Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

„Атанасие, славен украсу на светителите, столбу на Светлината и тврдино на Црквата, бранителу на (Света) Троица, златна трубо на богословието, познат законописателу на монашко житие, со нас празнуваш, свештениците усовршувајќи ги и верните луѓе приведувајќи ги кон Христа во вековите“ (песна од канонот на Утрена на пренос на моштите на св. Атанасиј Велики).   На 15.05.2019 година, на празникот Пренос на моштите на св. Атанасијн Велики, во ман. „Св. Атанасиј Велики“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое се задржа на животот и делата на светиот Атанасиј, како и неговото значење во одбраната на вистината.

„Атанасие, славен украсу на светителите, столбу на Светлината и тврдино на Црквата, бранителу на (Света) Троица, златна трубо на богословието, познат законописателу на монашко житие, со нас празнуваш, свештениците усовршувајќи ги и верните луѓе приведувајќи ги кон Христа во вековите“ (песна од канонот на Утрена на пренос на моштите на св. Атанасиј Велики).

 

На 15.05.2019 година, на празникот Пренос на моштите на св. Атанасијн Велики, во ман. „Св. Атанасиј Велики“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое се задржа на животот и делата на светиот Атанасиј, како и неговото значење во одбраната на вистината.

 

 

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: