Судирот на Верата и хуманизмот

  • Бидејќи Верата учи за Бог, Кој е единствениот кој е Добар, Кој е единствениот кој е Љубов, тогаш учењето преку Верата во Бог е единственото учење (Богоспознанието, Богословијата, Веронауката) кое навистина може да учи за љубовта, добродетелноста, човекољубието (хуманоста).

    Доколку има љубов надвор од Верата тогаш има некој кој е добар, кој има љубов, кој самиот има светост, надвор од Бог и таквиот би се рамнел со Бог. Бог станува непотребен.
    Љубовта произлегува од Верувањето во Бог. Христијанска Вера за првпат ги научила луѓето на вистинската љубов. Верата е повеќе мисловно-разумски одраз на Вистината - Бог, љубовта е повеќе духовно-доживувачки одраз на Светоста - Бог.

    Никој независно колку „добри“ работи да стори не може да знае дали ги сторил заради сопствената љубов и добрина или заради сопствената суета и себепрославување. Зависно во кој правец го заснова срцето, човек од тој извор каде што му лежи срцето ги црпи своите „добри“ дела. Треба срцето да ни биде насочено кон нешто навистина добро за поттикот (мотивацијата) да ни биде добар и за делото да ни биде добро. Бидејќи не постои ништо совршено освен Бог, само делата поттикнати од-заради Бог се сторени со совршена причина и единствени дела со добри последици. Надвор од Бог никој не може да избега од сопствената суета, независно што и да стори. Сѐ што правиме, независно колку „добро“ да изгледа тоа го правиме заради себевеличење и суетност. Секоја наша постапка погледнато на поголема далечина независно од привидната „добра намера“ предизвикува штетни последици. Не го подобрува светот, туку го влошува.
    Но колку повеќе постапките ја намалуваат поттикнатоста од било што од овој свет, а ја зголемуваат поттикнатоста заради Бог во таа мера тие навистина стануваат дела на љубовта.


    Рушењето на вредностите се оправдува со „хуманизам“, „слобода“, „љубов“. Тоа е историски стариот вообичаен „модернизам“ преку кој лукавоста на општественото ништоверие го подредува Бог во умовите на слабите. Тоа е световна лукавост која прикриено се пробива во умот, повеќе на неверникот, а со која се бори и умот на верникот кога неосетно во мислите Бог се подредува на општеството наместо општеството да му се подредува на Бог. Ако навистина има љубов, слобода и хуманост надвор од Верата тогаш тие кои тоа го тврдат нека кажат во што се состои таа љубов, која е нејзината цел, нека дадат одредница (дефинираат) каде лежи изворот на таа љубов, каде престојува и нека ги кажат патиштата (начелата) како се стигнува до љубовта.
    Но вака оправдувајќи распуштеност во името на љубов, слобода и хуманост, кои се без цел, без начела и рамки, кога хаосот на сопствените душевни желби го нарекуваат љубов само создаваат беззакон се поострастен свет