Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии

Во согласност со член 149 од Законот за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 82 од 08.05.2018), чл. 208, Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба ( Сл. весник на РСМ 76, 24.3.2020), Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба ( Сл. весник на РСМ 116, 5.5.2020), став 1, алинеја 2 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил … Прочитај повеќе "Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии"

Во согласност со член 149 од Законот за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 82 од 08.05.2018), чл. 208, Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба ( Сл. весник на РСМ 76, 24.3.2020), Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба ( Сл. весник на РСМ 116, 5.5.2020), став 1, алинеја 2 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (Универзитетски гласник, бр. 425 од 28.6.2019), Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,  бр. 02-271/3 , донесена на 246. седница одржана на 20.2.2020 година, Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,  бр. 02 – 523/4, на 249. седница, одржана на 19.5.2020 година и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за давање согласност на конкурсите за запишување  на студии од втор циклус на јавните високообразовни установи бр. 44-6079/1 од 19.6.2020 г., (Сл. весник бр. 166 од 20.6.2020), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

 

К О Н К У Р С
за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2020/2021година

 

  1. Број на студенти 

На факултетите и институтите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на втор циклус студии во учебната 2020/2021година може да се запишат следниов број студенти: 

 

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ број на студенти траење во семестри цена на студирање 

(во евра)

ФАКУЛТЕТИ    
Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“

(ул. „Загрепска“ бр. 29)

20 2/4 1500/2000
теологија  10 2 1500
теологија  10 4 2000
едногодишни специјалистички студии по методологија на наставата по религиско образование 20 2 1500

 

  1. Право на конкурирање

 

Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве услови:

  • Да имаат завршено прв циклус студии на факултети, односно студиски програми од областа на хуманистичките науки (теологија, филозофија, историја, историја на уметност и археологија, филологија и книжевност, културолошки студии или музичка уметност). 
  • Одобрение за студии од надлежниот епархиски архиереј

 

 

  • Документи за пријавување и запишување 

 

 

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

 

    • пријавен лист за запишување; 
    • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение); 
    • куса биографија (CV); 
    • потврда за активно познавање странски јазик; 
    • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ;  Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
    • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви); 
    • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат); 

 

  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

 

 

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување

 

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  • индекс и пријавни листови  
  • две фотографии (3,5х4,5)

 

 

  • Рокови за пријавување и запишување 

 

 

 

  • За сите студиски програми

 

Прв рок Втор рок*
Пријавување на кандидатите 30 септември – 15 октомври 2020 1 февруари – 1 март 2021
Запишување на кандидатите 20-23 октомври 2020 3 – 5 март 2021

 

*Втор уписен рок ќе се спроведе на единиците, односно на студиските програми за кои не се пополнети конкурсните квоти и на кои постојат услови за отпочнување и изведување на наставата во летниот семестар.  

По реализацијата на првиот уписен рок, за непополнетите места на единиците, односно студиските програми, Универзитетот, на својата интернет страница, ќе објави број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2020/2021 година.

 

ЗАБЕЛЕШКИ:

 

 

  • Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.
  • На кандидатите им е дадена можност на факултетите/институтите со поголем број студиски програми, освен за првиот избор на студиската програма за којашто конкурираат, да можат да изберат уште една или повеќе студиски програми, односно да се определат и за втора, трета итн. студиска програма, доколку не успеат да бидат на ранг-листата на примени кандидати на првоизбраната студиска програма.
  • Детални информации за условите за запишување и студирање на секоја од објавените студиски програми, потребната документација, организацијата и временскиот распоред на студиите, заинтересираните кандидати може да ги добијат на соодветните факултети, односно научни институти – носители на студиските програми.

 

***

 

Конкурсот е објавен на интернет-страницата: 

http://www.ukim.edu.mк

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: