ПорталМК - Покајание »

  • Не барај другите да те сакаат! (Старец Порфириј)

    Posted 2021-05-04 15:03:18 by: Сард

    Не барај другите да те сакаат Во некоја друга прилика, кога бев ожалостен зашто не наидов на одговор на љубовта од некои луѓе, Старецот ми рече: „Денес луѓето бараат другите да ги сакаат; поради тоа и доживуваат неуспех. Правилно е да не се осврнуваш на тоа дали тебе те сакаат, туку дали ти го сакаш ...

    Comments: 0   View more...

  • Секогаш моли се да љубиш и да простуваш

    Posted 2021-05-04 14:45:41 by: Сард

    СО СТАРЕЦ ПОРФИРИЈ… Ме привлекуваше животот за кој што зборуваше и каков што живееше Старецот, па се обидов да му се приближам. Меѓутоа, по секое откривање се уверував колку сум далеку од него. Моите потиснати болни искуства на неправда што ги имав доживеано, повремено негативно влијае на мене, така што поради нив станував невнимателен. Мислев ...

    Comments: 0   View more...

  • Дедо Наум – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО

    Posted 2021-05-01 15:08:25 by: Сард

    Воскресение Христово Во беспочетниот почеток на сѐ беше Ипостасот на Словото и Словото беше во Бог и Отец – од Кого предвечно се раѓа, и Словото беше Бог – Син Божји, едносуштен и еднославен со Отецот. Тој и во почетокот без почеток, и при создавањето на светот и на човекот – според икона и подобие ...

    Comments: 0   View more...

  • Негневливоста е пораз на природата – Лествица

    Posted 2021-05-01 13:10:34 by: Сард

    „Негневливоста е копнеж по понижувања, исто онака ненаситен како што кај суетните луѓе е ненаситно тежнеењето кон пофалбите. Негневливоста е пораз на природата, што се изразува во нечувствителноста за навреди, нечувствителност што произлегува од големи подвизи и изобилна пот. Кротоста е неподвижна состојба на душата којашто не се менува, без разлика дали трпи понижувања или ...

    Comments: 0   View more...

  • ЦВЕТНИЦИ – Да одлучиме на кое царство ќе бидеме слуги! (Дедо Наум)

    Posted 2021-04-24 11:01:47 by: Сард

    Цветници Конечно дојде времето да се исполнат Христовите зборови за Неговото страдање и Тој доаѓа во Ерусалим. И, конечно сфаќаме дека Неговото Царство не е од овој свет: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле…“(Јован 18, 36). Занемува човековиот разум пред овие ...

    Comments: 0   View more...

  • Прашање до свештеникот (околу кумството на Св. Тајна – брак)

    Posted 2021-04-19 16:37:57 by: Сард

    Здраво почитувани! Можеби нема начин, но би сакала да прашам. Годинава треба, здравје, ако помине пандемијата, да се венчаме и да направиме свадба. Но, со нашите кумови и старосвати што ги имаме, некако не чувствуваме никаква блискост од нивна страна. Дали е во ред да се откажат и да одбереме нови кумови ? Дали би ...

    Comments: 0   View more...

  • Велики понеделник – Спомен на блажениот Јосиф и исушената смоква

    Posted 2021-04-19 15:09:45 by: Сард

    СИНАКСАР Стихови на Јосиф прекрасниот: „Целомудрениот Јосиф, се покажа држител на правдата, Давател на пченица и ризничар на добра“.Стихови за исушената смоква: „Еврејското собрание, без духовни плодови, Христос го споредува со бесплодната смоква; Затоа да бегаме од страстите, зашто и ние еден ден би можеле да бидеме проколнати и исушени“. Во овој свет и Велик ...

    Comments: 0   View more...

  • Дедо Наум – Недела на света Марија Египетска (И најголемиот грешник има можност да се покае…)

    Posted 2021-04-16 16:24:46 by: Сард

    Недела на света Марија Египетска   „И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него. Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците. И ќе Го исмеат, ...

    Comments: 0   View more...

  • ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!! “Земете го вашиот крст и следете Ме”! – Ст. Софрониј

    Posted 2021-04-15 17:29:32 by: Сард

    ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!! Старец Софрониј 83. Кога ги гледаме страданијата на милиони човечки битија, не можеме да останеме бесчувствителни. На кој начин можеме да им помогнеме? Според христијанскиот поглед на светот, оваа трагедија на земјата е последица на непослушанието. Адам ја побара Божествената состојба, вечниот живот, прекинувајќи ја врската co својот Отец и Создател. Христос – ...

    Comments: 0   View more...

  • СТАТИИ ЗА ВЕЛИКИ ПЕТОК

    Posted 2021-04-14 16:54:25 by: Сард

     СТАТИИ ЗА ВЕЛИКИ ПЕТОК – МП БОГОСЛОВИЈА 2. стих: Блажени се тие кои со сето срце ги исполнуваат Божјите заповеди. Животе, зошто умираш И в гроб лежиш? Но, царството на смртта го разоруваш, Од адот мртвите ги издигнуваш. 3. стих: По патишта Негови одеа оние што беззаконија не твореа. Иисусе Царе, Тебе Те величаме, Гробот ...

    Comments: 0   View more...

  • ВЕЛИКА САБОТА – Христос лежи мртов, но Тој е жив!

    Posted 2021-04-14 14:35:34 by: Сард

    ВЕЛИКА САБОТА Утрената на Велика сабота обично се служи во петок навечер. Таа започнува со пеење на Бог Господ…, тропарот Благообразниот Јосиф… и следните тропари: Кога слезе во смртта, Животебесмртен, тогаш го умртви адот со блескавоста на Божеството, а кога мртвите ги подигна од подземјето, сите небески сили кликаа: Христе Боже наш, којшто даваш живот, ...

    Comments: 0   View more...