови, споменот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридскиот Чудотворец, свечено беше прославен во манастирот во кој тој се подвизуваше и на Бога Му принесуваше угодни молитви. Празнувањето започна на 14.06.2020 година, во вечерните часови, со празнична Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2020-06-30 00:02:33 by: Сард

    „Како првини на природата, Засадителу на тварта, вселената Ти ги принесува, Господи, Твоите богоносни маченици. По нивните молитви, Многумилостиве, во длабок мир запази ја Црквата Твоја и народот Твој, преку Богородица“ (кондак на Утрена во Недела на Сите светии).   На 14.06.2020 година, во Неделата на сите светии, во манастирот „Сите Светии“ („Си Свети“) во с. Лешани, општина Дебарца, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на еромонахот Вартоломеј, старешина на манастирот, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...