Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Проданов, Делииванов и Шатев: „Македонското прашање произлезе од борбата на македонскиот народ за слобода и независност“

Божин Димитров Проданов (12. XII 1871 - ?) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. По професија бил учител и активен член на Организацијата во Егејскиот дел на Македонија. Во 1907 станал член на Околискиот комитет во Солун. По емигрирањето во Бугарија, во периодот меѓу двете светски војни, Проданов е активен меѓу македонската емиграција. Во јули 1945 година бил избран како советник во раководството на Илинденската организација во Софија и во тој период бил еден од најголемите поддржувачи на НР Македонија во рамките на ФНРЈ. Организацијата го исполнила ветувањето и посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени во Македонија.

satev

Божин Димитров Проданов (12. XII 1871 - ?) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. По професија бил учител и активен член на Организацијата во Егејскиот дел на Македонија. Во 1907 станал член на Околискиот комитет во Солун. По емигрирањето во Бугарија, во периодот меѓу двете светски војни, Проданов е активен меѓу македонската емиграција. Во јули 1945 година бил избран како советник во раководството на Илинденската организација во Софија и во тој период бил еден од најголемите поддржувачи на НР Македонија во рамките на ФНРЈ. Организацијата го исполнила ветувањето и посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени во Македонија.

Проданов е следбеник на Гоцевата идеја и пишува статии за македонската револуционерна борба. Тој се обраќа до бугарската и меѓународната јавност за решавање на македонското прашање. Во 1938 година Божин Проданов, Павел Шатев и Туше Деливанов се обраќаат до светската јавност за положбата на македонскиот народ и како треба да се реши македонското прашање, притоа воочувајќи дека по насилен пат Македонците се поделени без да бидат прашани дали сакаат да бидат во владение на оваа или онаа држава“.

Исто така, тројцата потписници Проданов, Делииванов и Шатев, во своето „Објаснување од македонската јавност до светското јавно мислење“ од 1 ноември 1938 година, бараатсоздавање на слободна и независна Македонија со подеднакви права за сите Македонци.

По повод настаните пред Втората светска војна, тргнувајќи од нотата на претседател на САД до завојуваните во светската војна од 22 јануар 1917 година, во која Вилсон вели дека „Светот може да успее во мир само ако неговиот живот е стабилен, но не може да постои стабилност таму каде вољата не се почитува, каде што нема спокојство на духот, ниту чуство за праведност, слобода и правда.“, како и Гоцевата „Јас го рабирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“, тројцата потписници во своето обраќање до светот меѓудругото ќе напишат:

„Развојот на настаните во текот на септември оваа година го фрлија светот и особено Европа во невозможни тензии и очекување на излез од противречностите меѓу народите. Сепак со време на тоа, народната воља силно дојде до израз за мир и мирно разрешување на неразрешените национални прашања, кои секогаш се истакнуваат како причина за војна.  Како резултат на тоа, Минхенската конференција ги лансира државниците на неколку големи сили, како кандидати за Нобелова награда за мир. Несомнено, задоволувајќи ги барањата на едните за сметка на другите го спасија мирот. Сепак, така спасениот мир денес ги тера народите одново загрижено да се прашуваат: навистина ли е спасен мирот? Дали е на здрави основи? Или имаме храбар обид – едно начело на ново распределување на светот за сметка на малите народи и држави?

Минхен донесе девинитивен крах на Версајскиот мировен систем. Македонците најмалку можат да жалат за Неј, кој беше изграден врз наза на насилие, без да ги прашаат народите сакаат или не да бидат владеени од една или друга држава.

Светот по Минхен продолжува да е растревожен и загрижен за својата судбина. И денес народите се пред дилемата мир или војна.  Национална правда за малите потиснати народи или национално потиснување.

Светската јавна мисла треба смело и отворено да проговори по тие судбоносни прашања, кои сериозно ја застрашуваат духовната и материјалната култура на човештвото и својата тежина да ја стават на вагата во полза на вистинскиот мир и национална правда, за каква македонскиот народ копнее и половина век се бори.

Македонската јавност одгледана и израсната со борбите на својот народ, расепкана од "миротворците" меѓу балканските народи Грција, Србија и Бугарија, е со разбунтувана свест за судбината која му ги одзеде и оние културни, просветни и духовни права, кои ги извојуваа за време на султанскиот режим.  

Новите владетели на Македонија ги гонат не само носителите на македонската идеја за национална, економска и политичка слобода на Македонија, туку и името Македонец,  па систематски се стремат да избришат полувековна национално-ослободителна историја на Македонија испреплетена со епични подвизи, херои и светци. Воспитувањето на младото македонско поколение во духот на последните и нивното почитување под каква и да е форма, се казнува како државно предавство од потисниците. Под притисок на тие жестоки и долни удари за уништување на еден народ и во врска со создаденат меѓународна положба, по површноста со која се испишува целата острина на националното прашање, македонската јавност смета за свој долг, за свое право во овој момент, како да го осветли јавното мислење на Балканот и светот по македонското прашање во неговата права светлина, така да си дозволува да потсети и да ја предупреди во светот здравата демократска јавност за нејзината историска одговорност во разрешувањето на тоа прашање.    

Македонското прашање произлезе од борбата на македонскиот народ за слобода и независност. Преставувањето од зантресираните кругови како државно прашање на таа или онаа балканска држава е правокација, со цел изместување на вистинската идеја, на која принципот е: Слободна и независна Македонија, со еднакви права на сите Македонци, без разлика на вера и народност – да ја крене против себе не само цариградската и султанската власт, но и официјалната политика на Белград, Атина и Софија. Идеја, бранета од македонскиот народ веќе половина век со организирана револуционерна борба, во која со својот прочуен идеализам даде илјадници македонски херои, на чело со својот Гоце Делчев. И ја запиша во историјата на народите, во нивната борба за национално ослободување, вољата на македонскиот народ по секоја цена да ја извојува слободата.

... Не еднаш големите сили интервенираа за негово разрешување со налагање на разни, но не ефикасни реформи над отоманската власт во Македонија. Тие големи сили сепак останаа глуви на неговите стремежи за државна самостојност. Не ги послушале и балканските влади во стремежот на Македонците за братско разбирање и сојуз меѓу балканските народи врз основа на почитување на слободата и независноста на секој балкански народ – вклучително и македонскиот.

Во одговор на тој стремеж на македонскиот народ, балканските влади систематски го минираа, со посредство на легална пропаганда за потикнување на националистичките и верски расправии и вооружени „револуционерни“ чети, со цел да се компромитира македонското единство и македонската револуционерна борба.

Македонскиот народ во борбата за ослободување пролеа не помалку крв од таа со турскиот апсулутизам и со балканскиот врховизам. Една од нај криминалните страници на балканската завојувачка политика над македонската ослободителна борба, над македонската кауза, беше Балканската војна, замислена за поделба на Македонија и спроведена под маската за „Ослободување на братот-роб“, Со неа во Букурешт Македонија беше фрлена од петвековно и султанско ропство во ново уште потешко ропство.

Светската војна, во која Вилсон го крена гласот за самоопределување на народите ја затекна Македонија наполно разнебитена, но не и откажана од својата света борба за слобода и независност. Но, при условите за мир „Признавањето на народносниот принцип и световното постоење на малите народи“ од 30 декември 1917 година на сојузничките сили, го охрабри, заедно со многу други национално-потиснати и македонскиот народ. Но пак измама. Ново разочарување. Надежда за самоопределување на народите испари од душата на македонскиот народ од Нејскиот договор, како капка падната во печка. Робството на Македонија одново беше санкционирано. Неј го потврди Букурешт.

Денес Македонија поднесува не само потешко национално асимилаторско ропство, а уште потешко и економско ропство, кое е сведено до целосна мизерија на народот. Тоа се должи прво, од една страна на расцепканата географска и економска целост, а од друга страна на специјалниот даночен, царински и акцизен систем  кој се спроведува во Македонија; и второ – главно на непостоење во неа на речиси никаква државна, стопанска, урбанизирана и културна политика од страна на владателите.

Пример: од македонското население (под српско околу еден милион) денешната југословенска власт зема една и пол милијарда динари само од монополот на тутунот, афионот и житото. А општ годишен приход од тоа население собира над два и половина милијарди динари – равни на една шест милионска држава.

... Даночниот и финансискиот систем, монополот, банкарството, колонизацијата, делови на жандармеријата и војската - целата администрација во Македонија се состоеше од дојденци, каде помалку, каде повеќе е човечки неподнослив товар на грбот на македонскиот народ. Таа експлоатација доведе до целосно разорување на Македонија во сите три нејзини дела. И како резултат на тоа денес македонските градови и села се со намалени жители и до 50 % и наликуваат на гробишта.

Светот бара правда и мир. Македонската јавност е убедена дека едното без другото не може и е во услуга на сите сили и на мирот и на правдата. Борејќи се за своја национална правда, таа е и за мир. И со оглед на тоа, потпирајќи се, како и секогаш на сите пријатели на мирот, дека ќе се наметне мирно разрешување на сите неразрешени национални прашања, со радост ја примаме и поддржуваме идејата на претседателот на САД г-дин Рузвелт за свикување на меѓународна конференција, на која ќе земат учество сите заинтересирани. Бидејќи при слична воља да се спаси крвта и страдањата на народите, таа би можела на базата на слободното самоопределување на народите, рационално да го рареши националното прашање.  

Сепак, сега кога светот е потресен од земјотресниот удар со колапсот на Парискиот мировен договор од 1919 / 1920 година, во кој принципот на самоопределување на народите не најде примена и се развиваат настани, заканувајќи се секој момент на мирот, со тенденции за ново прекројување на светот, опасноста македонското прашање да биде искористено од заинтересирани средини за конфликти, минирајќи го мирот и мирното разрешување на постоечките национални неправди, е голема.   

И за да не биде Балканот и светот исправен пред ново Судетско или Рутенско прашање, македонската јавност која е на својата позиција, во исчекување на настаните, излегува со сегашното  објаснување, врз основа на полувековна историска насионално-ослободителна борба на својот народ и на географската и економската целост на Македонија, апелира кон светската јавна мисла, кон сите заштитници на мирот и националната правда – да го поддржат македонскиот народ во неговата борба за: 1. Ставање крај на крајно неподносливата асимилаторска политика во Македонија, 2. .. Македонците и да се третираат како самостојна народносна единица....

.. Сето тоа ќе гарантира и ќе подготви понатамошен развој кон политичко и културно самоопределување на македонскиот народ; ќе овозмоши враќање на близу еден милион  македонска емиграција, рапрсната по светот, во татковината и ќе донесе мир, единство и спокојство на балканските народи, што ќе биде услов за нивното стопанство, културен и политички развој - услов за  нивното благотворно учество во изградувањето на светското стопанско и културна благосостојба.“

Проданов, Делииванов и Шатев на крајот од своето обраќање до светската ќе заклучат:

Македонскиот народ нема ништо против едно разбирање на балканските народи, со оглед на гарантирањето на нивната независност, но во никој случај нема да се помири, ако тоа се случува на сметка на Македонија. Издвојувањето на Македонија во нејзините природни граници како слободна и независна држава е единствена гаранција и здрава база за балканското единство против секоја политика на хегемонија и зовојувачки  претензии  на Балканот“   

Пораките кои ги испраќаат тројцата македонски револуционери пред Втората светска војна и денес се актуелни особено на Балканот, каде  македонското прашање е сеуште не затворено и каде повеќе балкански земји се најдоа на линија на огнот во борбата за сфери на влијанија меѓу истокот и западот.

Македонска нација

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: