Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

„Творецот на сите и Господар на вселената, Кој е горе со Отецот и Духот, во осмиот ден се обрезува на земјата како дете. Навистина се божествени и чудни делата Твои, Господи, зашто заради нас се обреза, како Исполнител на законот“ (седален на Утрена на Обрезание на Господ Исус Христос).    На 14.01.2020 година, на празникот Обрезание на Господ Исус Христос и на споменот на св. Василиј Велики, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебен на Нова Година, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј им подели на присутните дечиња по едно новогодишно пакетче.

„Творецот на сите и Господар на вселената, Кој е горе со Отецот и Духот, во осмиот ден се обрезува на земјата како дете. Навистина се божествени и чудни делата Твои, Господи, зашто заради нас се обреза, како Исполнител на законот“ (седален на Утрена на Обрезание на Господ Исус Христос). 

 

На 14.01.2020 година, на празникот Обрезание на Господ Исус Христос и на споменот на св. Василиј Велики, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебен на Нова Година, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј им подели на присутните дечиња по едно новогодишно пакетче.

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Ние денеска прославуваме три праз-ника. Поточно ги прославуваме Обрезанието на нашиот Господ Исус Христос, потоа Новата година и свети Василиј Велики.


Да кажеме неколку збора за Обрезанието на Господа Исуса Христа. Синот Божји дојде на земјава во полно смирение. Неговата пренепорочна Мајка, света Дева Марија Го роди во Витлеемската пештера, со што се посведочи Неговото смирение. Тој дојде од полнотата на божествениот живот. Сето тоа го направи за да го изврши спасението на родот човечки, да ги ослободи од гревот и да им го врати достоинството на синовите Божји. Така величествено може да се смири само Најсовршениот. Обичниот човек и при најголемо смирение не може да го постигне Исусовото совршенство на смирението, дури и доколку ја постави како цел оваа човечка добродетел. Човековото достигнување не може да се спореди со Божествената суштина. Во смирение Господ Христос го поминал целокупниот Негов живот на Земјата, а со смирение ги примил дури и распнувањето и смртта. (Иса. 53, 7)


Величието на Исусовото смирение е израз на неговата Божествена полнота, како што вели свети апостол Павле за Христа: „Во Него телесно живее сета полнота на Божеството. " (Кол. 2, 9) Но, кога се исполнија осумте дена од Неговото раѓање, чудниот младенец, според јудејскиот обичај беше обрезан и Му го дадоа името Исус претскажано од ангелот. Неговиот живот продолжил во смирение и послушност пред волјата Божја. Исус растел со благодат и мудрост од Бога. Во духовниот божествен растеж, Исус бил човек иако во сѐ ги надминувал законите на човечкото битисување. За Неговата мудрост ние знаеме од Евангелието. Знаеме дека кога имал само дванаесет години, Тој во Ерусалимскиот храм ги зачудил сите со големото познавање на старозаветните закони и прописи на Писмото. Од Неговото знаење биле запрепастени учителите и познавачите на Законот. Така Исус Христос при полно смирение израснал до недостижен врв на мудроста, која како светлина проникнува до отворените срца и до незатворените патишта на луѓето и народите за да ги осветли со мудрост, неопходна за луѓето, за нивниот овоземен живот и за нивната вечна судбина.


Преку верата во Исуса Христа ние ја примивме таа светлина на мудроста и силата на Божествениот почеток за да ја победиме сопствената немоќ и нашата ограниченост. Преку верата во Него ние биваме исполнети со Неговиот божествен живот, како што вели апостолот Павле: „И вие да имате полнота во Него" (Кол. 2, 10).


Денеска исто така навлегуваме во новата 2020 година. За верните христијани тоа значи дека влегуваме во духовно и благодатно општење со родениот од пресветата Дева Марија – Синот Божји, за да биде секогаш во нашиот духовен живот. Така, животот на секој човек постанува ново поле за обновување и секоја нова година треба да ни биде мотив за нови подеми. Затоа потребно е секогаш да се трудиме да бидеме во општење со Бога, за и ние да бидеме исполнети со Неговиот живот.


Исто така, денеска го прославуваме и свети Василиј Велики – големиот учител на светата Црква. Овој Божји угодник го знаеме како писател на монашки правила и на неговата света Литургија која ја служиме десет пати во годината.


Сите кои денес се наоѓаме во овој свет храм да испросиме духовна полнота преку Господа Исуса Христа, за да се засилуваме во љубовта, како кон блиските, така и кон далечните, па цело време да се смируваме и уподобуваме на Божјите угодници. Од Изворот на животот – Исуса Христса, да примиме духовни сили за духовен растеж и обновување на животот. Амин.


Обрезание Господово и св. Василиј Велики
Храм „Пресвета Богородица – Каменско" Охрид
14.01.2020 год.

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: