Соборноста како темелно начело за црковно управување

  • Православната Црква кога соборно слободно со сигурност е водена од Светиот Дух и донесува исправни одлуки за тоа која е Божјата волја и како се исполнува. Црквата како заедница на верници со поуките од Светиот Дух ги утврдува правилата на христијанското живеење на заедничките собори на верниците. Новите собори кои треба да бидат продолжение на одлуките од оние претходните. Поединечните одлуки на еден човек или одделна група на луѓе се дело на тие луѓе независно од црковните чинови. Како такви можат да бидат исправни и погрешни. Но Соборната Црква како заедница на сите верници водена од Светиот Дух не може да греши. Таму каде што е нарушена соборноста таму превладува поединечното човечкото. Затоа најсилно треба да се критикува папскиот систем како кај римокатолиците, каде е даден примат на црковната хиеархија, а е поништена волјата на црковната заедница. Исто така треба да се одбраниме од внесување на папско однесување кај православните епископи, спротивно на канонските правила. Затоа што се попречува црковното соборно одлучување и сите одлуки ги превземаат највисоките свештенички чинови и се добива внатрешен православен папски систем на управување.
    Ревносниот православен христијанин треба да ја брани Црквата со тоа што храбро ќе го брани заедничкиот црковен став наспроти оној на поединци независно од висината на нивната свештеничка позиција.

    Матеј
    18:20 Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив.”

    Св. Патријарх Тихон за односот на Претстојателот и свештениците кон народот:

    „По учењето на Православната Црква, чуварот на чистотата на Верата и Отечкото Предание не е само поглаварот на Црквата и црковната ерархија во својата севкупност, туку, следствено и верниот Народ, на кого исто така му припаѓаат извесни права и глас во црковните работи. Претстојателот на посебната Православна Црква и Патријархот Серуски всушост не е - римски папа, кој се користи со неограничена и безмерна власт. Тој не може тирански да управува со Божјиот народ, не барајќи ја неговата согласност или не сметајќи на неговата верска свест, со неговите верувања, обичаи и навики. Историјата покажува дека дури и во случај кога Претстојателот на Црквата, кој ја спроведува оваа или онаа реформа, во суштина е во право, но наидува на противење од народот, па прибегне кон сила наместо да делува на него со зборови на пастирско советување, тој станува виновник за немирите и раздорите во Црквата“.