МПЦ-ОА - Струмичка Епархија »

  • Соопштение

    Posted 2020-07-09 00:02:33 by: Сард

    Соопштение (25.06.2020 13:43) Светиот архиjерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија  (МПЦ — ОА), на својата редовна седница, одржана на 25 јуни 2020 година, разгледа повеќе прашања од тековниот живот на Црквата, а особено внимание посвети на реакциите на верниот народ на МПЦ — ОА, кој беше спречен да ги посети вечните почивалишта на нивните ближни за Духовденската задушница, иако беа преземени сите пропишани мерки за заштита, предвидени од здравствените институции. Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија, заедно со свештенослужителите и верниот народ, уште еднаш покажаа дека ги почитуваат институциите на државата и придонесуваат во заедничката борба против заразната болест, за општото здравје на сите, но за да се избориме со ваквата заразна болест треба мерките да бидат почитувани од сите и еднакви за сите граѓани и институции на државата. Во таа насока, повикот од одредени општествени фактори за непочитување на мерките од страна на одредени личности и настани од тековниот молитвен живот на МПЦ — ОА, ...

    Comments: 0   View more...

  • Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“

    Posted 2020-07-08 18:02:10 by: Сард

    Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (08.07.2020 18:35) Деновиве излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на 20-годишниот јубилеј од основањето на ова списание за духовни вредности. „Секој јубилеј е спомен за некој успех, а истовремено и премин во наредниот. Овој јубилеј е посветен на Премин, списание за духовни вредности, кое веќе дваесет години успешно опстојува како противтежа на пропагандата на обременувачката (не)култура на денешницата во којашто живееме. Но, не како борба, туку како премин, отворање на можноста за друг начин на живеење, поразличен од овој конвенционалниот. Опфатен со современи теми, обработени од современи теолози и мислители, истовремено поврзан и со невенливите светоотечки ризници и житијата на светиите, Премин е секогаш актуелен и интересен. Прекрасен колоритен дизајн. Божествени фотографии. Сето тоа го прави да го чувствуваш како „твој“, како пријател со кого сакаш постојано да се дружиш. Преку Премин го пречекоруваме прагот на материјалниот и преминуваме во духовниот свет. Премин нè ...

    Comments: 0   View more...

  • Како да ја достигнеме молитвата на срцето

    Posted 2020-07-08 00:03:26 by: Сард

    Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020 15:46) Размислував на кој начин да ви покажам колку, всушност, молитвата на умот во срцето е многу блиска до секој од нас и како да го направиме самиот подвиг во молитвата наше реално секојдневие, па го срочив тоа што следи. Прво, во својата аскетска димензија, овој подвиг ни го овозможува православната вера; и второ, во својата благодатна димензија, овој подвиг ни го овозможуваат Светата Тајна Крштение во името на Отецот и Синот и Светиот Дух и причестувањето со Телото и Крвта Христови. Поконкретно, секој човек кој ќе се вчлени во Црквата, должен е да го стави својот ум во процес на исцеление, преку послушание кон духовен отец; со тоа се случува восогласување на начинот на неговиот живот со степенот на духовниот раст на кој тој се наоѓа. Овој степен се нарекува очистување на срцето од страстите. Кога духовното срце преку подвигот на послушание и молитва доволно ќе биде очистено, во него ќе се појави благодатта на Крштението. Местото каде што се појавува благодатта се нарекува „место на срцето“, а енергијата на умот, привлечена ...

    Comments: 0   View more...

  • Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво

    Posted 2020-07-08 00:03:26 by: Сард

    Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020 15:44) Слушнавте уште еднаш, како и многупати досега, што вели Богочовекот Исус Христос: „Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас Ме замрази“ (Јован 15, 18). Еве уште една можност да се потсетиме дека подвигот на христијанството во овој свет е неразделно поврзан со подвигот на мачеништвото. Всушност, тоа е еден и ист подвиг. Единствено маченикот има целосно право да биде наречен христијанин, а „нема никакви други права“. Што подразбираме ние, христијаните, под поимот свет? Свет се, пред сѐ, непреобразените страсти што постојат во нас; свет се гревовите што ги правиме; свет се демоните поврзани со непреобразените страсти и свет се луѓето кои, заробени од своите страсти, свесно или несвесно, им служат на демоните. Внатрешната или (и) надворешната војна што постојано ја водиме со светот или светот ја води против нас, односно напорот, страдањата и болките што ги претрпуваме притоа, за да останеме во љубовта на децата Божји кон својот Отец Небесен и кон своите ближни, нас нѐ прават маченици. Знаеме ...

    Comments: 0   View more...

  • Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие

    Posted 2020-07-07 18:03:52 by: Сард

    Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020 15:45) Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од начитаност и логика отколку знаење што произлегува од личносна заедница со Бог и своите ближни, во Телото на Воплотеното Слово, Црквата. „Теолошката наука што се учи во школите и која стана научна дисциплина достапна за сите не ни овозможува познание на Бог. Познанието на Бог извира од животот во Бог, кој се раѓа во внатрешноста на срцето“ (Старец Софрониј). Како се објаснува претходно напишаното? Штом срцето доволно ќе се очисти од страстите, се случува она што свети Григориј Синајски го нарекува актуализација на благодатта на Крштението. Односно, благодатта на Светото Крштение, која извира од доволно очистеното срце, ни го открива местото на срцето; а умот, неодоливо привлечен на тоа место, сака да остане таму, во заедница со Бог, внимателно и со плач следејќи ја вообичаената молитва ...

    Comments: 0   View more...

  • Никогаш човек не говорел така како Овој Човек

    Posted 2020-07-06 02:01:48 by: Сард

    Никогаш човек не говорел така како Овој Човек (08.06.2020 15:44) Дојдоа, пак, слугите кај првосвештениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“ А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек“. Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие? Поверувал ли некој од началниците и фарисеите во Него? Но, овој народ, што не го знае Законот, е проклет“  (Јован 7, 45–49).                 Еве уште едно евангелско четиво во кое јасно го забележуваме судирот меѓу словото на законот и духот на словото – во сила; меѓу формата и суштината; меѓу институцијата и харизматичната личност; меѓу формата на стариот завет и Духот на Новиот Завет; меѓу лажните пророци и Вистината Христос; меѓу секундарната и примарната функција на умот; меѓу дуализмот и исцеленоста; меѓу схоластицизмот и православниот духовен опит; меѓу болната логика и здравата мистика; меѓу затемнетоста и просветленоста; меѓу паднатата природа и Светата Тајна; меѓу номичноста и антиномичноста.             Ќе го истолкуваме малку антиномично:             Гледаме дека кога некој со ...

    Comments: 0   View more...

  • Кажи само збор

    Posted 2020-07-04 20:03:19 by: Сард

    Кажи само збор (04.07.2020 15:46) А кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него еден стотник и Го молеше говорејќи: „Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда“. Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам“. А стотникот одговори и рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави“ (Матеј 8, 5–8). Римскиот стотник вели дека не е достоен. Но, неговото смирение, во овој случај, е само изговор за да не Го заморува и за да Го заштити Христос. Тоа е љубов на дело. Знае дека Он оди, проповеда, исцелува од болести, зафатен е, и за да Го поштеди од дополнителен напор, едноставно Му вели: кажи само збор. Римскиот стотник е извонреден пример како треба да го заштитуваме нашиот духовен отец од непотребен труд, како да му оставиме време и сила да им помогне и на другите што страдаат. Човек треба да си го каже својот проблем накратко, но исто така, ако веќе верува во Бог, во силата на благословот на духовниот отец, треба тоа да го покаже и во можноста што ја остава за пристап до него и на другите што страдаат и имаат потреба. Дека има вистинска ...

    Comments: 0   View more...

  • Кој се гневи, без причина, на братот свој

    Posted 2020-07-04 04:00:10 by: Сард

    Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020 16:41) Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во Царството Небесно (Матеј 5, 20). Двапати, ние христијаните, влегуваме во Царството Небесно. Првпат, кога го откриваме местото на срцето, т.е. кога енергијата на нашиот ум се соединува молитвено со својата суштина во нашето духовно срце, т.е. кога го добиваме дарот на умно-срдечната молитва – затоа што Царството Небесно е внатре во нас (Лука 17, 21). И вторпат, кога се упокојуваме. Најсигурно е, уште во овој живот, да си го очистиме срцето свое од страстите, доволно за во него да се пројави благодатта Божја на Светото Крштение, а енергијата на умот, привлечена на тоа место, молитвено да се соедини со својата суштина и на тој начин да го обезбедиме нашиот конечен влез во него, однапред. Сте слушале дека им било речено на старите: „Не убивај! А кој убие, виновен е пред судот“. Јас, пак, ви велам дека секој што се гневи на братот свој без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече братот свој „празноглав“, ќе ...

    Comments: 0   View more...

  • Антиномичност

    Posted 2020-07-04 04:00:10 by: Сард

    Антиномичност (20.06.2020 15:47) Антиномичност е теолошки израз за света противречност. Антиномичност, за мене, е синоним за светост. Како инаку да говориме за светоста, во комплетно антиномична вера, освен противречно? Светоста, вообичаено, во својата поблиска и подалечна околина, и предизвикува противречности (контрoверзност). Антиномична е верата во еден Бог, со три Ипостаси и една суштина; вера во Отецот и Синот и Светиот Дух, ама во единство кое не се заснова на едната природа, туку, пред сѐ, на беспочетната Ипостас (Личност) на Отецот, од Кого се раѓа собеспочетниот Син и од Кого происходи собеспочетниот Дух. Антиномично е создавањето на духовниот и на материјалниот свет од ни од што претходно постоечко. Антиномична е верата во Единородниот Син Божји; Кој вонвремено се раѓа од Отецот, и без да го смени начинот на Своето постоење, во време, се роди од Пресвета Богородица и Секогашдева Марија. И вистински Бог и вистински Човек. Две природи – несоздадена и создадена, неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети во Личноста (Ипостаста) на Богочовекот Исус ...

    Comments: 0   View more...

  • Недела на сите Светии

    Posted 2020-07-04 04:00:10 by: Сард

    Недела на сите Светии (13.06.2020 15:45)   „И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец Небесен. А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец Небесен.“ „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.“ Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одиме: што ќе стане, пак, со нас?“ А Исус им рече: „Вистина ви велам, дека вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе им судите на дванаесетте Израилеви колена; и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен. И мнозина први ќе бидат последни, а последните први“ (Матеј 10, 32–33; 10, 37–38; 19, 27–30). Не знае човек што попрво да толкува од неделново евангелие. Најмногу, внатре, превладува темата ...

    Comments: 0   View more...

  • Дарот на Светиот Дух Господ

    Posted 2020-07-04 04:00:10 by: Сард

    Дарот на Светиот Дух Господ (06.06.2020 15:45) Го знаете сите евангелието за сејачот и семето. Знаете дека имаше зрна семе кои паднаа покрај патот, на камен и во трње, и кои не донесоа плод. И знаете дека имаше зрна семе кои паднаа на добра земја и дадоа добар плод: едни сто, други шеесет, а други триесет. И го знаете Христовото објаснување за зрната семе посеани на добра земја: „а посеаните зрна на добра земја се оние што го слушаат словото и го примаат и принесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто“. Тоа се оние луѓе кои смирено се подвизуваат и кои, во свое време, носат плодови, според вистинитите Христови ветувања. И тоа значи дека едните од нив го чистат своето срце од страстите, дека другите го просветлуваат својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва и дека третите се обожиле и станале синови Божји по благодат и миротворци. И претпоставувате дека секој еден од нас, што ги сее зрната од семето на побожноста, внимава на два момента. Првиот и најважен е зрната да не се расипани или празни, што зависи од тоа дали говориме вистина и дали ја живееме таа вистина. Ако не ...

    Comments: 0   View more...

  • Слово за фарисеите

    Posted 2020-07-03 16:01:08 by: Сард

    Слово за фарисеите (03.07.2020 11:54) Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивјето, а учениците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат. Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, учениците Твои прават што не треба да се прави во сабота“. А Он им рече: „Не сте ли читале што направи Давид, кога самиот тој огладне и оние што беа со него? Како влезе во домот Божји, ги изеде лебовите од жртвеникот, што не требаше да ги јаде ни тој, ниту оние што беа со него, а само свештениците. Или, не сте ли читале во Законот дека во саботен ден свештениците ја нарушуваат саботата и пак не се виновни? Но, Јас ви велам дека е тука Оној Кој е поголем од храмот; и, ако знаевте што значи: ’Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудите невините; зашто Синот Човечки е господар и на саботата“ (Матеј 12, 1–8). Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани. Некој кој го загрозува нивното славољубие и нивното високо мислење за самите нив. Тоа е комплексот на мува. Од целото цветно ...

    Comments: 0   View more...