БлогМК - Дигитал Аеропагус »

  • Тотален суверенитет

    Posted 2020-07-10 17:30:44 by: Сард

    Кому не му е јасно зошто „тоталниот суверенитет“ е неодржлив концепт во денешно време и кој мисли дека следењето на заедничките стандарди и одлуки претставува „мешање однадвор“ и „негирање на самостојноста“ – нека ги следи случувањата во Турција поврзани со самоволното поништување на одлуката од 1934 година со која Света Софија во Истанбул е прогласена ...

    Comments: 0   View more...

  • Прост народ (sic!)

    Posted 2020-06-18 21:03:52 by: Сард

    Правам муабет денес со еден мајстор, одговорен и чесен човек, со семејство и деца. Јас со заштитна маска цело време, тој без. „Која превара е ова со коронава што ја измислија…“, почна да ми прави муабет. Не му притивречев. Само се насмевнав (колку што можев со маската на лице) и брзо сменив тема. Размислувам и, ...

    Comments: 0   View more...

  • Преумувањето на туризмот

    Posted 2020-06-15 19:25:44 by: Сард

    Размислувам, можеби и нема да е лошо годинава да ја поминеме “туристичката сезона” дома. Тоа е убава можност да се свртиме кон себеси и да ја согледаме сопствената земја како туристичка дестинација, а не како земја од која за одмор треба да се излезе, земја со еден и единствен туристички центар. Неспорно, Охрид и езерото ...

    Comments: 0   View more...

  • Црните и белите мантили

    Posted 2020-05-02 11:53:24 by: Сард

    „Црните и белите мантили“ во минатото биле неразделни. Свештениците и лекарите не само што соработувале и взаемно се почитувале, туку многу често едни и исти личности биле свештеници и лекари истовремено. Изразот „чисто како во аптека“ во својата заборавена изворна форма гласи: „чисто како во Црква“. Но, што се случува сега? Зошто заедничката борба на ...

    Comments: 0   View more...

  • Подвигот на Страдалната седмица денес

    Posted 2020-04-15 22:10:58 by: Сард

    Еве го и третиот и последен празничен документарец снимен со д-р Исмет Кочан пред три години, посветен на Христовото Воскресение (Велигден). Нарацијата е на Сеад Мухиќ, а чудесните кадри пред вас се од камерата на мојот драг пријател од генерација од Орце Николов, Филип Јорданов. Го слушам моето кажување од документарецот и гледам колку нештата ...

    Comments: 0   View more...

  • Инфицирано општество

    Posted 2020-04-13 13:47:17 by: Сард

    Коронавирусот има една незгодна особина – го провоцира одбранбениот систем на организмот и предизвикува тој несразмерно силно да реагира. Така, наместо да го уништи вирусот, одбраната почнува да го оштетува здравото ткиво и, на тој начин, предизвикува последици поопасни и пофатални од самиот вирус. Имам впечаток опсасноста од аналогни процеси на општествен план е многу ...

    Comments: 0   View more...

  • Од Цветници до Педесетница

    Posted 2020-04-12 12:10:41 by: Сард

    На денешен ден Господ влезе во Ерусалим. Беше гужва. Гужва беше и кога го распнуваа. Првиот пат се слушаше „Осана…“ (Јован 12,13), потоа – „Распни го, распни…“ (Јован 19,6). По распетието, малкумината Негови ученици останаа собрани во еден ерусалимски дом. Далеку од гужвите, од нивната стихијност и непостојаност. Следниот период ретко излегуваа, освен за да ...

    Comments: 0   View more...

  • Рускиот патријарх Кирил за самоизолацијата како подвиг

    Posted 2020-03-31 12:02:11 by: Сард

    Беседа произнесена во храмот на Христа Спасителот во Москва на 29. март 2020. Превод: Трајче Јанков Оваа недела на Великиот пост е посветена на споменот на светиот Јован Лествичник, прекрасен игумен на Синајската гора. Таму до ден денес стои манастирот, возглавен од светиот преподобен Јован, со многу строга дисциплина. Мноштво подвижници излегувале од овој манастир ...

    Comments: 0   View more...

  • Од црна чума до коронавирус

    Posted 2020-03-29 07:09:04 by: Сард

    Интервју со проф. Георги Каприев за средновековните и современите пандемии за Дарик радио од 28.03.2020 К.В. Професоре, вие предавате за епохата на чумите. Средновековието е познато најмалку по две големи епидемии на чума – Јустинијановата чума, а потоа и црната смрт од 14. век. Дали сегашната пандемија Ви наликува на она што го предавате по ...

    Comments: 0   View more...

  • Православието, коронавирусот и теориите на заговор

    Posted 2020-03-20 09:16:50 by: Сард

    Обично гледам да не се контаминирам со секакви содржини што може да се најдат на социјалните мрежи, но кога луѓе ќе почнат тие содржини да ми ги споделуваат на мојот личен ФБ-профил должен сум – сакал несакал – да ги исчитам. И така, додека цел свет е во исчекување што поскоро да се произведе лек ...

    Comments: 0   View more...

  • Известување за заштитни мерки од COVID-19 (коронавирус) на Автокефалната православна црква на Албанија

    Posted 2020-03-19 20:50:46 by: Сард

    Следејќи ја новонастанатата ситуација, според која бројот на случаи со COVID-19 се зголемува, со чувство на одговороност и љубов кон нашето стадо повторно му се обраќаме на православното свештенство и на верните за некои дополнителни заштитни мерки: Православните цркви ќе останат отворени за лична молитва. Но, за да се избегне собирањето и да се ограничат ...

    Comments: 0   View more...

  • Руска православна Црква: Инструкции во врска со пандемијата COVID-19

    Posted 2020-03-18 16:36:12 by: Сард

    Инструкции кон претстојателите на парохиите и предворијата, игумените и игумениите на манастирите на Руската православна Црква во врска со опсаноста од распространување инфекцијата коронавирус Документ утврден од Светиот Синод од 17. март 2020 година Во името на пастирската грижа за луѓето, како и во одговор на барањата на санитарните власти, а задржувајќи цврста вера во ...

    Comments: 0   View more...