БлогМК - Маран Ата »

  • Дали треба да се брише лажичката после секој причесник – Патријарх Павле

    Posted 2020-03-29 12:29:55 by: Сард

    За време на причест, некои свештеници ја бришат лажичката после причестувањето на секој еден верник, додека поголемиот дел свештеници тоа не го прават. Првите сметаат дека е практично и претпазливо, додека други ја осудуваат ваквата постапка, сметајќи дека со тоа се внесува збунување меѓу верните, дека е знак на маловерсност, не е догматски итн. Со ...

    Comments: 0   View more...

  • ПОКАЈАНИЕ – Ден Втори, Втора Седмица

    Posted 2019-03-24 05:04:25 by: Сард

    Вo домoт на Мојот Отец има многу места за живеење Исполнет со радост, монахот Јоасаф се чудел како овие луѓе дошле на ова место и се прашувал на кого му припаѓа таа толку прекрасна градина со чудни дрвја и кои се нејзините жители. Додека размислувал за тоа, тој се сетил на евангелските зборови: Вo домoт ...

    Comments: 0   View more...

  • Дедо Добри (Добре Димитров Добрев) се претстави пред Господа

    Posted 2018-02-15 09:14:09 by: Сард

    На 13-ти февруари 2018 година пред Господа се претстави возљубениот од сите Добре Димитров Добрев (дедо Добри), соопштува Бугарската Патријаршија на нивната официјална веб страна. Тлените останки на дедо Добри истиот ден беа изложени за поклонение во црквата во селото Бајлово, кадешто се наоѓаше неговиот земен дом. Заупокоена литургија беше отслужена следниот ден, а неговото ...

    Comments: 0   View more...

  • СЕДМИЦА ВТОРА 

    Posted 2018-01-15 05:27:02 by: Сард

    ПОЧЕТОК Во следните седум дена, љубезна душа, наш водач на патот на покајанието ќе биде самиот свет великомаченик, Божјиот угодник, Георгиј. Ќе поминеме низ најсветли и чудни места, земни и небесни, ќе чуеме неискажани, прекрасни, спасителни зборови, кои даваат живот, живот вечен. И ако бидеме внимателни, ќе се вратиме од таму со големо богатство на ...

    Comments: 0   View more...

  • За душевниот мир – Св. Серафим Саровски

    Posted 2018-01-15 04:08:52 by: Сард

    Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска? ...

    Comments: 0   View more...

  • За безредниот живот на верниците и клирот – Св. Јован Кронштатски

    Posted 2017-12-23 09:11:25 by: Сард

    Колку е жално да гледаме дека на Господови празници непријателот го зема од христијаните својот данок, многу голем данок, и колку поголем е празникот, толку повисок данок плаќаат христијаните на непријателот, зашто, што гледаме за време на празниците? Полна суета, разузданост на плотта (телото), пијанство, разврат, тепачки, кражби, забава. Боже мој! Какво угодување на плотта! ...

    Comments: 0   View more...

  • Родители во пубертет – Архимандрит Андреј Конанос

    Posted 2017-12-01 09:53:29 by: Сард

    Едно дете ме праша: За што зборуваш во беседата? Мојата мајка те слуша, ѝ се допаѓа, но кога се враќа дома, повторно го прави истото! По патот наваму мислев и си велев: Ајде, оди да ги кажеш пак истите работи, пак да кажат: “Колку убаво, оче!” и пак да отидат дома и пак да го ...

    Comments: 0   View more...

  • Како да се бориме со осудувањето – Св. Теофан Затворник

    Posted 2017-12-01 04:14:44 by: Сард

    “Се вовлекувам во разговори и паѓам во гревот на осудувањето. Се трудам да не осудувам и злословам. Додека молчам – ништо, но штом проговорам, како некакво помрачување да ме спопаѓа. Додека се опоменам, веќе сум се назборувала и злословила и осудила.“ *** Се разбира, за тоа не следува да ве пофалам. Но, таа непохвала многу ...

    Comments: 0   View more...

  • Ден на покајание – НЕДЕЛА ПРВА

    Posted 2017-12-01 03:25:34 by: Сард

    Ден за похвала и прослава, ден за поклонение и благодарност   НА ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО Кондак 1 Поборнику Војводо, Господи на Небесата и земјата, победно-благодарствена песна Ти принесуваме ние, Твоите раби, на Тебе, Кој слезе во адот и ги воскресна сите со Себе, и празнувајќи го нашето избавување, радосно повикуваме: Христос воскресна од мртвите, со смрт смртта ...

    Comments: 0   View more...

  • За Бога – Св. Јован Кронштатски

    Posted 2017-12-01 02:20:19 by: Сард

    Твојот Господ е Љубов; сакај Го и во Него сакај ги сите луѓе како Негови чеда во Христа. Твојот Господ е Оган; не биди студен по срце, туку гори со вера и љубов. Твојот Господ е Светлина; не оди во мрак и не врши ништо во темнината на разумот, без расудување и разбирање или без ...

    Comments: 0   View more...