†Храм »

Објави од интернет страни на цркви и манастири.
  • Пак и пак - кон свети Јован Руски

    Posted 2021-06-14 16:32:38 by: Миле Миланоски

    09/06/2021 Патишта уморни нема - ноѕе отежнати да свлечкаат, - од очи уморот се зема, - кога Ти ме повика. Душа тело не прашува - надземно станува тоа, - вечност да го поткрепи - крила да добие мора, - кога Ти ме повика. Еве пак кон Тебе приоѓам, - веќе што добивам – - нема да нагаѓам, - само тоа треба да го умножам – - кога со други ќе го споделам. Од едно – десет, - од пет – пет илјади, - и така во недоглед - се умножува благодат која Ти ја подари. По Тебе тргнавме Вишни – - дојде да послужиш - не да Ти служат, - на секого од нас даде книшки - подарена љубов да запишат. Сега пак при Твоја врата итам - од извор на слуга Твој да се напијам, - душа да закрепнам - очи духовни да измијам. Под Твојот омофор да приведам - пријатели мили од далечина - тек тогаш да се одморам, - да ја подарам мојата наемнина. Низ време така да битисувам - со небо да се покривам, - од крај до крај да итам, - со Твојот здив да се хранам. Ноѕе да преклонувам - пред Светиот надумна, несфатена, - самотија да измивам, - во стадо Твое да се најдам. Од поезијата на сестринството на Манастирот Свети ...

    Comments: 0   View more...

  • Овој ден - на свети Атанасиј Велики

    Posted 2021-06-14 16:32:38 by: Миле Миланоски

    15/05/2021     Ноќ повторно наидува - во утро рано на мои очи, - ученик наместо да се надѕидува - дозволил нешто да го кочи. Прослава чесна Небесна, - за учител се одвива - ликува Небеса, торжествува, - Црквата воскликнува. А ученик немо поглед упатува - преку планини, горски езера, - до место на прослава, - до цела вселена. Радувај се, - Атанасие свети, - кој во свои прегратки нѐ прими ! Радувај се, - Бесмртно Име прослави - и за Него душа обручи ! Радувај се, - небесна вечна пофалбо - и земна конечна победо ! Радувај се, - Евангелска вистино - на Духот Свети саду осветен, - во служба Негова височино, - за крштението учител благодатен ! Во прегратки твои примени - од временски мени заштитени, - нахранети со скромност, издржливост, - напоени со нектар на благодарност. Одгледани со солзи растворени - испратени во борба отворена, - ти како штит се постави - помеѓу светот и душата положена. Прости, - прости на оние - кои немаат свечена одора, - се исполнивме со самоволие - од кое срцата ни се затруја. Затоа ничкум паѓајќи - пред твоја врата коленичиме, - ...

    Comments: 0   View more...

  • Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

    Posted 2021-06-14 16:32:38 by: Миле Миланоски

    12/05/2021 Дали е можна современост на подвигот? Расправата на темата ќе можеше да заврши овде, доколку интересот не ни беше пастирски и сотириолошки. Заради овој интерес треба да испитаме определени горливи прашања во врска со подвигот на современиот Христијанин. 1. За да ги придобиеме современите луѓе и особено младите, можеби треба да им понудиме едно лесно христијанство, лишено од аскетскиот карактер? Навистина аскетизмот е нешто непоимливо за современиот човек на кого што совеста му се има обликувано по дејство на безбожната култура во која што живее. Идеите на оваа култура се среќата, доброденствието, насладата, сексот, самодоволноста. Осетот за гревот исто така се има скоро изгубено. Грев не е веќе престапот на етичкиот закон, ами непрестапот, доколку се спречува човекот од него, апетитите негови да останат незадоволени. Ова го учи Фројд и на ова начело се темели фројдовската психоанализа и стилот на животот кој се обликува од него. Кога гревот е комплекс, од кој што треба некој да се поведува, каква смисла може да има подвигот и ...

    Comments: 0   View more...

  • ВЕЧЕРВА

    Posted 2021-06-14 16:32:38 by: Миле Миланоски

    02/05/2021 Ќе се собереме - од краиштата на сите времиња - погледи ќе си размениме - во вечер која утро ќе дочека. Заедно - опашани со ограда - во круг околу Чесна Трпеза - љубовно заробени од Света Литургија. Ајде, ајде повикани - браќа и сестри, ктитори - и сите вие од минато христијани - спомнати на сите четири страни - во молитви на ѕидови од Храмот испишани. Торжествено да си спомнеме - за молби осветени, исполнети – - сите Едно да сме - во овие Воскресни мигови. Небо отвори се, - Храму подигни се, - Огну Небесен посети нѐ, - во срца наши распали се. Мисла чиста - застанала на уста човечка, - виор од срце излегува на површина - се шири по цела вселена - Христос Воскресе !                        Од поезијата Манастирски води на сестринството на манастирот   ...

    Comments: 0   View more...

  • ВЕЛИКИ

    Posted 2021-06-14 16:32:38 by: Миле Миланоски

    Comments: 0   View more...

  • Како да влеземе во Божјата логика – VI дел

    Posted 2021-06-13 18:09:26 by: Сард

    Денес го славиме Св. Јован Милостив! Тој е Светител кој секогаш давал, но постојано бил во изобилие. Имаше еден свештеник во Камарица, можеби го знаете, отец Нектариј Виталис. Тој беше „мал човек“, никој и ништо. Во својот живот само даваше сѐ, и не зачува ништо за себе. Еднаш служев Света Литургија со него. Обично кога The post Како да влеземе во Божјата логика – VI дел first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

    Posted 2021-06-10 17:12:14 by: Сард

    Слово на Неговото Преосвештенство, Епископ Антаниски г. Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител, изговорено на празникот Вознесение Христово, за време на Светата Литургија во манастирскиот храм во с. Рајчица Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Го празнуваме, мили мои, со голема чест и торжество, великиот празник на Вознесението Господово. Од првата глава The post Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Воскресението е веќе реалност

    Posted 2021-06-09 15:53:31 by: Сард

    Во ова се состои оригиналноста на христијанството: тоа учи не само за бесмртноста на душата, како големите грчки филозофи, ниту за воскресението на мртвите на крајот од времињата, како што и евреите и муслиманите со право се надеваат, туку нашето воскресение во Христа веќе присутно тука и сега. Вечниот живот започнува овде на земјата: „Јас The post Воскресението е веќе реалност first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Христос, разрушител на лажните стереотипи

    Posted 2021-06-06 18:28:37 by: Сард

    Недела на слепородениот Јас сум светлината на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот Јован 8,12 Во денешната, шеста недела на Света Пасха, наречена Недела на слепородениот, Светата Црква определила да се чита настанот за чудесното исцеление на слепиот од раѓање, опишан во Евангелието според Јован, The post Христос, разрушител на лажните стереотипи first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Бог ги слуша оние кои се научиле себеси да слушаат

    Posted 2021-06-04 12:49:52 by: Сард

    Ние постојано бараме нешто од Бога, на еден или друг начин, во многу животни ситуации. Болните се молат за здравје, сиромашните да не огладнат до смрт, оние кои страдаат бараат среќа, грешниците молат за прошка. Но, нашите барања и молби не се секогаш исполнети, и така со одредена доза на негодување, незадоволство и огорченост, честопати The post Бог ги слуша оние кои се научиле себеси да слушаат first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Духовното раководство како служба на помирување меѓу човекот и Бог – III дел

    Posted 2021-05-30 19:03:49 by: Сард

    Достигнувајќи го преку покајание слегувањето до врвот на превртената пирамида, духовниот отец станува едно со Христос и учесник во Неговата состојба. За време на Hеговиот живот во тело, Христос „едновремено ја живееше полнотата – недостижна за нас – и на страдањето и на торжествената победа: и смртта и Божествената слава“. На ист начин, пак, слугата The post Духовното раководство како служба на помирување меѓу човекот и Бог – III дел first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Црква или смрт – Јеромонах Антипа Светогорец (ВИДЕО)

    Posted 2021-05-25 13:01:51 by: Сард

    Недостигот на црковна размисла е еден исклучително голем проблем со кој се соочуваме денес како Православни Христијани. Многу архиереи, свештеници, па дури и обични лаици, функционираат како единки, а не како дел од едното, единствено црковно тело. Секој од нив, стручен или не, го истакнува сопственото мислење за теми кои се отвораат, потполно игнорирајќи ги The post Црква или смрт – Јеромонах Антипа Светогорец (ВИДЕО) first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Христијаните како мисионери: заветот на Светите Браќа

    Posted 2021-05-24 20:28:19 by: Сард

    Слово на Неговото Преосвештенство, Епископ Антаниски г. Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител, изговорено на споменот на Светите Кирил и Методиј, на Светата Литургија во бигорскиот скит во с. Битуше посветен на нив, на 24 мај 2021 лето Спасителово Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Му благодариме, возљубени браќа и сестри, на The post Христијаните како мисионери: заветот на Светите Браќа first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Како да влеземе во Божјата логика – V дел

    Posted 2021-05-22 19:05:40 by: Сард

    Од разгледувањето на текстовите може да се види дека работите се поинакви од она на кое што сме навикнати во науката. Но јас ќе продолжам и ќе ви наведам и неколку научни примери. И во науката не е сѐ рационално и логично објаснето. Оние од вас кои имаат научна позадина добро го знаат ова. Има неколку The post Како да влеземе во Божјата логика – V дел first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Единството во Бога ‒ трајно единство

    Posted 2021-05-21 18:20:05 by: Сард

    Слово на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, на промоцијата на Прогласот од Константин Философ ‒ Св. Кирил, во Културно-информативниот центар ‒ Скопје, 20 мај 2021 лето Спасителово. Со тријазичното издание на Прогласот од свети Кирил Солунски, во издание на Друштвото на писателите на Словачка, во соработка со Словачката народна библиотека, која The post Единството во Бога ‒ трајно единство first appeared on † Бигорски ...

    Comments: 0   View more...

  • Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постела

    Posted 2021-05-19 11:51:49 by: Сард

    Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постела Од митрополит Нектариј од Арголида …Дозволете ми да завршам со инцидент кој ми беше раскажан во Одеса пред неколку години, кој е исто така објавен во книгата „Во вителот на светот што се менува– новите маченици од Бердјанск“: Одеса 2002. Офкањата на постар пациент се слушаат... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Каменот на Лазар

    Posted 2021-04-24 14:36:42 by: Сард

    Свештеник Јани Мулев Од нашата вера и односот со Бог зависи односот кон луѓето, кон животот и смртта, кон сѐ што нѐ опкружува. Колку сме подалеку од Бог, толку сите тие односи се ладни или искривени. Свештениците се пастири и богослужители и духовници и просветители. Во нивната пастирска служба често се соочуваат со луѓе кои... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Како да достигнам совршенство?

    Posted 2021-04-22 16:29:05 by: Сард

    Една девственичка отиде кај авва Памво и го праша? – Авво, јас постам многу, и јадам еднаш во седум денови. Правам и други подвизи. Го знам напамет Стариот и Новиот Завет. Што уште ми недостасува да направам, та да стигнам до совршенство? Мудриот старец ѝ рече: – Чедо мое, кога некој те пцуе, понижува, ти... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • За расудувањето – свети Нектариј Егински

    Posted 2021-04-13 18:26:38 by: Сард

    Ви препорачувам во сѐ да имате расудување и размислување. Да ги избегнувате крајностите. Строгоста треба да е според мерката на добродетелите. Оној кој нема големи добродетели, а се натпреварува со совршените, сакајќи да живее строго, како светите подвижници, таквиот е во опасност да се погордее и да падне (во грев). Затоа да чекорите со расудување... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Разлика помеѓу суштината и енергијата Божја

    Posted 2021-03-28 14:18:29 by: Сард

    Митрополит Гортински г. Јеремија Православната догматика говорејќи за Бога прави разлика помеѓу Суштината и Енергијата во Бога. Овој догмат е многу сериозен и во ова повторно се разликуваме од папистите, кои не ја прават оваа разлика во Бога. Тие Го прифаќаат Бога само како Суштина. Но Суштината Божја е несфатлива и невидлива. Тогаш, како Христос... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Како да се чувам од лошите помисли кои ми доаѓаат во умот?

    Posted 2021-03-24 18:28:32 by: Сард

    Одговор од отец Рафаил Нојка: Не можеш да се запазиш! Сето она што го нарекуваме заповеди Божји, сето она што ни изгледа тешко, не е просто тешко: туку е невозможно! Кога се чувствуваш безнадежен, кога доаѓаш до точката да речеш: „Ќе успеам ли и јас во тоа?“, твојата природа признава дека „тоа“ не е наше,... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Што е тоа петолебие

    Posted 2021-03-18 19:14:06 by: Сард

    Во текот на Великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло и пченица за благослов на семејството, градот и државата. Светите отци за Петолебието велат: „Овој, пак, благословен леб има разни дарови, ја прекинува температурата, кога се прима со вода, ја прогонува секоја ужасна слабост,... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Неразумно ревнување

    Posted 2021-01-21 16:58:01 by: Сард

    Јеромонах Јона Пафхузен (Авторот денес е Митрополит во Америка) Прекумерната надворешна побожност, лажното смирение, преокупираноста со озборување и со „горливи прашања“ од животот на Црквата, осудување на луѓето поради нивната побожност или став, потполна убеденост во тоа дека „единствено ние знаеме како треба да се прават работите“ и што е можеби најопасно од сѐ, идолатрија... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Верата која поместува планини

    Posted 2021-01-15 16:02:26 by: Сард

    Во јуни 2018 година во Грција се случи една сообраќајна несреќа и оваа вест го обиколи сиот свет, особено православните медиуми. Но, по што беше толку посебна оваа несреќа? Животот го изгуби Марија Хаџитанаси, 43-годишна мајка на 10 деца, од кои најголемото имаше 22 години, а најмалото само 2 месеци! Кога се рашири оваа вест,... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Болеста како дар во животот на св. Никифор Лепрозниот

    Posted 2021-01-04 15:36:32 by: Сард

    Пред неколку години (2012 год.), од страна на Цариградската патријаршија, преподобниот Никифор беше впишан во диптихот на светители на Светата православна црква. Токму 4 јануари е одреден за ден, во кој ќе се слави неговиот спомен. Но кој всушност е свети Никифор Лепрозниот? Преподобниот бил ученик на свети Антим Хиоски. Благодарение на неговата духовна поткрепа,... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...