Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Известување

Врз основа на уредбата на Владата  од 22 мај 2020 година (бр. 44-4414/1), со која е утврден Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи на Министерството за образование, Наставно-научниот совет на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, на својата редовна седница одржана на 2 јуни 2020 година донесе ОДЛУКА за начинот на изведување на испитите во јунската  сесија во 2020 година Јунската испитна сесија ќе започне на 15.06.2020, а ќе трае до 31.07.2020. Заради заштита на јавното здравје, здравјето … Прочитај повеќе "Известување"

Врз основа на уредбата на Владата  од 22 мај 2020 година (бр. 44-4414/1), со која е утврден Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи на Министерството за образование, Наставно-научниот совет на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, на својата редовна седница одржана на 2 јуни 2020 година донесе

ОДЛУКА

за начинот на изведување на испитите во јунската  сесија во 2020 година

Јунската испитна сесија ќе започне на 15.06.2020, а ќе трае до 31.07.2020.

Заради заштита на јавното здравје, здравјето на студентите и нивните најблиски, како и здравјето на вработените и ангажираните лица на факултетот, а имајќи предвид дека студентските домови не се отворени и јавниот превоз е ограничен и несигурен, Наставно-научниот совет донесе одлука, покрај вообичаениот начин на изведување испити да овозможи и далечинско полагање на испитите во јунската испитна сесија преку електронски средства за комуникација.

Можноста за двоен начин на полагање на испитите ја донесува секоја катедра посебно, што значи дека, сепак, за определени предмети ќе се претпочита физичкото присуство на студентот на испитот. Во ваков случај, ако студентот не е во можност да дојде на Факултетот, се дава можност за електронско полагање во договор со предметниот професор.

Испитите на Факултет се реализираат далечински преку електронскиот систем на факултетот доколку ги исполнуваат условите од член 4 од Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи  за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19. Условите за далечинско полагање за студентите опфаќаат компјутер со интернет врска, инсталиран софтвер, камера или мобилен телефон.

При физичкото доаѓање на студентот треба да ги почитува протоколите од Владата за постапување на високообразовните установи при изведување на испит во време на коронавирус кризата (носење заштитни средства и други инструкции според протоколите кои ќе бидат дополнително објавени). 

Студентите го пријавуваат испитот на адреса junskasesija@gmail.com во периодот од 02 до 14 јуни 2020 година. Покрај основните податоци, при пријавувањето на испитот секој студент доставува мејл и број за контакт, како и начинот на полагање (таму каде што се има избор и за далечинско полагање).

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: