Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

ВО ТВОЈАТА ПУСТИНА

10/09/2021

кон Свети Јован Претеча

 

Сину благодатен на вечноста,

трубо милозвучна покајничка

гласу кој благослов издаваш,

од Оној за Кого покров не припремивме

и затоа во срце наше некаде се скри.

 

Јоване кој на Агнецот покажа,

дару кој при престолот се принесе,

не спуштај рака пред грешна душа,

туку остави љубов да лебди

пред оној кој сака да послуша:

 

Подигнете ги порти горништата свои,

подигнете се вечни порти,

покајание принеси душо обременета

и врати се во место од искона,

на сега закитена вечност неминлива,

припремете место за Царот на славата.

 

Не планини, туку и полиња

да бидат цветни оздравени души ваши,

Јоване, ти, почетна благодарност

Јоване, тишино тивка

кој совеста ја привлекува

и на радоста не и дава да одминува.

 

Пред мене да те гледам

ти кој Патот го позна,

зад мене да те видам

како ме испраќаш кон небеса,

но постојано во ум да те имам

мисла да не згаснува,

камен на камен нека се расточува

но, послушание по послушание

да не завршува.

Од стихозбирката Манастирски води на сестринството
од Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: