Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Втор конкурс за прием на ученици во МПБ

На 29.06.2021 г. (вторник), во просториите на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ – Драчево, Скопје, со почеток во 9 […]

На 29.06.2021 г. (вторник), во просториите на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ – Драчево, Скопје, со почеток во 9 часот, ќе се одржи вториот уписен рок за прием на нови ученици.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– Да завршиле основно образование;

– Да имаат основно познавање од Православието;

– Да се телесно и душевно здрави;

– Да не се постари од 18 години;

– Да не се женети;

Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и испит по пеење.

Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од V до IX одделение.

Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни.

Кандидатите треба да ги приложат следниве документи:

– Свидетелство за Свето Крштение;

– Свидетелства од V до IX одделение;

– Благослов од надлежниот архијереј;

– Уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за свештенички чин;

– Лекарска потврда;

– Писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во Богословијата и обрска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци, доколку кандидатот не е стипендист.

За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на Богословијата, најдоцна до денот на полагањето на приемниот испит.

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: