
Posted
2021-01-21 05:04:05 by: Сард
Божикно обраќање на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
(06.01.2021 15:55)
На овој спасоносен ден, Ветениот Месија, за Кого пророците пророкувале и праведниците Го очекувале, Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се родил во времето, слегол од небото на земјата придружен со песни на ангелите, дочекан од пастирите и даруван од мудреците.
Денес Господ, заради нас луѓето, се понижил и го зел нашето тело, за да нè ослободи од ропството на гревот и смртта, за да ни дарува живот во вистината и радост која никој не може да ни ја одземе. Божјото човекољубие е причината што денес ликува сета вселена – славејќи го помирувањето меѓу Бога и човекот.
А Синот Божји, доаѓајќи во човечко тело, како Богочовек, потврди дека Бог ги љуби светот и човекот. Зашто каде е љубовта, таму е и самиот Бог – оти Бог е љубов. Нашево, пак, време, е време кога особено се испитува нашата вера. Животот постанува сѐ потежок и понеизвесен. Во светот секојдневно има сѐ повеќе човечки трагедии и страдања; сè повеќе царуваат самољубието, бесчувствителноста, жестокоста, лицемерието, зависта, ...
View more...
Login with a social network