Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

„Вистинската ревност ја возљуби имајќи Го Христа како котва најсигурна, Неговиот лик ни го оставуи, пред да заминеш кај Него, за утеха, оче Константине и слава на Троица“ (хвалитна стихира на Утрена на св. Константин Кавасила).   На 31.10.2020 година, на денот кога го прославуваме споменот на св. ап. и евангелист Лука и на св. Константин Кавасила, во манастирот „Св. Наум Охридски“  во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен краток Парастос за покој на душата на упокениот Митрополит Црногорско-приморски Амфилохиј, а потоа Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

„Вистинската ревност ја возљуби имајќи Го Христа како котва најсигурна, Неговиот лик ни го оставуи, пред да заминеш кај Него, за утеха, оче Константине и слава на Троица“ (хвалитна стихира на Утрена на св. Константин Кавасила).

 

На 31.10.2020 година, на денот кога го прославуваме споменот на св. ап. и евангелист Лука и на св. Константин Кавасила, во манастирот „Св. Наум Охридски“  во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен краток Парастос за покој на душата на упокениот Митрополит Црногорско-приморски Амфилохиј, а потоа Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

 

Овој празничен октомврски ден беше надополнет и со собирот на свештенството од нашата Епархија, а по повод годишниот свештенички семинар, кој полека станува неизбежна традиција во нашата епархија. Предавач на овогодинешниот семинар беше протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, асистент по предметот Литургика на ПБФ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а темата беше „Верни да се помолиме за огласените“, тема што се однесува на делот на Литургијата на огласените. По успешното историско-литургиско произнесување на темата, се разви убава и плодородна дискусија, на која збор зедоа повеќе свештеници. Од името на Епархијата му благодариме на протоѓаконот Николче за успешната студија произнесена на овогодинешниот семинар, а се надеваме дека истата ќе предизвика интерес и за понатамошно истражување кај сите присутни. 

 

Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Како Божјо творение, човекот е круна и најсовршено битие од сѐ што е создадено. Тој е психофизичко разумно битие што значи дека е составен од тело и душа. Како такво Божјо создание, тој е должен да се грижи и за телото, а тоа подразбира да работи, да се труди и да создава. Во спротивно, доколку се препушти на мрзливост, ќе се доведе во просјачка состојба. Но, во таа грижа, не треба претерано да се оптоварува само со земните нешта, кои често пати знаат да го доведат човекот до душевно растројство, како што вели еден современ мислител. Подеднакво, човекот е должен во овој живот да се грижи и за душата. Голема мудрост е човек да не падне во некоја од овие крајности. Тој не треба да застрани со преголема грижа за земното, ниту, пак, треба да се грижи само за душата. Најдобро е да мисли за двете работи и да се грижи за нив, односно за сѐ што е потребно на овој свет, но и за душата и за вечниот живот. Да се најде вистинска мерка помеѓу овие две работи е задача на секој вистински христијанин. Треба да се направи сѐ што е потребно за одржување на рамнотежата, за грижа на човекот за своите два живота – во времето и во вечноста. Таа должност никого не го заобиколува. Но, за жал, на мнозина помеѓу нас ни се заканува опасност да паднеме во искушенија и да погрешиме на овој животен испит.


Нашиот Спасител Господ Исус Христос вели: „Пазете вашите срца да не се оддадат на... грижи за овој свет" (Лк. 21, 34). Преголемата грижа за земните работи му натежнува на човечкото срце, па човекот е во големо искушение да биде обземен од оваа опасност. Таа грижа всушност е опиум за реалниот живот. Преку целокупната човечка историја, оваа опасност им се заканувала на луѓето. Во нашето, пак, време оваа опасност е особено изразена. Луѓето особено се грижат што ќе јадат и што ќе пијат, каков ќе биде нивниот животен стандард, какво влијание ќе имаат во општеството, над што ќе владеат, каков имот ќе спечалат и сл. Оваа грижа оди сѐ подалеку, па луѓето ова го доживуваат со страв и стрес, кои ги доведуваат до разни опасности, болести, судири и сл. Овие нешта не биле во таква мера познати на постарите поколенија. За жал, ова не се случува само кај нас, туку во целиот свет.


Но, ние како христијани сме повикани да ја постигнеме токму таа рамнотежа помеѓу небесното и земното. Само така ќе покажеме дека сме вистински следбеници на словото Божјо. Во духовната литература се среќава еден пример за еден човек кој отишол на исповед кај својот духовник и му кажал дека многу се грижи и труди за своето семејство, за извршување на работните задачи, за својот имот и сл., па не му останува време да мисли за Црквата, за Бога и за душата. Духовникот на тоа му кажал дека многу греши. Му објаснил дека се труди и грижи за работи кои не се негови, туку Божји. „Остави ги Божјите работи на Бога и тогаш сѐ ќе ти биде полесно" – велел духовникот.


Но, од друга страна се среќава и спротивниот пример на една жена која останала вдовица со малечки деца. Како што е природно, таа била ожалостена и загрижена за својот опстанок и одгледување на своите малечки деца, па долго време поминала во плачење и неспиење, размислувајќи како да излезе од оваа тешка состојба. Таа, по некое време го зела Светото Писмо и ги прочитала зборовите на апостолот Петар: „смирете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне, кога ќе дојде времето. Сите ваши грижи оставете ги на Него, зашто Он се грижи за вас" (1 Петр. 5, 6-7). После овие зборови, жената се смирила, се успокоила и почнала да живее нормален живот, со што предизвикувала интерес кај луѓето, кои ја запрашувале како ги поднесува деновите на мака и грижа без својот сопруг. На ова, таа одговарала: „Јас се трудам да направам сѐ што можам, а за останатото се грижи Бог". Токму ваквото размислување е вистинско христијанско. Кога во нашиот живот се среќаваме со дилеми и проблеми треба токму вака да се препуштаме на Бога и да веруваме дека Тој е промислител за сѐ што е создадено во овој свет, а секако најмногу за она што се однесува на најсовршеното суштество кое го создал по Својот образ.


Денеска ги прославуваме двете големи светила на Црквата Христова. Првото е свети апостол и евангелист Лука кој го словел словото Божјо веднаш по Господа Христа. Второто светило е свети Константин Кавасила кој бил на архиепископската катедра во Охрид во XIII век и го проповедал словото на нашите предци. Живеел извонреден подвижнички и свет живот, па затоа светата Црква, само неколку години по неговото упокојување го вброила во редот на светите Божји угодници, а во 1295 г. неговиот лик најрано е насликан во храмот Света Богородица Перивлепта. Да се обратиме со искрена молитва кон свети Лука и свети Константин Кавасила. Тие да ја зацврстат нашата вера, па и ние одејќи по животниот пат, да направиме рамнотежа помеѓу небесното и земното и да измолиме милост од Бога за спасение и вечен живот на нашите души. Амин.


Свети ап. Лука и св. Константин Кавасила
Манастир „Свети Наум Охридски"
31.10.2020 год.

 

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: