МПЦ-ОА - Скопска Епархија »

  • Соопштение

    Posted 2021-09-13 11:19:04 by: Сард

    Сите православни христијани се повикуваат, при пописот на населението, да ја искористат можноста, во делот за религиозна припадност, да се изјаснат како православни христијани, бидејќи таа опција постои во методологијата за попишување, а попишувачите се обврзани таквата определба да ја заведат при пописот.  Православен христијанин – е јасна и недвосмислена идентитеска определба на сите кои ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургија во денот на Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител

    Posted 2021-09-11 13:06:00 by: Сард

    На 11.9.2021 година, на празникот Отсекување на главата на свети Јован Крстител, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Божествена Литургија во храмот „Рождество на свети Јован Крстител“ во населбата Бутел. Во галеријата ви приложуваме и фотографии од денешното литургиско празнување во храмот посветен на светиот Јован Крстител во Капиштец. ...

    Comments: 0   View more...

  • Телеграма со сочувство

    Posted 2021-09-09 12:30:06 by: Сард

    Почитувана госпоѓо Арифи, Со жалење ја примивме веста за несреќата што се случи во Тетовската ковид модуларна болница, кадешто животот го загубија десетина пациенти. Сострадувајќи со болката на ближните на постраданите, од Свое, како и од името на верниот народ и клирот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, примете најискрено сочувство за невино постраданите, ...

    Comments: 0   View more...

  • Започна меѓународниот саем на книгата

    Posted 2021-09-08 08:52:11 by: Сард

    Од денес, 8.9.2021 до 14.9.2021 година, пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржува Меѓународниот саем на книгата. На него традиционално, веќе едно десетлетие, учествува Македонската Православна Црква. Годинава на нашиот штанд своите издавачки дејности ќе ги претстават: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија. Ги повикуваме сите љубители на книгата да го ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургија во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје

    Posted 2021-08-09 12:31:53 by: Сард

    На 09.8.2021 година, кога Црквата го празнува споменот на свети Климент Охридски, св. Седмочисленици и св. Пантелејмон, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен богословот Дарко Ставрев.       ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургиска прослава на Света Петка во Црниче

    Posted 2021-08-08 15:49:36 by: Сард

    Денес, на 08.08.2021 година, кога Црквата го празнува споменот на светата маченичка Параскева (Петка) Римјанка, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот „Света Петка“ во населбата Црниче. ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургиска прослава на Илинден во храмот „Свети Илија“ во Аеродром

    Posted 2021-08-02 16:05:44 by: Сард

    Денес, на 02.08.2021 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророкот Илија – Илинден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот „Свети Илија“ во населбата Аеродром. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Пројчевски. По Литургијата беше отслужена Панихида за сите борци кои ги дадоа ...

    Comments: 0   View more...

  • Илинденско послание

    Posted 2021-07-29 11:53:03 by: Сард

    † СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА, А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА     Стојте така во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте ...

    Comments: 0   View more...

  • Панихида за Архимандрит Методиј

    Posted 2021-07-23 13:11:55 by: Сард

    На 23.7.2021 година, во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по Заупокоената Литургија, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Панихида за новопреставениот Архимандрит Методиј. Архимандритот Методиј (1961, Блатец), кој се упокои вчера, на 22.7.2021 г., во Санкт Петербург, беше еден од највидните монаси во Валаамскиот манастир, свештената обител во која тој се подвизуваше ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургиска прослава на Иванден во н. Бутел

    Posted 2021-07-08 13:17:00 by: Сард

    На 07.07.2021 година, на празникот Рождеството на Свети Јован Крстител – Иванден, беше отслужена Божествена Литургија во храмот „Рождество на Свети Јован Крстител“ во н. Бутел. На Литургијата присуствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан. ...

    Comments: 0   View more...

  • Литургиска прослава на Свети Наум Охридски во Радишани

    Posted 2021-07-03 18:07:31 by: Сард

    На 03.07.2021 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот Наум Охридски, беше отслужена Божествена Литургија во храмот „Свети Наум Охридски“ во с. Радишани. На Литургијата присуствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. ...

    Comments: 0   View more...

  • Панихида по повод полугодишнината од упокојувањето на митрополитот Горазд

    Posted 2021-06-27 21:55:53 by: Сард

    На 26.6.2021 година, по Заупокоената Божествената Литургија отслужена во манастирот “Свети Илија” во Чардак, Скопје, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го освети надгробниот споменик на блаженоупокоениот поранешен Митрополит Горазд и отслужи Панихида по повод полугодишнината од неговото упокојување. ...

    Comments: 0   View more...