Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Надградувањето на знаењето во областа на верските, литургиските и доктринарните учења е должност на секој еден член на Црквата Христова, но тоа особено важи за духовните водачи на верниот народ - свештенството. Затоа и нашата Дебарско-кичевска епархија, со благослов на нашиот Високопреосвештен Митрополит Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, се труди барем еднаш годишно да организира свештенички семинар, на кои свештениците ќе го дополнат своето знаење во вистините на верата. Како и претходните години, така и оваа, свештенството од нашата Епархија се собра во едно од нашите многубројни светилишта, а оваа година тоа беше манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Кнежино, Кичево. Настанот започна на 06.09.2021 година, кога во вечерните часови беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. Утредента, на 07.09.2021 година, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Горан Ставрески и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски.

Потоа, во прекрасната Кнежинска трпезарија беше организиран и свештеничкиот семинар, на кој оваа година имавме двајца предавачи. Најпрво се обрати д-р Александар Атанасов, професор во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, кој говореше за делото на блаженоупокоениот Архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј и улогата на Комисијата за верски прашања во возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. На втората, историско-литургиска тема, говореше свештеникот Александар Димоски, кој даде кус историски осврт и поттикна размислување за тоа дали свештенството треба трипати да пие од Евхаристиската Чаша. Двете теми пробудија голем интерес кај свештенството, и се отвори и кратка дискусија. Од името на Епархијата и Митрополитот Тимотеј, најпрво им се заблагодаруваме за одвоеното време и трудот на двајцата предавачи, како и на сите свештениците кои дојдоа на семинарот и кои во позитивна атмосфера дискутираа на двете теми.  

Original Link...

Tags: None
0 comments
Report        

Read On: