Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Започна меѓународниот саем на книгата

Од денес, 8.9.2021 до 14.9.2021 година, пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржува Меѓународниот саем на книгата. На него традиционално, веќе едно десетлетие, учествува Македонската Православна Црква. Годинава на нашиот штанд своите издавачки дејности ќе ги претстават: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија. Ги повикуваме сите љубители на книгата да го […]

Од денес, 8.9.2021 до 14.9.2021 година, пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржува Меѓународниот саем на книгата. На него традиционално, веќе едно десетлетие, учествува Македонската Православна Црква. Годинава на нашиот штанд своите издавачки дејности ќе ги претстават: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија. Ги повикуваме сите љубители на книгата да го посетат нашиот штанд и да се запознаат со околу 200 наслови од писменото сокровиште на Православието.

 Напоменуваме дека Саемот се одржува во согласност со пропишаните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, што значи дека влезот е дозволен само за оние љубители на словото кои имаат сертификат за примена вакцина или сведоштво за прележан ковид-19 во последните 45 дена.

 

Работното време на саемот е: 

8.9.2021- 11.9.2021 – 10:00 – 21:00 часот

12.9.2021- 13.9.2021 – 10:00 – 20:00 часот

14.9.2021 – 10:00 – 17:00 часот

 

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: